Фан Клуб: Интер

а Ачерби изигра историски добра текма,
За Ачерби ќе кажам само : се Милан што очекуваше од него, цела сезона а особено вчера го покажа во целосен прајм.
Кој кур се тие 100 милионски преценети дефанзивци во тоа фармерската премиер лига што некој си Халанд од уште послабо германско првенство ги прави мајмуни и во деби сезона им брца 30+ гола како од шала ?
Епа Ачерби за 90 мин на залез на кариера им покажа како се игра против " роботот " што неможеа 19 екипи да го запрат.
Секоја чест за него особено заради враќањето на високо ниво после излекуваниот канцер.
 
И јас тоа сакав да го спомнам...Брозович и Ачерби вчера држеа лекции по фудбал..од поставување, игра без топка, дуели, стартови...издоминираа на теренот...другите играа со осцилации освен Чаканоглу кој беше генерално лош за негови стандарди и најлош фудбалер на Интер.

Покрај докторската партија на Ачерби морав да го спомнам Брозо...сува класа е синката, се виде вчера во неколку наврати го стопи Гундоган каде му зеде неколку дуели со ред и тоа со чисто одземање на топката...стручна изиграна партија.

На другите а и посебно на Инзаги нема што да му се замери...максимум извлекоја од капацитетот и играа рамноправен натпревар со мултимилионскиот Сити кој 7 години ја градат екипата со играчи платени над 50 милиони фунти во просек, а нашите банка немааат дадено.

Инзаги колку и да го плукаме вчера го прочита Сити..многу безопасни делуваа и добри инструкции му даде на играчите, се гледаше дека Интер е организирана екипа и такви сакам да ги гледам секој натпревар...е сега конзистентноста е проблем со Инзаги на клупа и истрошениот играчки кадар каде не е за маратонски натпревари...и затоа Скудето со него е многу тешко, па би рекол носи го Конте пак да летаат шамари на прес конференциите и да ги исплука сите до еден кога ќе изгубиме..од Барела, до женаму на Жанг
 
На крај ова е делумно успешна сезона.
Освоивме куп и Супер куп, но не успеавме она што беше примарна цел - Серија а. Успех е и финалето ЛШ, но кога нема трофеј, нема долго да се памти.

Многу важно е што тимот веќе има победнички менталитет.
Сега на потег се и газдите, или да го одврзат кесето или да го продадат тимот.

Онана, Дармиан, Ачерби, Бастони, Демфриз? , Димарко, Броз, Барела, Чалханоглу, Лукаку и Лаутаро
+Ханда, Михтаријан, ДеФрај, Беланова и Госенс.
Аслани да се прати на позајмица.

Најдобро сценарио е да заминат останатите, продажба на Демфриз и враќање на Хакими.
СМС среден ред.
Во напад би одел на опција искуство плус млад талент. Пример Фирмино/Обамејанг плус млад играч.
Одбрана може опција како Ачерби.

Реално е да бараме засилувања, барем еднаш нека ја олеснат работата на Марота.
Продажба на Демфриз и 50тина милиони евра ќе ја завршат работата. Со Марота нема да бидат потребни ни толку...
 


– Отсекогаш мислев дека победата значи слава, а губењето неуспех. Но, овие неколку години ме научивте дека има и нешто повеќе. Има гордост и пред се љубов која ни ја покажавте на овој пат. Нашата соблекувална е составена од мажи кои максимално работеа да го вратат Интер онаму кадешто заслужува, можам да ве уверам дека пролеавме крв, пот и солзи за дресот.

– Имаше победи, кои ни даваа многу позитивни чувства и истите ќе ги носиме во себе засекогаш. На крајот имаше и пораз, горчлив и тежок за поднесување, но инспиративен на свој начин за да направиме нешто поголемо во иднина. Поради сето ова, сребрениот медал ќе го чувам блиску до мене, заедно со сите победи. Нема да го сокријам во некој агол. Ви благодарам на сите за ова патување, – порача Николо Барела.
 
Рамос аут, Меси аут, Хакими наводно сака да си иде, Мбапе побарал трансфер, ако му дојдат арапите на Нејмар може и него да го снема, тренер немаат. Шкринијар моментално....
 
Ако можат да го соберат Хакими, одма да го направат тоа, макар било и со исплата на милион рати.
 
Според Кориере Жанг му соопштил на Инзаги дека трансферите треба да се самофинансирани од заштеда на плати и продажба.

Лапај си Фк Позајмица и бесплатни агенти. Онана некако ми е најблизу да биде жртвено јагне, иако мене Дамфриз ми е прв на листа за отстрел, поготово ако има промил шанса да го вратат Хакими, макар на позајмица.
 
И да соберевме 500 милиона од лш годинава пак оризариве евро немаше да уложат.
Да ти се мочам у среќата Интер што заврши кај вакви умрени копита!
А и на оној Морати све најмило да му изнаебам што си фати работа со жути јадачи на скакулци попут Тохир!
Хрк пу!

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
И да соберевме 500 милиона од лш годинава пак оризариве евро немаше да уложат.
Да ти се мочам у среќата Интер што заврши кај вакви умрени копита!
А и на оној Морати све најмило да му изнаебам што си фати работа со жути јадачи на скакулци попут Тохир!
Хрк пу!

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Не е само до Кинезите еве и у Милан американецов иста политика води, и ние ќе сме зимале фри агенти и буџетот да се полни од продажби :icon_lol:

Крвопијци.
 
Нема љубов, само пара. Како за Милан така и за Интер така и за сите останати. Идејата е да бидат екипи како Арсенал кој секогаш ќе бидат у топ4 заради ЛШ премиите, ќе купуваат играч за потоа најмалце х3, х4 да го продадат, ако е бесплатен или младинска школа још боље. Па за среќа на тоа што немаме арапи и руси во лигава со истурени вреќи пари ќе имаат шанса клубовите и за титула.
Инаку влог за да се гради династија што ќе освојува серија титули како апашите по 9-10 , нема шанси. Само самоодржување на 3-4 позиција, па ако се посреќи може и титула.
Погледнете го однесувањето и на амеров и на кинезов после освоените титули во Серија А, и погледнте го кај Сити, Челзи, Њукасал, ПСЖ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom