Марли
Tci
- Член од
- 30 јануари 2008
- Мислења
- 14.031
- Поени од реакции
- 23.689
Не сакав да пишувам пред меч за да не бидам цитиран од дежурните гомнојадци
Ништо не е решено, не смееме никако да се опуштиме

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не сакав да пишувам пред меч за да не бидам цитиран од дежурните гомнојадци
Ништо не е решено, не смееме никако да се опуштиме
Бенфика има точно 0 шанси да направи пресврт на Сан Сиро. 0. Поголем проблем ќе биде Инзаги што нема да знае како да ги изменаџира натпреварите во Серија А каде што секој следен Кикс може да е фатален.Ништо не е решено, не смееме никако да се опуштиме и да глумиме дека сме во 1/2 финале. Али пред тоа не очекува тешка рововска битка со големата Монца на Меаца каде ќе одиграме мирољубиви 1-1.
За жал тој Push up кај играчите увек доаѓа од тренерот, во некоја фудбалска/спортска утопија играчите под дифолт секогаш мотивирано ќе излагаа на терен без разлика на противник ама во реалноста за жал работите не функционираат баш така.
Еве конкретно Лукаку, Виери пред некој ден вика дека не можеш да го кривиш играчот што е у вакво стање, туку тие што го тренираат, и збореше од негова перспектива ко фудбалер. Ти доаѓа прв пат у тим, пред 3-4 години, го глеаш у какво стање е, од прв ден креираш тренинг програма и начин на исхрана кој ќе му помогне, епилогот сите знаеме каков беше, Лукаку беше едена од подобрите 9ки на светско ниво тој период, ко од шала влагаше во топ 5 напаѓачи во тој момент и 2 години по ред држеше константно високо ниво на фудбал.
Сега ти доаѓа пак у лошо стање, и ментално и физички, ти година дена уште не можеш да издејствуваш да може да издржи 90 мин на терен, а е профил на играч кој според Виери секоја текма скоро треба да ја игра од почеток до крај, и да биде менуван само кога натпреварите веќе ќе се решени. Ако еднаш успеало тоа. ќе успее уште еднаш, ама сеа Интер нема прав пристап со него.
Демек Лукаку не е свесен на што е сеа, а на што бил во истиов овој тим, свесен е дека е тродупло послаб од пред 2 години, ама со фудбалериве така е увек, ги третираш ко мали деца у спротивно се ко куче пуштено од ланец, сами од себе нит ќе се мотивираат како екипа нит па физички ќе бидат супер спремни под дифолт да гризаат цела текма без проблем. У спротивно, тренерската позиција и немаше да има големо значење, вака све тоа ти доаѓа од тренерот и оние кои се негови соработници, дали е мотивација дали е физичка спремност и слично.
Конкретно за мотивација, истиот проблем и со Спалети го имавме, не сите тренери се и добри мотиватори и обично таквите и ретко имаат успеси во фудбалот, односно константност во добрите резултати иако имаат добри фудбалски филозофии и размислувања, инцидентни сезони им се дешаваат еднаш до 2 пати у кариера и тоа е тоа, ко Спалети што конечно прв пат у кариера ќе освои сеа голем трофеј. Реално тоа е една од најбитните карактеристики на еден тренер, 2010 една од причините зашто освоивме све беше и таа, играчите беа спремни да умрат за Мурџо таа година, за да после им дојде Рафа па општо им се умираше и не им се живееше више на истите оние кои го покорија светот неколку месеци претходно.
Ама пак ќе кажам, Инзаги имаше 100 прилики да го крене тимов оваа сезона, ова од вчера му е 100 и прва, се извади и добар резултат со Барса гости, се победи Наполи кои прв пат изгубија оваа сезона, се тепаше Милан и куп и Лига, се елиминираше Порто од ЛШ, и никако тоа да му е ветер у грб, еве му нова прилика не само да ни ја спаси колку толку сезонава ама и да си го спаси тренерското место. Ова ако не го искористиш немаш што поише да бараш у ваков тим, некад една прилика ќе ти се укаже и тоа е тоа, овој 200 има и ова му е последен воз за било што големо у кариера.
Муабетот за Лукаку на Виери е баш тој ти што го викаш, на ништо не личи на терен, и тоа го спомна, ради лошото физичко стање има проблеми и со прием, има проблеми и со самодоверба и тоа големи, Виери баш збореше од перспектива на човек што го осетил тоа ко фудбалер. Муабетот негов беше дека година дена го имаш а ништо не е сменето кај него, лесно е да се префрли цела вина на самиот играч ама не смее да се занемарат тие што цела година го тренираат а ништо не промениле кај него односно ништо не издејствувале, ко што претходно било случај во неговиот прв престој тука.Абе глеј, да му биле Мартинез, Инзаги и Конте единствените тренери на Лукаку во кариерата па да праиме муабет за него конкретно.
Во Манчестер кај двајца не се наметна, Инзаги сега му е крив а и во Челзи кај Тухел се покака иако беше да речеме единствена деветка во тимот со оглед на тоа дека Вернер беше префрлен на крило по доаѓањето на Ромелу, ако не се лажам.
Ако за Лукаку треба да биде специјален тренерот за он да игра како што може тогаш нека си се закачи до Конте како привезок и каде он, таму и тој.
Што сака нека кака Виери, не му е крив Инзаги. Му даде шанса со Сампдорија прва постава, топката се одбиваше од него. Болоња, Специја, Фиорентина, Салернитана - исти случај. Значи упорно го форсираше него иако не беше најпаметниот избор, цела игра се базираше на тоа да се најде Лукаку во шеснаесетник и овој да не беа пеналите ќе останеше на тоа голчено мизерно од прво коло со Лече. Апсолутно се посра сезонава.
Факт е дека тренер со 10+ порази не заслужува да биде тренер и наредна сезона иако во ЛШ е комплетно друга приказна. Три натпревари во нокаут фазата нема примено гол а играше со Ачерби (замената за Ранокија) и Дармијан.
Но, ако Интер стигне до финале во ЛШ и по некоја случајност освои, дали тогаш тој ќе биде главниот за успехот или сепак играчите сами се мотивирале?
Секако и финале во ЛШ е огромен успех за тимов и со тоа би бил еден од поуспешните тренери во историјата, без разлика како стигнал до таму.
П.С. Читав пред некој ден твитови од еден профил каде се тврди дека Инзаги уште по натпреварот со Емполи побарал спогодбено раскинување на договорот ама Жанг се противел. Не знам колку се веродостојни информацииве но од овој профил се има објавено на 6ти март за дилот кој Интер го објави на 23ти со таа некоја компанија, не ми текнува името сега.
Еве ти линк ако те занима, нема премногу твитови па така можеш многу лесно да прочиташ се што досега објавил - InteristaC1961 (@C1961Interista) / Twitter