Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
26 јануари 2019
Мислења
3.634
Поени од реакции
5.628
Ништо не е решено, не смееме никако да се опуштиме и да глумиме дека сме во 1/2 финале. Али пред тоа не очекува тешка рововска битка со големата Монца на Меаца каде ќе одиграме мирољубиви 1-1.
Бенфика има точно 0 шанси да направи пресврт на Сан Сиро. 0. Поголем проблем ќе биде Инзаги што нема да знае како да ги изменаџира натпреварите во Серија А каде што секој следен Кикс може да е фатален.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.794
Hasn’t won a game since March in the Serie A just so that Benfica would underestimate Inter and get dunked on in the greatest UCL run in the history of the competition. Strategic Mastermind. Tactical Genius. Cerebral Assassin. SIMONE INZAGHI.


:D :D :D
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.985
Поени од реакции
23.969
За жал тој Push up кај играчите увек доаѓа од тренерот, во некоја фудбалска/спортска утопија играчите под дифолт секогаш мотивирано ќе излагаа на терен без разлика на противник ама во реалноста за жал работите не функционираат баш така.

Еве конкретно Лукаку, Виери пред некој ден вика дека не можеш да го кривиш играчот што е у вакво стање, туку тие што го тренираат, и збореше од негова перспектива ко фудбалер. Ти доаѓа прв пат у тим, пред 3-4 години, го глеаш у какво стање е, од прв ден креираш тренинг програма и начин на исхрана кој ќе му помогне, епилогот сите знаеме каков беше, Лукаку беше едена од подобрите 9ки на светско ниво тој период, ко од шала влагаше во топ 5 напаѓачи во тој момент и 2 години по ред држеше константно високо ниво на фудбал.

Сега ти доаѓа пак у лошо стање, и ментално и физички, ти година дена уште не можеш да издејствуваш да може да издржи 90 мин на терен, а е профил на играч кој според Виери секоја текма скоро треба да ја игра од почеток до крај, и да биде менуван само кога натпреварите веќе ќе се решени. Ако еднаш успеало тоа. ќе успее уште еднаш, ама сеа Интер нема прав пристап со него.

Демек Лукаку не е свесен на што е сеа, а на што бил во истиов овој тим, свесен е дека е тродупло послаб од пред 2 години, ама со фудбалериве така е увек, ги третираш ко мали деца у спротивно се ко куче пуштено од ланец, сами од себе нит ќе се мотивираат како екипа нит па физички ќе бидат супер спремни под дифолт да гризаат цела текма без проблем. У спротивно, тренерската позиција и немаше да има големо значење, вака све тоа ти доаѓа од тренерот и оние кои се негови соработници, дали е мотивација дали е физичка спремност и слично.

Конкретно за мотивација, истиот проблем и со Спалети го имавме, не сите тренери се и добри мотиватори и обично таквите и ретко имаат успеси во фудбалот, односно константност во добрите резултати иако имаат добри фудбалски филозофии и размислувања, инцидентни сезони им се дешаваат еднаш до 2 пати у кариера и тоа е тоа, ко Спалети што конечно прв пат у кариера ќе освои сеа голем трофеј. Реално тоа е една од најбитните карактеристики на еден тренер, 2010 една од причините зашто освоивме све беше и таа, играчите беа спремни да умрат за Мурџо таа година, за да после им дојде Рафа па општо им се умираше и не им се живееше више на истите оние кои го покорија светот неколку месеци претходно.

Ама пак ќе кажам, Инзаги имаше 100 прилики да го крене тимов оваа сезона, ова од вчера му е 100 и прва, се извади и добар резултат со Барса гости, се победи Наполи кои прв пат изгубија оваа сезона, се тепаше Милан и куп и Лига, се елиминираше Порто од ЛШ, и никако тоа да му е ветер у грб, еве му нова прилика не само да ни ја спаси колку толку сезонава ама и да си го спаси тренерското место. Ова ако не го искористиш немаш што поише да бараш у ваков тим, некад една прилика ќе ти се укаже и тоа е тоа, овој 200 има и ова му е последен воз за било што големо у кариера.
Абе глеј, да му биле Мартинез, Инзаги и Конте единствените тренери на Лукаку во кариерата па да праиме муабет за него конкретно.
Во Манчестер кај двајца не се наметна, Инзаги сега му е крив а и во Челзи кај Тухел се покака иако беше да речеме единствена деветка во тимот со оглед на тоа дека Вернер беше префрлен на крило по доаѓањето на Ромелу, ако не се лажам.
Ако за Лукаку треба да биде специјален тренерот за он да игра како што може тогаш нека си се закачи до Конте како привезок и каде он, таму и тој.
Што сака нека кака Виери, не му е крив Инзаги. Му даде шанса со Сампдорија прва постава, топката се одбиваше од него. Болоња, Специја, Фиорентина, Салернитана - исти случај. Значи упорно го форсираше него иако не беше најпаметниот избор, цела игра се базираше на тоа да се најде Лукаку во шеснаесетник и овој да не беа пеналите ќе останеше на тоа голчено мизерно од прво коло со Лече. Апсолутно се посра сезонава.

Факт е дека тренер со 10+ порази не заслужува да биде тренер и наредна сезона иако во ЛШ е комплетно друга приказна. Три натпревари во нокаут фазата нема примено гол а играше со Ачерби (замената за Ранокија) и Дармијан.
Но, ако Интер стигне до финале во ЛШ и по некоја случајност освои, дали тогаш тој ќе биде главниот за успехот или сепак играчите сами се мотивирале? :)
Секако и финале во ЛШ е огромен успех за тимов и со тоа би бил еден од поуспешните тренери во историјата, без разлика како стигнал до таму.

П.С. Читав пред некој ден твитови од еден профил каде се тврди дека Инзаги уште по натпреварот со Емполи побарал спогодбено раскинување на договорот ама Жанг се противел. Не знам колку се веродостојни информацииве но од овој профил се има објавено на 6ти март за дилот кој Интер го објави на 23ти со таа некоја компанија, не ми текнува името сега.
Еве ти линк ако те занима, нема премногу твитови па така можеш многу лесно да прочиташ се што досега објавил - InteristaC1961 (@C1961Interista) / Twitter
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.331
Поени од реакции
46.984
Абе глеј, да му биле Мартинез, Инзаги и Конте единствените тренери на Лукаку во кариерата па да праиме муабет за него конкретно.
Во Манчестер кај двајца не се наметна, Инзаги сега му е крив а и во Челзи кај Тухел се покака иако беше да речеме единствена деветка во тимот со оглед на тоа дека Вернер беше префрлен на крило по доаѓањето на Ромелу, ако не се лажам.
Ако за Лукаку треба да биде специјален тренерот за он да игра како што може тогаш нека си се закачи до Конте како привезок и каде он, таму и тој.
Што сака нека кака Виери, не му е крив Инзаги. Му даде шанса со Сампдорија прва постава, топката се одбиваше од него. Болоња, Специја, Фиорентина, Салернитана - исти случај. Значи упорно го форсираше него иако не беше најпаметниот избор, цела игра се базираше на тоа да се најде Лукаку во шеснаесетник и овој да не беа пеналите ќе останеше на тоа голчено мизерно од прво коло со Лече. Апсолутно се посра сезонава.

Факт е дека тренер со 10+ порази не заслужува да биде тренер и наредна сезона иако во ЛШ е комплетно друга приказна. Три натпревари во нокаут фазата нема примено гол а играше со Ачерби (замената за Ранокија) и Дармијан.
Но, ако Интер стигне до финале во ЛШ и по некоја случајност освои, дали тогаш тој ќе биде главниот за успехот или сепак играчите сами се мотивирале? :)
Секако и финале во ЛШ е огромен успех за тимов и со тоа би бил еден од поуспешните тренери во историјата, без разлика како стигнал до таму.

П.С. Читав пред некој ден твитови од еден профил каде се тврди дека Инзаги уште по натпреварот со Емполи побарал спогодбено раскинување на договорот ама Жанг се противел. Не знам колку се веродостојни информацииве но од овој профил се има објавено на 6ти март за дилот кој Интер го објави на 23ти со таа некоја компанија, не ми текнува името сега.
Еве ти линк ако те занима, нема премногу твитови па така можеш многу лесно да прочиташ се што досега објавил - InteristaC1961 (@C1961Interista) / Twitter
Муабетот за Лукаку на Виери е баш тој ти што го викаш, на ништо не личи на терен, и тоа го спомна, ради лошото физичко стање има проблеми и со прием, има проблеми и со самодоверба и тоа големи, Виери баш збореше од перспектива на човек што го осетил тоа ко фудбалер. Муабетот негов беше дека година дена го имаш а ништо не е сменето кај него, лесно е да се префрли цела вина на самиот играч ама не смее да се занемарат тие што цела година го тренираат а ништо не промениле кај него односно ништо не издејствувале, ко што претходно било случај во неговиот прв престој тука.

Друга работа, Лукаку е земен после низа процени на управата и тренерот, знаеа што носат да не се правиме сега наудрени, знаеа во каква состојба им доаѓа, а со неговото носење го изгубија Дибала, не знам и за Бремер јер Лукаку доста го оптеретува буџетот за плати кај нас моментално. Така да знаеа што носат многу добро, и знаеа што точно треба да се прави со него од претходното искуство со истиот играч, а тоа нешто сезонава се прави јалово зашто Лукаку реално е вон форма од прв ден до ден денешен тука.

Проценката сеа за сеа им е лоша на сите, зашто мислам дека ако го имавме Дибала тука а и уште еден играч плус дали одбрана или средина, колку толку подобри резултати ке имавме ама сеа тоа веќе е што би било кога би било муабет. Ја уште се крстам у Лукаку, он е клучна карика за нешто поголемо сезонава, дури и ваков умрен каков што е пак е мета на фокус на противничките одбрани и полесно играат тие околу него, така да бар за некој макар и минорен степен да ја подигне формата, тоа ќе се осети апла кај нас у моментов.

Што се однесува за ЛШ, нема сигурно да се занемари импактот на тренерот тука ама пак останува дилемата дури и со освојување на ЛШ дали Инзаги е правото решение за тим ко Интер, и за ова сум сериозен нарочито гледајќи ја очајната статистика во лига, инцидентни освојувања на титули имало во минатото, Рафа Бенитез, Ди Матео со Челзи, Аврам Грант финале со Челзи и 1 пенал што го делеше до титула и тн и тн, а ко тренери реално овие беа далеку од идеална опција и сите на крај беа избркани. Факт е дека ни се отвори пат до финале ако се земат во предвид противниците, овој играчки кадар на Интер со сите може/ше да се носи на тој пат до Турција, и сега за сега доставуваат. Ако освои секако Инзаги ќе биде тука и следната сезона макар завршил и 6ти во лига, дали тоа мене ми одговара или не небитно, нема шанса да си оди во таква ситуација никој не ти мења тренер после таков успех.

Ама да не праиме сеа некој jinx, прво следна фаза да идеме па ако ни се насмевне среќата и финале да играме, моментално ова ни е секако sci fi сценарио зашто и у евентуално финале ќе ни дојде монструм од екипа, и играчки и тренерски и кој и да дојде од наша половина таму пред меч ќе е тотален аутсајдер кладилничарски гледано.

A за ова дека си поднел оставка мислам дека е вон секоја логика, не верувам у ова најискрено, да беше некое големо тренерско име после лоши резултати ок можно е вака за него без поента би било, што би постигнал со тоа кога и сам е свесен кои би можеле да се неговите следни дестинации, башка и целите на тимот за оваа сезона тој период барем после Емполи беа лесно оставрливи, а тоа е главно топ 4 и да се догура до некоја подоцна фаза у ЛШ.

п.с. Финале играње и пораз, не го сметам за успешна сезона, зашто си пишал дека тоа би го направило еден од најуспешните тренери во историјата ??, да, ако освоевме Скудето во меѓувреме, вака не верувам дека некој тоа би го третирал како успех или па би бил среќен, нарочито па ако следна година не играме во ЛШ. Добар резултат би било, али толку, ништо за мавање у груди, далеку од ставање на Инзаги ко еден од најуспешни тренери у историја на Интер, ова навредливо би било за тие што веќе се таму.
 
Последно уредено:

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.685
Поени од реакции
7.364
Нека догураат некако до финале во Лш па таму што ќе даде господ. Очигледно е дека лигава ќе ја баталат, буквално ништо не играат.
Догодина ќе се задоволиме со лига европа или конферецинска лига.
Мислам дека и на мистерот му е јасно дека ќе лета на крај од сезона, таков кадар му дадоа, што на лице му се познаваше.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.331
Поени од реакции
46.984
Инзаги пред утакмицава ги откажал пресовите пред меч, и за Интер ТВ истото важело, наводно љут што се шпекулира све повеќе и повеќе дека ќе го сменат.

Од една страна неубаво од управата што не го штити, I'll give him that, ама па од друга што друго да очекува после ваква срамна најблаго кажано сезона во Италија? Ко од вчера да е во спортов па чудно е тоа, па нарочито со нас, сите негови претходници што биле избркани историски гледано за многу поблаги работи биле ногирани од клубов, исполнети условите за отказ му се уште пред 2-3 недели.

Пак доаѓаме на тоа што го пишав после Бенфика, пак му се отвара простор да се спаси, 100 и први пат сезона, дури и Милан не победи денес, и он губи од МОНЦА дома, за проклета шанса се мачат пред 70 000 луѓе и не даваат гол. Друже, иди освои ЛШ и замини си од клубов со стил :ROFLMAO: , не те бива едноставно и никој не ти е крив за овој колапс со оглед дека целта беше топ 4, типов иде накај 7мо место со моменталнава форма и конференциска лига, моментално поголеми шанси за ЛШ имаме преку освојување на ЛШ отколку преку домашното првенство, така му доаѓа.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.331
Поени од реакции
46.984
Прв пат у историја губиме дома 3 по ред и притоа не даваме гол

 
Член од
18 март 2022
Мислења
322
Поени од реакции
1.119
The terrifying numbers of Inter strikers:

Lautaro hasn't scored since 5 March
Dzeko hasn't scored since January 18
Correa hasn't scored since 29 October
Lukaku hasn't scored from play in the league since matchday one
 

Kajgana Shop

На врв Bottom