Искрено не сум до толку незадоволен од вчерашниот резултат, нормално со оглед на повредите и битноста на мечот со Барселона во вторник. Факт е дека промашивме неколку 100% шанси, али исто така факт е дека не блескавме на теренот и дека се мачевме во поголемиот дел од мечот со креирањето акции. На крај ако приметивте, последните 15 минути, Де Фрај и Шкриниар урлаа према везњаците зашо не доаѓаат да земат и да изнесат топка. А и кој да дојде, Весино што има техника во минус или Валеро кој не може да влече напред, едноставно нема снага и не е таков тип на играч. Затоа се многу битни Барела и Сенси, првиов зашто трча по 30 километри на утакмица, вториот пошо има можност да повлече контра и полуконтра и плус има одлична техника и визија за играта.
Сега Барса мора да се победи, иако нели има опции и со нерешено и пораз да одиме понатака, али зошто да се надеваме на резултатот од другиот меч кога можеме сами да ја решиме судбината. Ова ќе биде меч каде добро ќе се види од каков калибар се играчите, колку се ментално јаки и нормално колку Конте како тренер е квалитетен и ги спремил играчите за така битен меч.
Да напоменам само за вчерашниот меч дека Конте ептен ме изнервира со третата измена, во ситуација кога бркаш победа да ми го ставаш Дамбо умрениот, па да му ебам мајката не иде бе да ти ебам тоа Контето.