Па, никогаш не можеш да бидеш сигурен колку човек е разумен, се додека животните ситуации не му го тестираат разумот. Јас очекував некој минимален стандард на рационалност од Икарди, што секој возрасен човек го има, ама очигледно типов има ментални капацитети на 14 годишно дете.
Да бараш почит, а се понашаш како вечен тинејџер и не се појавуваш да си ја вршиш работата за која си платен, е ново ниво на глупавост. Џабе се зборови кога типот очигледно воопшто нема развиено концепт за професионално работно место. Според постов изгледа како да верува дека сите овие години играл за клубот од почит и љубов и клубот му е должен за тоа, без разлика на платите што ги добивал низ годините, и дека клубот и навивачите и сите поврзани со Интер имаат долг кон него, за тоа што им ја овозможил привилегијата да гледаат како ја развива професионалната кариера кај нив.
Изгледа мисли дека он е клубот, или некоја друга делузија е во прашање. Како и да е, со вакви постови за внимание и официјално влага во војна со цел менаџмент, top to bottom, во некаков патетичен обид да им се додвори за навивачите или не знам што. Дури и да верува дека Спалети, Аусило, Марота работат против интересите на Интер, тие се таму по одлука на сопствениците на клубот. Со тоа практично тврди дека, или сопствениците не знаат да носат одлуки во својот интерес, или дека работат против својот интерес, односно против интересот на Интер.

Ако уште некој верува дека проблемот не е до него, нека ми каже една компанија во било која индустирја или професија, која ќе го толерира ова. Еве, тргнете од своето работно место, да им отидете на сопствениците и да им кажете дека не знаат или не сакаат да работат во интересот на својата компанија, и дека нема да работите се додека не ве слуша вас и не ви ја даде почитта што за заслужувате, што ќе се случи?
Можеби и непотребно многу хејт доби Ванда, зошто очигледно ова се работи што доаѓаат од неговата глава. Меѓутоа, затоа и фудбалските играчи најмуваат професионални агенти, за да има некој кој носи разумни одлуки за него. Не можеш да очекуваш дека ликови кои едвај знаат да си ги врзат врвците, ќе се снаоѓаат без проблем во професионален бизнис свет.
За жал, најверојатно, веќе е отиден од Интер, можеби и ја изигра последната утакмица за клубот. Ќе беше подобро за клубот да имаше созреан возрасен човек од другата страна, па без овие драми на лето да си заминеше во клубови каде е платен колку што бара, како што 99% од играчите и прават, кога веќе преговорите со Интер не одат никаде. Али во случајов се испосра на својата пазарна вредноста и индиректно го оштети клубот, што наводно толку многу го сака.
Сега ќе видиме на лето што ќе искочи.
Фантастичен напаѓач али и несозреан морон во исто време, за жал.