Каква вечичина е Мауро




Каков само зип зап испи Мусачо, прво му тргна нанапред демек ќе оди и оп наназад, овој не знаеше во кој универзум се наоѓа.

Ете што значи да се има во тимот таков играч, играч што знае да реши утакмица кога не оди. Ок, не е Икарди тип на играч ко Хазард, Меси и компанија, да земе да издрибла пет души и да рокне од 20 метра гол, ама знае да се постави во секоја ебана ситуација, едноставно порњава од играч.
Брозовиќ ја изигра најлошата утакмица во историјата, катаљон грешки направи. Азамоа криминал, 2 пати контра им отвори на Милан и среќа што дечките се ретардирани и врска немаат од фудбал иначе многу лесно можеше да го јадеме. Шкринијар и Де Фрај чиста 10-ка, ебење од тандем се дечките. Шиме исто изигра одлично, ќе го биде братот.
Дај Перишиќ нека паузира 900 месеци, не можам веќе да го гледам како се влече по теренот. Од јануари навака со исклучок на светското првенство е тежок криминал од играч, да му ебам тоа ужасната фаца.
Многу битна победа, се одлепуваме и од Милан и од Рома и се надевам дека нема тука да ни запре серијата победи. Во среда против Барса која е без Меси, нека излезат растеретени, не е страшно ако се загуби тој меч, сепак на Камп Ноу играме а таму ретко губат сељаците.