Фан Клуб: Интер

Тажно е ова што го прави Кандрева... да му е тренер некој ко Чоло, има на сред игра да му влезе на терен и да го крене на клоци.

И ете, уште си трчка низ терен, а моронот на клупа што го имаме нема абер да го извади.
 
Тажно е ова што го прави Кандрева... да му е тренер некој ко Чоло, има на сред игра да му влезе на терен и да го крене на клоци.

И ете, уште си трчка низ терен, а моронот на клупа што го имаме нема абер да го извади.

Мислам толку му беше. Ги испука сите џокери. Одма го стана Перишич.
 
Мартинез изгледа е спремен само за 60мин макс. Инаку ако успеав да приметам добро, беше и повреден, последните 20мин ги изигра со болки, но се гледа дека е класа, ќе го биде малиот, ако не кај нас, сигурно тоа ќе биде на друго место.

Кандрева незнам што кур им прави на тренерите, летово беше пред трансфер како непотребен играч, сега изигра 70мин, и беше стартер последните 2-3 натпревари, чудо невидено.
 
Одлична партија се на се. Се изигра доста стабилно во одбрана, се контролираше средината и се градеа акции. Борха и Наиголан :bravobe:.

Ефикасноста на напаѓачите сезонава е загрижувачка, али Кандрева билда статистика тука. Денес беше срамно колку ноншалантно шутна сам пред голман. Па у 6то одделение кога игравме на физичко ми беше побитно да дадам гол него ли на него денес.

Лаутаро на моменти и себичен, но на 2-0 и може да си дозволи да проба сам, разбирливо е. Сака да се наметне детето, одличен трансфер.

Најбитно од се, одморија голем дел од играчите кои го носеа теретот претходните натпревари и се доби Каљари без многу потење. Идеме на ПСВ.
 
Играта на незадоволително ниво,но и Каљари не беше ништо посебно иако во минатото знаеја да ни ги поматат сметките со однапред испланирани три бода,среќа пак вечерва не беше така.

Не беа воопшто опасни во нападот Каљари,па и оваа игра ќе помине,но загрижува фактот очајната форма на Кандрева и неговата улога на теренот.Зошто Кеита Балде не го игра,му требаат натпревари во нозете за да ја крене формата,а и сигурен сум дека ќе одигра далеку подобро и поопасно во нападот од Кандрева.


Сега наредна со ПСВ во Холандија,мислам дека ќе ги испегламе и тие :D
 
Лаутаро е играч кој може да одигра и позади Икарди, тоа сакам да го видам наредно коло со Спал па зошто да не и со ПСВ.
Денес бевме добри, одигравме доволно за 3 бода.

Валеро е професор по фудбал за Весино и Гаљардини, одбраната на ниво.
Би било добро само да добие шанса Кеита место Кандрева, барем да видиме дали знае или не знае да игра...
 
Конечно горе доле стабилно издание на Интер без многу многу тресење и рака на срце игравме со комбиниран состав. За Кандрева немам коментар, можеби ликот се труди и многу трча ама џабе е се, ОЧАЕН е и треба одма да лета од прва постава. Далберт денес изигра добро, асистираше при првиот гол и доби доста дуели. Лаутаро се гледа дека разбира фудбал, добар осет за голот, знае да прими топка, да се загради, да изнуди фаул, да изигра дупли пас, онака баш комплетен играч.

Леле Раџа пасот до Кандрева што го даде :drk::drk::drk::drk::drk::drk::drk: Порњава од додавање, Рикелмевка му пушти али господинот Кандрева го допре дното ко и увек.

Сега кај ПСВ на гости, воопшто не се за потценување затоа што играат одлично сезонава. Јас мислам дека многу тешко да отидеме со трите бода од таму али ќе видиме, се надевам дека позитивно ќе ме изненадат.
 
Реално бидејќи у принцип лошо отворивме сезона, ова ни беше најдобрата утакмица, најмногу поради фактот што се држеше едно ниво од почеток до крај, ниво кое сеуште не ги задоволува нашите вкусови али доволно за да се добие каљари, и друга причина, што каљари за 90 минути немаа ниту една шанса за гол.
Друга добра ствар, лаутаро и политано дадоа деби голови што е добар буст за нив во иднина, а тоа многу ни е битно, плус далберт ја изигра најдобрата утакмица од кога е дојден, ко мало дете си се израдуе на асистенцијата нек иде у пм.

Табелата кога ќе се види, моментално сме на местото кое може е и максимум сезонава, делба на трето место, во најлош случај утре ќе сме четврти ако сасуоло извади бодови со милан, што значи четврти ќе сме хехехехе.

Него одмори денес кељавиот доста првотимци, не чека најбитниот меч сезонава сеа у среда, со ПСВ гости, must win.
 
И покрај одличата партија на Лаутаро, Спалети изјави дека нема место за двајца напаѓачи во неговите тактики.

Во Рома играше супер офанзивен фудбал а тука се плаши да ги извади Лаутаро и Икарди заедно против еден Каљари...
 
И покрај одличата партија на Лаутаро, Спалети изјави дека нема место за двајца напаѓачи во неговите тактики.

Во Рома играше супер офанзивен фудбал а тука се плаши да ги извади Лаутаро и Икарди заедно против еден Каљари...

Дупе тренер
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom