Сега кога и дефинитивно е завршен преодниот рок, може да се даде една финална оценка и некоја првична анализа за капацитетот на тимот и што би можело да се очекува од него.
Генерално се слагам со тоа што
@Io Sono Interista го напишал погоре, освен делот за целите и за финалниот пласман. За муабетот за Скудето, претпоставувам дека него поентата му е од аспект на фан на клуб ко Интер, дека треба секогаш да се надева на титула, што е во ред. Меѓутоа, мислам дека воопшто нема потреба да му се поставува на клубот таква цел за оваа сезона, затоа што е реално многу тешко остварлива и веројатно ќе има само негативни последици врз сезоната. Такви муабети се притисок, а кога не си доволно екипиран, односно немаш доволно капацитет за титула, таквиот притисок е контрапродуктивен за перформансот на тимот и најчесто доведува до ментален распад на играчите. Интер е тим кој е релативно млад. Лидери на тимот се млади играчи, кои немаат освоено ништо во кариерата. Да им речеш на нив дека цел им е скудето, пред тим што имал 20 бода повеќе од нив лани и кој го донел Роналдо ова лето, ти ветува многу периоди ко оние 3 кобни месеци лани. Баш тој период после мечот со Јувентус, кога искочија од дупка ликови ко Морати, со нивните изјави за скудето, е пример што може да му се случи на тимот кога игра под таков притисок.
Затоа, мислам дека на клубот, на тимот и на навивачите цел треба да им биде стабилно место во ЛШ, меѓу 2-3 позиција на табела и трето место во ЛШ групата, за да се продолжи во ЛЕ. За мене лично, успешна сезона би било кога би завршиле на втора позиција со едноцифрена разлика позади Јувентус и би излегле од групата на ЛШ. Се повеќе од тоа е фантастична сезона. Со оглед на квалитетот на тимот, со проценката која сега може да ја направиме за квалитетот на играчите кои ги донесоа и оние кои се тука, мислам дека тоа е реално очекување. Според мене, квалитативно се тука некаде со Рома и Наполи, нешто подобри од Лацио и Милан. Рома е отприлика на истото ниво од лани, Наполи очекувам да се послаби, а Лацио и Милан се подобри од лани.
Во однос на играчите кои ги донесоа. После крајот на минатата сезона, според мене, клубот имаше четири работи кои требаше да ги поправи, за да направи чекор напред во кавлитетот на тимот. Прво, поголема длабочина и опции на клупа за нападот и по можност за одбраната; десно крило кое е поквалитетно од Кандрева и го крева нивото на таа позиција; квалитетен мидфилдер, сидро кое ќе дава стабилност и во офанзива и во дефанзива и ќе добива дуели; и да се задржат Рафиња и Кансело или да се обезбедат соодветни замени.
Првата работа ја средија со Лаутаро, Кеита и Политано. Тимот добива длабочина во нападот, што дава и повеќе опции во играта и што спречува да има падови цел тим кога формата на поединци паѓа во текот на сезоната. Де Вриј е исто огромен плус за одбраната, еден од најдобрите стопери во лигата, лани. Втората работа е релативно добро завршена со Политано и Кеита. Ниеден од нив не е некој сериозен скок во квалитет, ама нивната комбинација би требало да биде доволно за импутот од таа позиција на десно крило да биде поголем оваа сезона. Рафиња и Кансело не ги задржаа, меѓутоа ги донесоа Наинголан и Врсаљко. Првиот е поквалитетн од Рафиња, а Врсаљко не би требало да е далеку од Кансело, така да и таа точка ќе им ја сметам за штиклирана. И останува прашањето на мидфилдерот. Тука се согласувам дека останува горчината за пропуштената можност и грешката на недефинирана стратегија за оваа позиција. Операциите за оваа позиција и беа најкомплицирани, јас разбирам дека “aim big“ е најзабавната и најисполнувачката стратегија, ама работата на трансфер тимот е да процени кој е најразумната изводлива опција, а не да фантазира. Плус, недозволиво е што на крај останаа со празни раце и треба да се надеваат дека Весино или Гаљардини ќе имаат скок во квалитет во следната сезона (или можеби Асамоа ако биде прекомандуван). Така да имаат минус тука.
Пополнувањето на лев бек со добар играч ко Асамоа е за аплауз исто.
Позитивна работа е што му го продолжија договорот на Спалети. Се надевам дека тоа ќе му овозможи помирна работа, каде ќе се фокусира да гради тим, а не да реагира на околностите. Имаше позитивна сезона лани, оваа ќе му биде втора со тимот, затоа и очекувам напредок во играта. Генерално, он самиот има многу поуспешни втори сезони со тимовите кои ги тренирал, а и, генерално, други тренери со дефиниран систем, се подобри колку повеќе време поминуваат со еден тим. Сари со Наполи беше добар пример за тоа. Јас уште сметам дека е одличен тренер за моменталниот Интер, иако тука нема многу високо мислење за него, не знам од која причина. Очекувањата од него ми се во контекст на тоа што горе го наведов како цели за оваа сезона. Мислам дека има тим за да ги оствари тие цели и дека такви цели се реални, играта секако очекувам да биде подобра. Пласирањето во ЛШ не треба да биде доведено во прашање. Непласирањето е чекор назад.
На крај, останува и what if моментот. Да го донесеа и последниот дел од мозаикот, ќе беа во ситуација да скокнат една сезона и со успешен трансфер период да одат на титула веќе следната година. Во оваа ситуација, ќе им треба и услуга од Јувентус, за следната сезона да влезат како сериозни конкуренти за титулата.