Десен бек мораат да купат. Проблемот е што воопшто немаат резерва за таа позиција, без разлика колку е квалитетен или не Дамбросио како играч на таа позиција. Не е катастрофален играч, ок си ја врши својата работа, меѓутоа дури и да е светска класа играч, да се потпреш само на еден играч, за една позиција, на повеќе од 50 натпревари, е потенцијална катастрофа. Дури и да одигра одлична сезона Дамбросио, нема теоретски шанси лимитиран играч како него, да ја одржи својата форма во текот на целата сезона. Варирањето на неговата форма, може да значи резултатска криза за Интер, па играчот да изгледа бетер од Сантон лани. Таков ризик, не смеат да преземат во никој случај. Мора уште еден играч таму, нормално, по можност поквалитетен од Дамбросио.
Видете што се случи со Перишич и Кандрева лани, во тие неколку месеци, а и двајцата имаа каква-таква замена. Овој ќе треба да игра среда-недела утакмици, како единствена алтернатива за десен бек.
Плус, се слагам дека Врсаљко е подобар играч. Ќе донесе некој минимален скок во квалитетот.