Не верувам дека ќе купиме скап играч на било која позиција ако не најдеме начин како да го регистрираме на листата за ЛШ. Дури и многу потешко е да се преговара со квалитетни имиња ако неможеш да им ветиш ЛШ, како што видовме од предходните 5-6 години.
Во овој момент не треба да продаваме ниеден играч од стартерите, дури и да добиеме одлична понуда. Перишиќ и кога е невидлив цела утакмица знае во 70та да постигне еврогол и да ни донесе 3 бода. Кој бенефит ако добиеме брдо пари за Перишиќ ако ја нарушиме хемијата во екипата? Да, со многу пари теоретски може да се донесе одлична замена но во пракса таа замена ќе треба пола сезона да се вклопи во замислата на тренерот и да се уигра со соиграчите. Другата реалност е дека може и тотално да не се поклопи а сме изгубиле драгоцен играч. Треба да се надградува екипа на она што веќе го имаме како класа од играчки кадар, не да се десеткува составот и да менуваат стартери секоја сезона. Така би имале само играчи/ѕвезди на хартија а не воигран состав.
Инаку буквално цела сезона ќе ни зависи од тоа дали ќе успееме да упецаме некој добар играч десно и во средината.