Во моментов, приоритет би требало да им биде десен бек што не е Дармијан и Запакоста. Ниедна од опциите со кој се поврзуваат не е посебен квалитет, ама кога веќе работата со Кансело била усрана уште од минатото лето, од тоа што сега се нуди сега, за мене најдобар избор би бил Врсаљко.
Следен приоритет треба да им биде играч како Дембеле, по можност самиот Дембеле. Ме изненади што воопшто е на пазар, ама баш таков профил на играч му фали на средниот ред на Интер во моментов.
После доаѓа на ред десно крило позицијата. Да не го земеа Политано, таа позиција ќе беше апосолутен приоритет, ама штом веќе еден играч е купен, каков и да е, треба да се фокусираат на пополнување на позициите кои може да им ја загрозат сезоната.
За Малком мислам дека е класа за Политано. За Политано мислам дека е нов Кандрева. Се надевам дека грешам.
Мислам дека нема да биде лош Политано, најмногу затоа што е далеку покомпатибилен со тоа што му треба на тимот за начинот на игра што лани го практикуваа. Брз е без и со топка, има добра техника со двете нозе и ги игра сите напаѓачки позиции. Некој апгрејд на позицијата на Кандрева, не е. Ако го планираат како апгрејд, без да купат друг играч на таа позиција, тогаш направиле лоша проценка. Ама како алтернатива, мислам дека ќе биде солиден. Кандрева и не е толку лош играч, барем не колку што изгледаше лани, едноставно ги нема квалитетите што таа позиција во системот на Спалети, ги бара. Мислам дека треба да се проба во Англија, таа лига може да му одговара.
Малком ја ни една минута го немам гледано, се што знам за него е дека зимото го бараа неколку премиерлигаши. Како и да е, изгледа дека е ценет како сериозен талент.