Многу голема разлика прави Рафиња во играта, огромна. Барем овие последни натпревари е лесно воочливо. Паметно се движи по теренот и знае точно во која насока треба да иде топката, каде одбраната не е балансирана. Ете што значи Барса школа. Нешто што Валеро го правеше на почеток на сезона од малку подлабока улога, меѓутоа кога имаш играч што може тоа квалитетно да го прави во последната третина од терен, ефектот е многу поголем врз тимот, па така и играта изгледа многу потечна и нападите поопасни.
Прилично добро се снаоѓа досега и во тимот и во лигата.
Ако сакаат да одат нагоре, клучно е Интер да ги задржи ваквите играчи како него и Кансело. Очигледен квалитет е во прашање. Така да, како знаат мора по секоја цена да ги обезбедат на перманентен трансфер овие двајца. Нека продадат некој играч, нека договараат одложени плаќања, нека го продадат Сантон расклопен на делови, на кој и да е начин секој паметен клуб би ги купил овие двајца. Мислам дека од некои вакви ситуации ќе може најдобро да се процени за тоа во која насока ќе оди Интер во следните години.
Кансело јас лично го знам од игрите за младите на Португалија, во Валенсија ич го немам гледано. Јасно беше дека е многу талентиран, ама и дека му треба многу работа, посебно за дефанзивата. Делови што очигледно ги подобрува со Спалети. Од таа перспектива, мислам дека и него би му одговарало да остане во Интер, зошто во моментов му треба тренер кој ќе му помага да ја развива неговата игра, не тренер кој ќе го гледа како готов производ. Спалети е тренер кој ќе работи со него, во друг клуб може да налета на вториот тип на тренер. Така да, и Кансело и Интер би имал ќар од таков трансфер.
Иначе, во однос на она што е актуелно во последните неколку дена, мислам дека заминувањето на Сабатини е непотребно создаден проблем и лош сигнал, што требаше да пробаат да го избегнат. Не знам што е причината, и до кого е, ама во ситуација кога ја средија организациската структура на тимот, кога менаџерски го стабилизираа тимот и кога почнаа потезите и работењето да им имаат логика, сега се во ситуација повторно да се враќаат назад и да средуваат работи што веќе беа средени. Може нема да има голем ефект врз тоа што ќе се случува во иднина, ама во секој случај ќе влијае врз тоа што најмногу му треба на Интер во моментот, стабилност. Во добра позиција се како клуб, како организација работат ок со новите сопственици, ама треба да внимаваат да не си стават трн во здрава нога. Прогресот на клубот е процес, за тој процес да биде успешен најбитно е неговите основи да се стабилни и со што помалце непотребни промени и импровизации. Плус, не знам колку овој сегашниот спортски директор ќе може сам добро да ја врши неговата примарна работа, да го гради ростерот на тимот и да го координира со потребите на тренерот, кој е одговорен за перформансот на тимот. Мене лично не ми оставил некој голем впечаток, може грешам. Сабатини е очигледно проблематичен, ама барем има некоја репутација дека е одличен во својата работа.