Со играчи од типот на: Сантон, Даброзио, Галјардини, Рафиња, Весино, Валеро, Брозо, Карамох, Едер, Кандрева, Далберт, кои ќе се сложиш и ти валјда дека не се топ класа играчи но се солидни донекаде за наши услови, и дека се способни да ни обезбедат ЛШ, во ова и јас сум сигурен и убеден сум во тоа, и ако ги пресметаме сите на куп не ти коштат ни 90м - 100м. Ова е таа мала инвестиција која им гарантира позитивен фидбек на кинезиве. Значи имаме играчи само за Топ4 и ништо повеќе. Што значи тоа со 90-100М кинезиве имаат 90% од тимот, а сите знаеме што се 100м денеска на фудбалот, еден Игуаин Јуве го купи за 100м, да не ти зборам надвор од Италија...
Aко сакаат класа играчи, и да очекуваат подобри резултати и подобар фидбек, ќе треба пари да се фрлат другар... Како викаат, Колку пари толку музика.
Инаку ти ако си Океј со ова ситуација, супер за тебе, јас не сум.
И ако еден од погоре наведениве играчи мислиш дека е класа, најди ми само една екипа од ТОП 10 тимовите во Европа кај ќе играа прва постава, јас ќе се повлечам од дискусијава.