Нема врска што ја спомна Рома и фановите на Рома, ама мислењето ти е дно дна, преиспитај се што кажа прво, па после ќе правиме муабет или еве кратко прашање, го продадат Шкринијар и Икарди или еден од нив двајца, а донесат прилично млади ама недокажани играчи и така функционирате 3-4 години, ќе се откажеш од Интер, големо фаниште?
Ај ми отвори веќе уста, што има врска лузерскиот менталитет, треба да престанам за Рома да навивам ради ваквата ситуација?? Нормално не сум задоволен што така функционираат, ама уште понормално е дека никогаш од тимот што го сакам нема да се откажам без разлика во каква ситуација е.. Рома беше пред банкрот 2004 год. ги распродаде Емерсон, Кафу, Самуел, Батистута и Капело си замина, требаше да престанам да навивам? И ти тоа го нарекуваш лузерски менталитет? Значи ги имаш помешано работите, ние правиме муабет за финансиска состојба на клубовите и моќност за задржување на играчите и купување на нови јаки, а ти мешаш баби жаби, менталитети, демек клубот ако не е во добра ситуација и неможе да задржи јак играч треб да се откажеш од него, а не да навиваш.
И да, Интер не придобива такви карактеристики туку веќе ги има и така функционира, според твоето мислење, ти уште од 2011/12 си требало да престанеш да навиваш за клубот, ти си веќе во тој кош на фанчиња што си навиваат.
Ако не можеш да ја прифатеш ситуацијата, што чекаш престани да навиваш. Гледаш се мења фудбалот, станува бизнис, никој не одолева на пребогатите понуди за одредени играчи, а од друга страна ФИФА вметнува правила што ги кочат клубовите, не е како порано, ако не си се откажал 2012 еве ти сега шанса, зошто работите нема да се сменат и во Интер, доколку не се договорат со Милан кој да го купи стадионот и кој ќе прави нов стадион, вака ќе биде, доколку не успеат во тоа, очекувај нова продажба на клубот на побогати сопственици, односно арапи кои наоѓаат 'решение' од свој џеб, па тогаш почни повторно да навиваш за клубот.
Со вакви бизнисмени и бизнис групации како Сунинг и онаа Рептор а Џемјс Палота, таа е реалноста, никад тие нема од свој џеб да дадат пари, се е со кредити, позајмици, прерачунати со одреден износ на профит да бидат вратени, за да клубот во иднина застане на цврсти нозе, со огромен профит, со сопствен стадион, со придобивки од секаде.