Тој "море мрш!!" покри 400+ милиона минус на Интер со банкарски гаранции преку своите банки инаку до сега ќе им се придружевме на Парма. Башка што до пред две-три непостоевме како бренд на Интернет. Новата администрација која ја донесе ќе биде темел за градење на сериозен тим и имање долгорочен проект. Имаше и утки и лоши одлуки секако, но кој немал?
Пред некоја недела барав некој да ми ги докажи сите покриени долгови од страна на свињава, па ајде биди ти прв. А не да ми читаш тоа што пишува на интернет. Но прво да ми ја потврдиш таа сума од 400+ милиони, да ми кажиш како дојдовме до неа и ред други работи. Ако веќе зборуваш вака во улога на просветител те молам докажи, а јас ќе ти речам фала и извини.
Иначе за мене оваа сума од 400 милиони ми е крајно апсурдна и ретардирана. Ме фаќа смеа кога ќе ја помислам, а од друга страна и жал ми паќа за оние кои веруваат.
И Јувентус беше у втора лига и го немаше на фудбалската мапа 5-6 години, па не гледам дека го има изгубено статусот на гигант. Период е ова кај Интер, јебига се насобраа одредени работи и затоа ни се дешава ова, али не се сомневам дека ќе биде подобро во следниве неколку сезони, не може вечно да трае ова. Земени се многу нови луѓе во тимов, од тренери па се до маркетинг менаџери. Земен е тој на Манчестер Јунајтед бишвиот човек за менаџмент, исто и тој од Епл, само ние сакаме резултати преку ноќ. Резултатите ќе се видат за неколку години, кога се ќе си легне на брашното. Нормално дека има и пропусти и грешки, впрочем во секој клуб ги има.
Али да речеш дека Интер бил просечно тимче низ целото свое постоење треба да си ретардиран.
Шеста година истите муабети... "Има реформи, да почекаме ќе има резултати"; "Донесени се многу добри луѓе од сите страни" , а резултатот постојано ист (0).
Сите трансфери кои ги направивме испаднаја флоп, апсолутно сите. Јоветич мислев ќе растура, но види го и него, и тој феилна.
Просечно тимче велам во интернационални рамки, не во Италија. Па и во Италија, ок, важиме за втор или трет тим во Италија, но последниве години пред нас се Фиорентина, Рома, Наполи, и стандард Милан и Јувентус. АЛООО.. види го каде е Милан! Први бевме, а каде сме сега. Ти ми зборуваш за проекти и реформи, да ти ебам јас и проекти и реформи.
Шлакани сме од минијатурни тимчиња бреее, а ти ми велиш не сме просечно тимче.
Не знам од кога го следиш Интер, но врати се 10 години пред калчополи и види кои бевме и каде завршувавме секоја сезона. Јас ќе ти кажам .. од 2- ро до 5/6-то место (во просек 3-то), тука се движевме друже. Да не ги споменувам сезоните после Мурињо. А ова сепак докажува дека сум ретардиран да!
Јуве и B беше и пак имаше карактер, а ние изгубивме карактер. Очобол е да се гледа играва наша.
Башка тоа немаме нити една ѕвезда последниве 6 години што е доволен показател за тоа дека не сме ништо фазла од еден обичен просек.
Али ок, еве да те послушам, чекак резултати. Ако ги видиме за скоро супер, добро ќе биде за сите нас.
Еве пример, оти ме немаше со вакви коментари додека имавме добри резултати? На прво место бевме и тоа ми беше доволно, така и се изјаснав на почетокот на сезонава. Реков не мора да имаме некоја убедлива игра, само резултати ми требаат и пласнам во ЛШ, али кидна тоа. Епа еве ме назад...
Можеби ќе бидам сфатен како лик кој едвај чека Интер да загуби за да јади гомна но не сум таков, од гнев зборувам и не можам да не ја земам во предвид реалноста која за жал е таква каква што е.