Tргнете ги на страна резултативе и Мацари, ќе се трпи со него и сезонава мада сеуште не се комплетни и сега работи на имплементирање најмногу на Видич во системот со тројца во одбрана, затоа и ретко ја менува одбраната и со него играат и Ранокија и Хуан, моментално и не располага со офанзивен кадар во средина ( Гуарин штотуку почна да тренира, Кова повреден, Алварез не е тука и исто Хернанес ), во нападот фали и Паласио а и двајца плус играчи кои треба да се доведат, не се исклучува уште некој офанзивен играч од средината, тоа отом потом ...
Во позадина моментално се случуваат многу, премногу битни работи, али ретко кој се замара со тоа, секогаш резултатите, играта, трансферите и инстантниот успех а не долгорочните планови, за навивачот се во преден план и тоа е тоа али Тихо кине, Кине у права смисла на збор, го прави она што Морати требаше да започне да го прави од моментот кога дојде во Интер и го потпиша.
За тие што ги интересира ве чека прилично долг пост ( тие кои не се замараат со овој дел од фунцкионирањето на клубот, .!, ), тргнат е Комби, шефот на лекарскиот тим и донесен е Волпи кој беше дел од Интер од 95та до 2000, тргнат е Бранка и на негово место ( привремено, со простор да се докажува годинава ) е поставен Аусилио. Тихо има јасна визија, направи низа енормни промени кои подоле ќе ги презентирам за да се запознаете со новите фаци во Интер, кои во иднина и те како треба да имаат големо влијание во зајакнувањето на финансиската состојба на клубот и ширењето на брендот Интер во целиот Свет.
Клучните промени всушност се направени тука, едноставно се креира план како Интер во наредните неколку години би почнал да функционира по принципот на Манчестер Јунајтед односно преку маркетиншки стратегии да има огромен прилив на пари, нешто што подоцна ќе кулминира со изградбата на сопствен стадион па ќе се тера и по принципот на функционирање на Баерн Минхен.
Марк Ван Хукслот -
Director of Strategic Planning and Control
поставен за директор на стратегиско планирање и контрола, човек кој е роден во Холандија со богато CV, извршен директор во
Ernst & Young, лидер на продажниот тим на оваа компанија сконцентриран во Италија ( каде живее и работи повеќе години ), го владее тој дел, продажба, и има специјализиано во областа на поврзување на пазари од Европа со оние од остатокот од Светот. Како што реков, долго години живее во Италија, течно го зборува италијанскиот и е запознаен со ситуацијата во земјата.
Мајкл Вилијамсон -
Chief Financial Officer
Поставен за Финансиски Директор на Клубот и е дел од бордот на Директори, во 2007 година се приклучува на DC United, каде ја има истата функција која сега ја работи во Интер, односно, одговорен е за бизнис зделките. Со неговиот начин на работа американскиот клуб на финансиски план имал огромен прогрес и е одговорен за финансиската стабилност и финансискиот успех.
Во DC United имплементирал систем на функционирање со кој клубот бајаги зајкнал на финансиски план и имале голем успех при економското работење.
Пред да дојде во тој тим бил дел од фондацијата на американскиот фудбалски сојуз, каде исто бил финансиски директор и бил одговорен за сите аспекти од финансискиот менаџент на фондацијата, известувал за финансиската состојба и вршел мониторинг за инвестициите вредни 75 милиони долари.
Остатокот од неговото CV,
тука.
Фаца е нек си ебе векот.
Mајкл Болинброук -
Chief Executive Officer
Една од клучните алки според мене, човек со пребогата историја и CV, штотуку започна со работа во клубот а дојде во Интер од Манчестер Јунајтед.
Неговото присуство во Интер ќе биде искористено за развивање на брендот Интер на глобално ниво, притоа имплементирајќи ги најдобрите методи во оваа индустрија, како и да се зајакне што повеќе врската со навивачите на глобално ниво. ( затоа од наредна година, веќе нема во Пинзоло да стартуваат подготовките туку ќе се бара нова локација, Индонезија, Австралија или Кина, тие се најверојатните можни дестинации ).
Да не го преведувам цело, еве за што Се бил одговорен во Јунајтед
At Manchester United, Bolingbroke was responsible for ticketing, hospitality, match and non-matchday operations, club secretarial functions, property management and corporate services including finance, human resources, legal and information technology. He was also a board member of MUTV, the club’s TV channel, and a trustee on the Board of the Club’s Pension Fund. In addition, Bolingbroke was on the Board of Manchester United Limited’s joint venture partnership with Nike. He was also Chairman of the Club’s charitable Foundation.
Неговиот тим на луѓе ќе биде составен од луѓе кои веќе се дел од Интер со години а тоа се Фасоне, Анџеломарио Морати, Хавиер Занети, како и Мајкл Вилијамсон, Аусилио и Џорџо Ричи
Клара Луис -
Marketing Director.
Исто, има доста богато сиви, претходно има работено за MTV networks Europe и EMI Music, а последниоте седум години е дел од Itunes, односно е дел од Јаболкото од 2007, била лидер на тимот за развивање на брендот на интернационално ниво во што и ( очигледно ) успеала, при организацијата на iTunes Festival.
Експерт е токму на тоа поле, одлично разбирање на функционирањето на медиумите, развивање на нови пазари, планирање, развивање и имплементирање на нови маркетинг кампањи и тн и тн.
Донесена е, како што вели и Мајкл Болинброук, за да има клучна улога во виталниот дел од јадрото на финансиското работење на клубот и развивање на брендот на глобално ниво.
Ден Чард -
Director of Global Partnerships
Ова е свежа вест, од вчера, уште едно многу јако име со пребогато искуство, човек кој има работено на високо-профилни спонзорства и маркетинг кампањи за Barclaycard, Coca Cola, Red Bull, Heineken, Sony PlayStation, LG Electronics, Adidas и Bank of America, ќе биде одговорен за договарање на спонзори на гобално ниво, и секако, како и останатите веќе споменати, ќе помага Интер како бренд да се шири како во Италија така и надвор од земјата.
Во делот со спонзорството има работено повеќе од 17 години и во многу различни области ко мода, спорт, музика и веќе у џеб има низа глобални бренодови и нивни контакти за кои клубот се надева дека ќе бидат искористени.
Огромен спортски фан, посебно на фудбалот, има работено на маркетинг кампањи за Лигата на Шампионите, бил директор и на AEG, а исто така на времето и раководел со сопствени спортски маркетинг агенции.
Грант Фергунсон - член на бордот на Директори, човек на Тихо е овој, експерт од областа на маркетингот, човек со долгодишно искуство во Азија, реон каде Интер планира да се шири односно да работи на маркетинг план со што значително би ги зголемиле приходите токму од азискиот пазар каде е сконцентрирана голема база на навивачи а истата е слабо искористена во поглед на приходите. Чисто за споредба, како што разбрав 70% од приходите на Јунајтед се од тој пазар.
Капитенот, eден и единствен, е поставен за нов потпретседател
Like ... a .... BOSS.
п.с., во случај да ве изамарав,
here you go