Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Сите овие играчи кои ги наброја, освен Манџукиќ и Модриќ се бош играчи кои играат у бош тимови без никаков притисок, споредбава ти паѓа у вода.Ракитиќ во секој дел од статистиката го доминира Модриќ,а кој нормален ќе каже дека е он подобар играч ?
2 асистенции....голем кур. Модриќ ги имаше 5-6 и тоа во Реал кој дава голови ко на лента и 2 гола.....
И тоа пази играч кој веќе 5-6 години игра во најјаките лиги во Европа.
Едноставно малиот е излезен прерано и тоа ни помалку ни повеќе во Италија (најголемиот уништувач на млади играчи во Европа). Прерано е изложен.....да останеше во Хрватска ќе научеше како да се движи на нова позиција без некој притисок.Голем кур 2-3 послаби утакмици.....овде не е така.Он е под притисок,се се гледа под лупа и самиот после секоја послаба партија се нервира и му паѓа самодовербата.
Нема голови,нема многу асистенции,сменета му е позицијата и почнува да му се прави притисок.....
За него ќе беше многу подобро да останеше во Хрватска бар уште 1 сезона минимално.
На 19 години Модриќ играше на позајмица во Интер,али тој од Запрешиќ (Запрешиќ на Загреб му доаѓа ко Драчево на Скопје).Денес е еден од главните играчи во Реал.
Манџукиќ на негови години направи трансфер од Марсонија во Загреб (моментално хрватски нисколигаши) и даде само 3 гола на скоро 30 настапи во ХНЛ.Прв напаѓач во Барен во моментов.
Едуардо исто на позајмици во Интер иде на негови години.Да не беше повредата ќе беше со Манџукиќ страшен играч во нападот.Али и вака има доста добра интернационална кариера.
Врсаљко има тек 10 настапи за Динамо на тие години. Сега одма игра добро во Џенова.
Бадељ од трета лига дојде во прва.Значи на негови години Бадељ нема ни во прва лига заиграно во Хрватска. Сега е меѓу подобрите играчи во ХСВ.
Шимуниќ што едно време беше еден од најдобрите дефанзивци во Германија на негови години играше во Австралија и тоа не во прва лига,него во хрватската верзија на Престон Лајонс.А после тоа не проаѓа ни на проби во Динамо и Хајдук,а во ХСВ 2 години грее клупа.
Чорлука ја игра првата сезона во Динамо.
Срна има тек 10 настапи за Хајдук на негови години.
Крањчар се влече по Динамо кој што е екипа од средина на табелата во Хрватска тогаш.
Значи се одлични играчи (првите двајца играчишта) на негови години играат во Хрватска послабо од тој што игра во Италија.Од нив на 19 години не се очекувално ни да носат екипи како Мelburne Knights, Динамо Загреб, Запрешиќ, Загреб и Локомотива,а од него се очекува да го носи Интер. Сепак треба малце време и трпение.
Сите овие играчи кои ги наброја, освен Манџукиќ и Модриќ се бош играчи кои играат у бош тимови без никаков притисок, споредбава ти паѓа у вода.
А Интер е нешто јак клуб ?
Сите се далеку од бош играчи,а бога ми каков е Интер и какви играчишта играат скоро сите би имале место во екипата
Крањчар има преку 150 настапи во Премиер лигата, освои ФА куп со Портсмут и беше во горната половина од табелата цело време.После тоа играше во Тотехем....екипа со која 2 пати беше 4 место и еднаш 5.
2 ЕП и СП, преку 80 настапи каде што е еден од главните играчи во репрезентација која е цело време во првите 15.
Шимуниќ беше најдобар стопер во Германија во Херта последната сезона мислам,а после еден од најплатените одбрамбени играчи кога играше во Хофенхајм.Херта беше една од појаките 4-5 екипи во Германија.Скоро 300 настапи во бундеслигата. Преку 100 настапи за Хрватска, 3 ЕП и 2 СП столб на одбраната во последните 10 години.....
Срна бош играч ?
Едуардо добар испадна и покрај се.
Има уште примери...ете го Олиќ кој што на негови години ништо немаше позади себе.Во Херта втората екипа има играно на тие години. После 2 финалиња во ЛШ, Буденс трофеи, УЕФА куп освојувач, 3-4 пати руска лига...
Споредбата беше дека доста добри играчи,од кои 2ца се моментално играчишта направија добри кариери и даваа големи доприноси во клубовите каде што играат/играа,а на негови години беа греачи на клупа или нисколигашки играчи.
Ковачич бил мува без глава бе,што сФе нема да прочиташ на форумов.Ај да имаше едно 23-24 години,години кога секој талент веќе прераснува во играчина,да ве разберам.Ама да зборите дека е тапа и дека е изгубен у простор и дека е просечен играч,а до вчера повеќето го знаевме преку јутуб,не е во ред.
Па,момакот на 18-19 години играше за Динамо Загреб у ЛШ у групи.Против ПСЖ на Максимир и во Париз беше најдобар играч на динамовците бе.Тоа што во Интер има огромен притисок врз него и се очекува ОДМА да прави чуда по теренот е друга работа.Ниту еден играч не успеал така,некој да му труби на глава,од тренер па се до телевизии и весници-ДЕЧКО ТИ МОРА ДА УСПЕЕШ,АЈДЕ ПОБРЗО ОФОРМУВАЈ СЕ.
Полека,смирете се,неговото време лека полека доаѓа,тој е иднината на Интер,ако правилно се развие,а ќе се развие,може да биде и подобар од Снајдер.
Не го споредувајте со никого,Кова има енормно голем потенцијал во него,само треба сезона,две да го покаже тоа и да се изгради како класа играч.
Алварез е ѕвер сезонава, не зезај, еден од клучните играчи е али моментално прашање е колку е 100% фит, у секој случај за грешката со Аталанта нема оправдување, за Икарди иначе, кила имал бе, тоа изглеа било фрката со него, нема со Удинезе да игра најверојатно така да со 1 напаѓач ќе се, ин дет кејс, кај е оној малиот, дриблерон со левицана, Капело, стави го у комбинација ти еам џигерицата, луд треба да е да патува у Удине само со 1 напаѓач.Sho go tupite mnogu, svrshavate kako pubertetlii na nekoj nikakov poteg na Riki cela sezona, a kazhuvate tuka protiv Kovacic... Pa i Riki daval 50% od svoite mozhnostiTolku mu se mozhnostite na riki, TOLKU... Kova, shetata shto igra vo vakov tim, a pak e dobar...
Алварез е ѕвер сезонава, не зезај, еден од клучните играчи е али моментално прашање е колку е 100% фит, у секој случај за грешката со Аталанта нема оправдување, за Икарди иначе, кила имал бе, тоа изглеа било фрката со него, нема со Удинезе да игра најверојатно така да со 1 напаѓач ќе се, ин дет кејс, кај е оној малиот, дриблерон со левицана, Капело, стави го у комбинација ти еам џигерицата, луд треба да е да патува у Удине само со 1 напаѓач.
а ќе биде убер тешко гостување.
нејсеа ќе биде убер тешко гостување.
А што се деси со Милито се врати од повреда изигра еден натпревар и пак се повредил?