Кога тогаш мораше да се случи и тоа,Морати да си замине од Интер и да го предаде клубот на помоќен и појак бизнисмен од него.
Добро е што порано се сети на тоа и што сеуште има заинтересирани купци на Интер ако се знае дека Интер е во длабок минус влезен.Не верувам дека некој би го зел,освен некоја будала преполна со пари,ко Тихомир и да проба да го крене на здрави нозе.
Ако е вистина тоа дека е решено се,очекувам во наредниве денови дожд од информации за можните засилувања од типот на Наинголан,Лавеци,Исла...
Искрено,колку што сум среќен,толку сум и тажен во врска со преземањето.Нема веќе да го гледаме Морати во ложата како пуфка цигарчиња и како се радува на секоја победа,како ги следи играчите на секоја текма и се радува и плаче со нив...но што е тука е,се гледа дека премногу го сака Интер и затоа го препушта во посигурни раце.
Но,Интер никогаш нема да стане вештачки клуб,бидејќи има нешто што Сити,Псж или Монако го немаат,а нема ни да го имаат на сон,а тоа се навивачите.