Фан Клуб: Интер

Прашање за песимисти, во отсуство на Џони: колку време ќе помине до првиот пост од типот „врати се Морати се ти е простено!“ :)

#pesimizmotubiva
 
Морати е (убедливо) најтрофејниот претседател у 100 годишната историја на Интер, enough said, ако на тоа го додадеме и она што се случуваше со татко му, све што е вредно да се спомне во историјата на Интер е поврзано со тоа презиме, фала му за Се и тоа е тоа, иако, не ги отпишувам Моратиевци :), Масимо после 30 години од заминувањето на татко му дојде во Интер, во иднина очекувам исто сценарио во случај мнозинството акции да се достапни, али тогаш за тогаш. Исто има и значајна улога во откривањето на местачкиот скандал Калчополи, така да, премногу направил за клубот без разлика што си имал и свои пехови, останува Легенда на истиот и засекогаш ќе завзема значајно место во историјата на тимот.

1012428_560211867399220_308884204_n.jpg

За новиот сопственик, се надевам програмата која треба да се имплементира во Интер ќе биде и повеќе од успешна, со доаѓањето на Леонардо за спортски директор, ако ова се реализира а се најавува ова како еден од првите потези на Тихо, дефакто мислам дека станува збор за доста сериозен проект од кој клубот би имал голема корист. Не очекувам некои поголеми маневри ова лето, она главното со Тихо би требало да почне да се случува во 2014 година, летото, евентуално нешто и во Јануари мада тогаш си ограничен на трансфер пазарот. Како и да е ПСЖ, Сити и Монако трансфери нема да има, тоа сигурно, немаат ни потреба од такво нешто.
 
Најверојатно Анџеломарио ќе има значајна улога во ``новиот`` Интер, тоа му го ветил Тохир на Масимо.
 
Кога тогаш мораше да се случи и тоа,Морати да си замине од Интер и да го предаде клубот на помоќен и појак бизнисмен од него.
Добро е што порано се сети на тоа и што сеуште има заинтересирани купци на Интер ако се знае дека Интер е во длабок минус влезен.Не верувам дека некој би го зел,освен некоја будала преполна со пари,ко Тихомир и да проба да го крене на здрави нозе.
Ако е вистина тоа дека е решено се,очекувам во наредниве денови дожд од информации за можните засилувања од типот на Наинголан,Лавеци,Исла...
Искрено,колку што сум среќен,толку сум и тажен во врска со преземањето.Нема веќе да го гледаме Морати во ложата како пуфка цигарчиња и како се радува на секоја победа,како ги следи играчите на секоја текма и се радува и плаче со нив...но што е тука е,се гледа дека премногу го сака Интер и затоа го препушта во посигурни раце.
Но,Интер никогаш нема да стане вештачки клуб,бидејќи има нешто што Сити,Псж или Монако го немаат,а нема ни да го имаат на сон,а тоа се навивачите.
 
Еве до каде дојдовме,Катанија и Удинезе да се пред нас :)
33943_601480706563670_1907043956_n.png
 
Еве до каде дојдовме,Катанија и Удинезе да се пред нас :)
33943_601480706563670_1907043956_n.png

Како му доаѓа ова сега, Цитадела ќе игра со победникот од Перуџа и Савона, а потоа победникот од таа двојка ќе игра со Интер? Како што изгледа, ако се помине како што треба Интер ќе гостува на Удинезе во 1/8
 
Така е, после Удинезе, иде Милан, па полуфинале со Фиорентина.
Ако поминат, нормално :)
 
Кога тогаш мораше да се случи и тоа,Морати да си замине од Интер и да го предаде клубот на помоќен и појак бизнисмен од него.
Добро е што порано се сети на тоа и што сеуште има заинтересирани купци на Интер ако се знае дека Интер е во длабок минус влезен.Не верувам дека некој би го зел,освен некоја будала преполна со пари,ко Тихомир и да проба да го крене на здрави нозе.
Ако е вистина тоа дека е решено се,очекувам во наредниве денови дожд од информации за можните засилувања од типот на Наинголан,Лавеци,Исла...
Искрено,колку што сум среќен,толку сум и тажен во врска со преземањето.Нема веќе да го гледаме Морати во ложата како пуфка цигарчиња и како се радува на секоја победа,како ги следи играчите на секоја текма и се радува и плаче со нив...но што е тука е,се гледа дека премногу го сака Интер и затоа го препушта во посигурни раце.
Но,Интер никогаш нема да стане вештачки клуб,бидејќи има нешто што Сити,Псж или Монако го немаат,а нема ни да го имаат на сон,а тоа се навивачите.

Ова и ја сакав да го пишам, Малборо црвено :P
 
Очекувајте сеа новиов газда да го бапни срцев удар сред утакмица , незнае тој кај вложува , неможе секој Интериста да е бе , пишман ќе биде само ај нека ... Морати фала за се , фала за Роналдо , Рекоба , Адриано , Милито и Занети секако и Матераци !
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom