Ако има срека Данкан да го напушти Интер на време ке биде играчиште! Ако остане ке се упропасти како Кутињо и Алварез.
Алварез одигра добар натпревар се гледа дека му треба повеќе самодоверба, а тоа се добива само преку поголема минутажа и повеќе трпение...
Нешто слично е и со Кутињо. Ако не покажа ништо во минатиот натпревар во 15 мин тоа не знначи дека не треба повеке да добие шанса. Не знам што ке се случи со Снајдер, но во негово отсуство мора да се смета на еден од ове двајца. Со 8 дефанзивци во прв тим ништо не сме подобри од минатата сезона со Раниери.
Еве ви пример кај комшиите. Шарави беше потенцијален тален уште во Џенова... Оваа сезенава има поголема минутажа, повеке искуство поголема самодоверба и експлодира! Прерасна во најдобар напаѓач во лигата.
Со Старма има подобрување, дел од младите добиваат повеќе шанса но не е доволно. Имаме супер школа и треба да се искористи.
Оби е универзален играч, нешто како Маркисио. Со него средината ке добие и на брзина и на креативност. Се опорави од повредата па се надевам дека Страмачиони навистина смета на него сезонава.
Данкан исто така е одлично решение за средниот ред. Вчера покажа дека се работи и за мн интелегентен играч, не ја забавува играта, знае да одигра на прва и е многу цврт играч. Зошто сеуште се мачиме со Камбијасо? Па не можам веке да гледам како се влечка по теренот...
Да не помислите дека се правам стратег, давам само мое мислење. Го следам Интер од 1998 и ретко да имам пропуштено натпревар Како што пишав и погоре, најголем проблем е некреативноста. Премногу дефанзивци во прв тим, треба повеке храброст.
Јуто-Гуарин-Гергањо-Перера
-----Кутиљо(Рики)-------
Можеби и поинаку формацијата делува офанзивно 3-5-2, 3-4-1-2 како и да е но играчите се проблем... ако очекуваме Занети, Камби и Гергањо да ни организираат игра....
Мурињо играше со Пандев, Ето, Снајдер и Милито сите офанзивни играчи, го имаше и Мота кој е многу покреативен играч од Камби и компанија. Да не ги заборавиме пробивите на Маикон...
Имавме многу офанзивни играчи во прв тим, кои имаа и многу дефанзивни задачи. Е тука е тајната на успехот на Мурињо. А не од дефанзивци да бараш офанзивни задачи, тоа е многу погрешно.