Фан Клуб: Интер

Syn

Не може од 4 чисти шанси да не даде ниеден гол, не зезај. Четири 100% шанси немаме создадено цела сезона до сега, а овој успеа на една сите да ги промаши.
4 шанси али од тие 4 шанси освен онаа во прво кога излезе пред Вивијано, за другите не се согласувам дека беа 100%, пречката беше резултат на силниот удар, се осоколи по нездавиот прием и исфрлањето на играчот на Фиорентина, изборот на удар беше ок, шутот за жал за нијанса повисок али тешко се контролира ударот во таква ситуација, истото важи и за ситуација кога шутираше покрај гол, одличен избор на удар, за нијанса повеќе пласирана од потребното.

За она од второ, со лева, боље тешко дека може да реагира со лева, сплет на околности беше тоа од вчера и за негова жал не успеа уште 1 гол плус да даде иначе изигра одличен натпревар, гледам и на фудбал италија е ставен во Special mentions заедмп со Касано.

Како и да е, тепаа против јак тим, стварно не гледам потреба толку да се пишува негативно за тимот и играчите, поготово зашто го надиграа противникот и во ниту еден момент победата не им беше загрозена.
 
^
Не дека го надиграа противникот, Фиорентина второ го играше со играч мање а топката кај нив беше...

Не е негативно, навикнавме веќе да се радуваме на било каква победа, а дека нешто не штима, факт е дека е така.

Со Киево на гурање тепаа, со Фиорентина слично (пенал и црвен), Пескара се на рамниште на Цементара, Торино со тешки маки и провинцијалски менталитет нели, Сиена и Рома не добија...

Со ваков менталитет погоре од 3то место мало морген.
 
Инаку претерувате за играта, во прво беа тотално надиграни Фиорентина. :D

Со Мурињо минимум 15 текми можам да ви набројам каде биле тешка мизерија а на крајот испаднале ко победници, против далеку посмешни клубови за разлика од Фиорентина која е кандидат за третото место, бар за вчера ич не се согласувам со вашите коментари дека биле лоши. што се однесува до мене, вчерашната текма е токму она што Страма сакаше да го постигне со тимов и истата претставува исчекор за остатокот од сезоната, штета сеа Милан доаѓаат, дерби е, таму ништо никад не се знае, да имаа полесни текми убеден ќе бев дека со пристап ко оној вчера ќе заредат добра серија на резултати ( затоа реков, штета што сеа се игра ваков меч ).
За Милито се согласувам со тебе дека ништо страшно нема што еден натпревар промашувал, некогаш не е денот и тоа е тоа.

За играта реков дека е подобрување, не е катастрофа, но да бидеме реални средината ни игра на ниво на просечните екипи од Сериа А. Не може толку да му дозволиш на противник како Фиорентина. Кое црно трето место Фиорентина не ме заебавај, сега почна сезонава, ќе им влезе вода во уши како и секогаш, можат за 6 да се борат и излез во европа. Тежок просек се.

Јас сум секогаш за победување. Со Мурињо сме биле и очајни и тоа е точно. Но мора да се подобриме во средина, брзо, и многу.
--- надополнето: 1 октомври 2012 во 22:20 ---
de objjasni so e problemo tuka ?
Ништо бе се зезам, уживај те боли Тасе :)
 
Ke gi tepame li milan vikendov ili ne, da znam na rabotata dali da se kladam na sok so eden milanez ili da se odkazam ?

:pos::pos::pos: змај змајосан ... дај бе дојди на некој собиранка во скопје. или ја идам у струмица
 
Od sea natamo na forumov samo Hejtanje ako moze i toa za cela ekipa na i rakovodstvo na inter

Ocigledno e koga Site Hejtaat inter ima tri boda vo gjeb

Ban za site so ke napisat pofalbi!!!
 
Gledam nov si na temava!Kje te predlozam kaj Morati ti da go zamenish STRAMA,veruvam deka nema da me odbie!
lol
Страшен си......


Абе и ја ги чекав да се уиграт и мислев дека го прави тоа Страмачиони. Затоа и кога изгубија од Рома не кревав паника, зошто видов дека се труди да наметне систем и полека да го доработува. Во текот на тој процес нормално е дека некој тим ќе те фати на слабостите, особено ако е некој посикусен тренер и ќе те натера да научиш побрзо.

Проблемот за мене е што он во минатите два натпревари не зема да ги поправа грешките што очигледно ги имало во играта, туку он го избра најпростиот начин да ја намали шансата да губи натпревари. Повлече повеќе играчи назад. Тоа е резултатот што барем ја го гледам.
Види ги и изјавите што ги даде после Сиена (пак незнам дали сам е убеден во тоа или некој му суфлирал). Место да поправа тоа што не знаеме што да праиме со топка од кога ќе ја земеме во наша половина, или што напаѓачите ич не играат одбрана, или што пресингот е половина од времето неорганизиран, он збореше дека не сме имале доволно solidity во одбрана, сме иделе многу во напад.
Сега играме со 5 постојано дефанзивни играчи и двајца по потреба. Го гушиме противникот со бројки, со тела, пред шеснаесетник, одбраната пак не е сјајна. Ти текнува како влагаа и Јоветич и Љаич лесно во шеснаесетник, колку лесно држеа топка во посед на 20 метра од гол Фиорентина.
И кога напаѓачите ќе имаат лош ден мислам дека многу подобро ќе се гледа. А фала богу што барем имаме неколку светска класа напаѓачи.

Јас немам ништо против Страма, туку баш напротив, мислам дека е интересен и како тренер и како личност. Уште од старт бев за да му се даде шанса, можеш да видиш по мислењата што ги пишував овде, ама тоа го зборев најмногу ради тоа што за само неколку натпревари воведе многу промени што ја мислам дека се позитивни за Интер. И ради тоа што барем изглеаше дека е сигурен во стилот на игра што сака да го наметне и дека јасно знае што сака.
Тоа што на прва беља одма почна радикално да мења и тоа што мења баш на ваков начин, мене не ми се свиѓа. И пак повторувам, што ќе се случи ако сега пак изгубиме два натпревари и примаме лесни голови? Кое е решението тогаш?
За нападот, останувам на тоа дека треба да се подобри. Половина од времето играчите не се ни разбираат кој што сака.

Затоа и се бунам искрено.
Ако немаме ситем in place кој би требало Страма да го развива, тогаш немаме никаков план од играчки аспект што го следиме. Ако на него му е дадена задача само да постигне некаков резултат, тогаш зошто го поставиле него уопште. Има поискусни тренери кои само ќе им дадеш ресурси и ќе им речеш такво и такво место сакам на крај, како сакаш стигни до таму. Тоа е многу порационално, зошто тие барем даваат некава гаранција како тренери, иако по минатите сезони комплетно ни е јасно како завршува таквата логика. И за тимови како Сити и ПСЖ тоа е уствари многу паметна политика, зошто сакаат многу за многу кратко време. Ама поверував дека нашите оваа година се опаметиле (така барем личеше), па ќе идат со трпелив план што ќе даде резултат по некое време, комплетно. Year zero муабетите.
Ако не го правиш тоа, тогаш и стварите како фокусирање на млади играчи, финансиска самостојност и развивање на школата, нема да имаат баш некој страшен ефект.
Вака и сами на себе си правиме штета, зошто следната година и годината после тоа пак ќе се враќаме на year zero. Играчите што ни играат како првотимци пак се релативно во најдобрите години. За некоја година ќе им треба замена, а за добра замена ти треба поставен систем за да ги вклопиш новите играчи во него.

Можда ова е системот што им бил во план уште од почеток, во смисла на стилот на игра, или е само bump in the road, што би ми го направил муабетот излишен. Али ако не е тогаш мене како навивач не ми се свиѓа. Доста веќе со тој counterattacking Интер. Помина времето за тоа, најдобрите веќе одамна најдоа подобри начини за играње и контрирање на тоа. Треба само да се види кои се заеднички каректеристики на тие тимови и да се види какви играчи искачаат сега и да ни стане јасно на каде треба да одиме.
За неколку години тогаш ќе треба да правиме порадикални промени, за пократко време.
Можда е остро за тренерот само на него да му се качува на глава човек, ама он доби нешто што неговите претходници не го добија (а добија баајаги јадење гомна), а тоа е релативно квалитетен тим со кавалитетни засилувања, што треба лесно да е во првите 3 на крај. Ради тоа ќе има и поголем притисок на грб. Такa иде светот.

Е сега,
кога станува збор за дербито, сакам само да победат. Како сакаат нека играат, со каква сакаат формација, дури и Габриела да даде гол од офсајд. Не е битно, само нека тепаат. Ионака нема да можам да го гледам најверојатно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom