Ja гледав утакмицата од почеток до крај и ми се допадна тоа што од прва минута почна со Хуан и Коутињо,треба се повеќе и повеќе да добиваат шанса и двајцата,да стекнуваат искуство и ако продолжат со досегашниве игри,за година две ќе бидат носечка сила на “новиот“ Интер.
Хуан,значи каков стопер може да имаме за во иднина освен ако не се изглупираат од управа да го пратат на позајмница некаде

Исто и Коутињо,таква слобода во играта,такви дриблинзи со кој ја мрднува цела одбрана на Фиорентина,само финишингот треба да си го поправи,а и то ќе си дојде на свое место со тек на време,само да не се излажат да го позајмат некаде пак или пак да го шитнат.
Сега неколку реченици за играта.
Генерално во целина не ми се допадна играта,барем мене,а се надевам и на повеќето.
Прво,ова не е игра за тим како Интер.Оваа игра ја користат тимчињата како Пескара и Чезена.
Интер треба да игра напаѓачки фудбал,цврсто на средината на теренот без дозволување на противничките играчи премногу лесно да доаѓаат на 16 метри пред голот на Ханда и да ствараат така шанси со три паса и нафрлена топка кон висок напаѓач или незгоден шут од далечина.
Самуел беше камен вчера,во неколку ситуации го спасуваа Ранокија и Хуан.
Нагатомо не е за во Интер и не е за прв состав во Интер,толку.
На негова позиција мора да се доведе нов играч.
Переира не игра на природна позиција,а треба и мора да почне.
Гаргано беше добар вчера,истрча многу и спречи многу акции на Фиорентина,борбено играчиште кој не се плаши да направи фаул и да добие жолт картон,нешто што треба и Камбијасо да го прави почесто.
Касано треба да биде појак во дуелите еден на еден,вчера лесно го избуткуваа дефанзивците на Виола од игра.
На Милито финишингот му е 000000000000,0000001.
Гуарин и Мудингеј не одиграа многу,па затоа и не ги коментирам.
И да,man of the match-Коутињо
