Фан Клуб: Интер

a kaj si go gledal ti inter od 60,jas na youtube ne mozam da najdam video? ne znam sto ti smeta formacijava koga so istata se pobeduvaa ili sakas ova 442 na ranieri:tapp: ne zbori napamet

Не ни реков негде дека сум ги гледал.
Има 200 страни по нет за тоа како играле Интер тогаш. И формација и концепција.
Аман, седев со татко му на Морати на трибина.

А и, бројките на страна, ова наликува на Раниери.
3 напаѓачи што треба да креираат и 7 дефанзивци што играат зона цел натпревар.
 
Ова денес што го играа Интер го игра и Наполи, тројца напред, плус бековите од страна плус уфрлањата на играчите од средината ( Камби одлична работа заврши за вториот гол ), или Гаргањо со Киево, ако веќе се форсира формација со 3ца, ова од денес е она вистинското, ова од денес на Страма му го донесе потребниот баланс што го бараше, не она со Киево, имаа многу шанси за гол, дадоа 2 гола, Фиорентина немаа голем број на изгледни ситуации, штета што дозволија да примат така ефтино гол, можеа и втор меч по ред со 0 да е противникот на семафор.

Денес реално го изиграа најдобриот натпревар сезонава во Серија А, Пескара се убер лесен залак и не се некое мерило, Фиоретина оваа сезона од друга страна се доста сериозен тим кој може комотно да атакува на третото место, па ја сум задоволен од прикажаното, имаат напредок во играта.
 
e pa togas strama e hari poter zamisli so 3 napadaci i 7 defanzivci samo milito imase 4 `100% sanci i sto e najvazno pobedivme ekipa kojaa igra najdobar fudbal vo italia, ima nesto neli sto ne go razbirame ni ja ni ti no ne go stavile za zabe strama trener,se dodeka pobedime ne mi cue k...t kakva formacija ke igrame iako bev protiv vakva formacija, na kraj kraista ova godina samo prvenstvo se borime i nov tim imame pa od druga god. se nadevam deka ke bide druga prica,pamtis juve proslata god. samo po 1-0 pobedija dodeka napravija dobar tim sega i igrat dobar fudball i pobeduvat.
 
Па не би рекол дека биле катастрофа по тоа што ми го кажаа за прво, 1 тон шанси на Милито, пречка, 2 гола, штета само примиле гол али тоа е, во второ веќе се знаеше дека Фиорентина е таа која ќе напаѓа, без разлика што имаа црвен, имај во предвид дека слабо се ротирани играчиве, кондициски и не беа нај нај подготвени, 85% од тимов се стартери од почетоков на сезонава и тераат до крај на меч, едноставно рутински го привршија мечот ( второ гледав ) и тоа беше тоа, плус Фиорентина јаки се сезонава али реков, 10 победи по ред не се случајност, убер незгодно гостување е ова за нив и тоа се потврди и сега.

Во Јануари нека се донесе десен бек или Нага нека игра така, тактиката ако остане со 3ца назад обавезно Мацари потегов од денес да го тера константно, 3421, пишав и на форумов мислам за ова, не сум сигурен дека вчера и на фан клубов што ни е Армата за ова дискутиравме, топ топ, башка ова е само втор меч со целосно сменет формат.

Сеа на ред се Милан, одлична прилика за моментум у сезонава, сега ако не го искористат незнам кога, во доста деликатна состојба се они и тој притисок што им е натоварен на грб ( башка со Зенит играат сега, језиво гостување во Русија ), фактот што немаат играч кој може да направи разлика и на кој со сигурност ќе можат да се потпрат, едноставно мора да се оди на победа тука ко да нема утре, м-о-р-а, не се ни во состојба да калкулираат, односно и со реми да се задоволни.

Кутињо, Гаргањо, Хуан, Самуел, Касано не ги играа сите утакмици од старт. Не е проблемот во кондициската спремност, туку во менталитетот на тимот. Во стилот на игра.
Ако почнуваш да го напаѓаш играчот со топка на 35 метра од гол, цела утакмица тоа значи дека таков ти планот за утакмицата, не дека немаш сила да го правиш тоа.
Се враќаме полека на тоа што го игравме лани и со што сите имавме проблем овдека, а веројатно и секаде. И за мене тоа не е добра игра, без разлика кој ни е тренер. Трупање на 8 играчи во одбрана и тоа скоро до шеснаесетник, коа противникот напаѓа, и пукање на топката напред кога ќе се освои со надеж дека некој напаѓачите ќе се најде таму. Напаѓање во стилот дај му ја Касано или Снајдер (зависи кој играше) и другите нека трчаат во простор. Не може веќе така да се игра. Па цел свет се смени мајку му стара, само ние ли се гњавиме со такви ствари уште.
И не ми е проблемот само со формацијата. Тоа е работа веќе на допрецизирање. Проблемот е во тоа што и некои позитивни работи кои ги видовме со него, како подобро задржување на топка во посед и подобро, поусогласено движење на играчите, се губи за да добиеме "баланс во играта".
Истата неодржлива игра на контри се враќа во тимот. Не смее да си дозволи тим 70 или 80 % од акциите да ги завршува со пукање на топката во празно кај противнички дефанзивец после 2 додавања. Не дека сум ја тренер, па давам некои стручни критики, туку споредувам со тоа што се игра по светот и со тоа што моментално и веројатно во блиска иднина ќе, дава резултат.

Можда е малку остро, во однос на Страма(од врменска гледна точка), ама па главната причина зошто ја бев да му се даде шанса и да се поддржи, беше зошто имаше храброст да воведе некои промени во играта само за неколку утакмици како тренер. Уште од старт го поддржував ради тоа.
Ама ако и он ги прави истите работи што не ми се свиѓаа кај претходниците негови, тогаш нема зошто да не го критикувам. Тренер е како сите, ништо поразличен од другите.
Ако продолжи во овој правец со играта, јас ќе бидам секогаш против. Нормално ако е обратно, тогаш ќе го поддржам.
 
Прво полувреме топ си беше скоро се, него мене ме нервира што им оставаме на противниците да развијат игра додека водиме. Место ние да ја нагазиме топката им оставаме на другите да играат и да создаваат притисок врз нашата одбрана. Можеби денес тој притисок не вроди со плод но на друга утакмица ќе се случи и да примиме гол, да јадеме црвен па после да се чешаме.
На добар пат е Страма после ова денес само да се стабилизира играта после водство и да се зголеми конекцијата средина-напад.
Хуан е страшен играч, еден дуел не загуби, Ранокија исто така многу добар, Самуел солиден беше освен два три безвезни излети но во глобала одбраната беше топ. Сега кога ќе се врати и Паласио нападот ќе биде уште поубиствен, ќе може и Касано да одмори на некоја утакмица, пошо после 70та минута на шкрги дише. Добра е оваа 3-4-1-2 за разлика од 3-5-2, само нека продолжи да ја фура, нека не мења.
Каков играч е Касано еј, одамна сме немале ваков играч, знае атмосфера да дигне, да задржи топка, да изнуди фаул, да крене публика(ова денес на два пати го напраи), едноставно полн погодок е овој трансфер.
 
Интер генот преку ноќ нема шанса да си го промени, и со Мур се бранеа со цел тим освен Милито, таков беше неговиот стил, сите назад, затоа не сакаше Касано да го ангажира за 10ка, денес битно шанси имаа, бајаги и тоа, резултат исто, по мерак само реков, можеа комотно и без примен гол да поминат, тоа е тоа за вакво првенство, во второ разбирливо ми е зашто вака играа и немам ништо против таа нивна игра зашто гол не примаа па што сака нека е, доста сигурно делуваа бар денес во тој сегмент, а и имаа веќе играч повеќе ...

Ја сметам дека денес конечно па Страма успеа да го добие бараниот баланс, Фиорентина немаа многу шанси, ја Јоветич во второ не го ни видов дека игра, од друга страна Интер и 2 гола и доста шанси, јебига, тоа е максимумот кога од друга страна имаш таков противник.

Нема потреба за денес толку да се цепидлачи, има голем напредок во играта, а има уште работа, ќе видиме сега со Милан на што ќе личат а и понатака во сезоната, голема штета е што дозволија да изгубат бодови од мочанана Сиена, ајде Рома ок, ама она со Сиена ги откорна бајаги, сега ќе беа само на бод до Наполи и Јуве, вака се ставени во ситуација со Милан да тепаат, пораз никако, али во секој случај притисокот кај нив е далеку поголем
 
e pa togas strama e hari poter zamisli so 3 napadaci i 7 defanzivci samo milito imase 4 `100% sanci i sto e najvazno pobedivme ekipa kojaa igra najdobar fudbal vo italia, ima nesto neli sto ne go razbirame ni ja ni ti no ne go stavile za zabe strama trener,se dodeka pobedime ne mi cue k...t kakva formacija ke igrame iako bev protiv vakva formacija, na kraj kraista ova godina samo prvenstvo se borime i nov tim imame pa od druga god. se nadevam deka ke bide druga prica,pamtis juve proslata god. samo po 1-0 pobedija dodeka napravija dobar tim sega i igrat dobar fudball i pobeduvat.

Не е Страма, туку Касано и Милито се, во случајов. Односно денеска, конкретно за неговите ситуации, Милито.
Колку од ситуациите на Милито и головите што ги дадовме до сега дојдоа од работена игра, од напаѓање како тим? А колку од поединечни моменти.
Индивидуалност. Тоа го напишав и во првиот пост. Кога квалитетот на индивидуалците нема да работи, ќе останеме само со 7 дефанзивци. Тоа беше проблемот и досега со тимот.

Ја не ни викам дека разбирам повеќе од Страма ни дека сум постручен, ни нешто посебно ми е гајле за таа професија. Уствари воопшто не сум стручен , ама тоа не ме спречува да кажам дека импресијата што ми ја оставиле со играта не е добра. Тоа е најнормална работа и поентата на форуми.
--- надополнето: 1 октомври 2012 во 01:37 ---
Како е цепидлачење ако очекувам, тимот барем кога има играч вишок да може повеќе од минута и пол да ја задржи топката во посед. Тоа треба да го знаат и против Рома и против Фиорентина и против Пескара и Сампдорија да гоп прават.
Проблемот е што ја барем не гледам некој напредок од со Киево. Милито повеќе се движеше можда. И помотивирани беа како тим.
Ај можда до мене е.

А и ген или не, тоа мора да се смени. Со Мурињо не беше така. Скоро секоја утакмица во домашно првенство ја доминиравме, во ЛШ беше друго, најмногу ради помал квалитет од некои екипи. Има разлика од тоа да ја оставиш иницијативата на противникот некој период и цел натпревар да ја даваш топката назад за да пробаат пак.
Не е ни убаво да се гледа, не е ни ефикасно in the long run.
 
По читањево гледам дека сме изиграле далеку подобро од претходниве утамкици.
Си ја најде излеа Страма најдобрата формација,нека тера тогаш со 3 дефанзивци ако има успеси:).
Следно коло комшиките се следни,идеме на победа!
 
Катастрофа игра! Пак.
Ако има кај да се употреби она лекција по модерен фудбал, ова е дефинитивно добро место за тоа.
Што ако победиле, ич не ми се свиѓа како играат. Ова е Интер од лани. Уствари ова е Интер од 60. Сериозно. Проверете како играле и споредете со нив.
Досега индивидуалност единствено не вади, како и ситуации, онакви случајни неиспланирани ситуации, кои мора да се појават у натпревар.
7 дефанзивци и 3 напаѓачи, стил на игра, како пуштени сами на себе, не можат една едноставна игра по шема да изиграат. Не можат еднаш плански да ја изнесат топката напред.
Па мали деца го можат тоа ебаго.
Единствена светла точка беше Хуан. Самуел труп.
А единствена светла точка од почеток на првенство е Касано. Да не искочеа Милан глупаци на лето и буквално да не ни го подареа, којзнае што ќе беше од нас сеа.

Неверојатна промена во менталитет и на стил на игра на Страма, после само 4 ебани изиграни натпревари во првенството. Не знам која е причината, дали сам се решил или му суфлирале од страна, ама ја мислам не му требаше.
Gledam nov si na temava!Kje te predlozam kaj Morati ti da go zamenish STRAMA,veruvam deka nema da me odbie!
 
loophole
Не мислам дека проблемот со поседот на топка е толку до формацијата колку шо е до невооиграноста. Дур Фиорентина напаѓаше со играч помалце нашиве беа поќе збунети од шо беа `надиграни`. Не знам дали ти текнува, во еден момент Гаргањо и Занети тргнаја на ист играч, негде на 30тина метри од голот, и овај само ја турна топката меѓу нив и си помина, а овие го гледаја. То не е ради формацијата, то е ради то шо Страма мена 300 формации уназад.
А доколку останиме на ова и играчите се навикнат, oва можи и да е добитната формација за успех во првенствово.
Одбраната е солидна, со исклучок на Самуел, имаше неколку грешки сношти, а и голот беше негова кривица. Ранокија и особено Хуан се супер стабилни, конечно имаме одлично штоперско дуо.
Мислам дека ти имаше спомнато претходно во некој пост да се проба со Камби како трет штопер, и та идеа ми се свиѓа, плус се отвара место за Оби/Алварез во средина.

Е са викаш дека шансите/головите не биле од акции, не сме напаѓале како тим. Е за ова не се сложвам, барем не за денешната утакмица. Пречката на Милито беше еден од најубо изработените напади на Интер од 2010 до сега. А и пред другите шанси на Милито, и голот на Касано беа сврзани неколку паса, шо е за мене доволно, не мора да ја пимпламе три дена топката, `да градиме акција` па да дајме гол, и овие, макар биле од некакви полу-контри, се сосема доволни. Како гол од поединечен момент го сметам оној на Милито против Торино, таму аргументов дефинитивно ти важи, ама овде не.

Овај Интер, со малку fine tuning е сосема задоволителен за сега
 
Абе остајте го човекот си кажува свое мислење. Може не му се допаѓа ваквиот начин на игра. Еве јас на пример, вчера забележав подобрување, и тоа големо за разлика од претходните натпревари но има уште многу да се напредува. Кажав и во моите претходни постови, не смееме да даваме на екипите да доминираат кога ние имаме водство, тоа го прават екипи од рангот на Киево и Сиена, ќе дадат случаен гол па паркираат автобус пред гол. Не дека ние паркиравме автобус но едноставно не ја држевме топката во своите нозе.
Не напаѓајте безвезе, има аргументи да биде незадоволен типот, ова не е оној Интер кој треба да го гледаме и на кој навикнавме изминативе години. Еве и јас го хејтам Нагатомо, во секој пост скоро го спомнувам и го пцујам, а можеби на некој му се допаѓа како игра. Лично за мене е колатерална штета, игра место Переира, ВТФ? Неможе еден дуел да земе зошто има 120cm и 25 кила, му ебам тоа озрачениот.
 
Јас мислам дека Киву кога ќе се врати ќе е корисен во оваа формација....
Добро би било да се проба Киву-Ранокија-Хуан
 
Катастрофа игра! Пак.
Ако има кај да се употреби она лекција по модерен фудбал, ова е дефинитивно добро место за тоа.
Што ако победиле, ич не ми се свиѓа како играат. Ова е Интер од лани. Уствари ова е Интер од 60. Сериозно. Проверете како играле и споредете со нив.
Досега индивидуалност единствено не вади, како и ситуации, онакви случајни неиспланирани ситуации, кои мора да се појават у натпревар.
7 дефанзивци и 3 напаѓачи, стил на игра, како пуштени сами на себе, не можат една едноставна игра по шема да изиграат. Не можат еднаш плански да ја изнесат топката напред.
Па мали деца го можат тоа ебаго.
Единствена светла точка беше Хуан. Самуел труп.
А единствена светла точка од почеток на првенство е Касано. Да не искочеа Милан глупаци на лето и буквално да не ни го подареа, којзнае што ќе беше од нас сеа.

Неверојатна промена во менталитет и на стил на игра на Страма, после само 4 ебани изиграни натпревари во првенството. Не знам која е причината, дали сам се решил или му суфлирале од страна, ама ја мислам не му требаше.

До некаде се согласувам со тебе. Мислам дека дечкиве од што немаме победа на Меаца се израдуваа и залетаа малку отпојќе. Тоа што си ја тепавме Фиорентина е супер и јас секогаш сум за победа со никаква игра отколку за пораз со одлична игра. Не се согласувам дека играта беше катастрофа од причина што создадовме многу шанси, но се согласувам дека со ваква поставеност силна екипа може да не торпедира, ако на тоа мислиш, а мислам дека на тоа мислиш. Мене вчера искрено коса ми се крена кога Фиорентина 20 минути ни кружеше околу 16 метри и ни едно говедо во средина не се најде да пресече акции, да прави фаули и во основа да се бори за секоја топка. Дури и Ранокија изеде жолт затоа што мораше да направи фаул на средина за да пресече акција, а 5 души од среден ред ко да решаваат крстозбори. Едноставно не сакам ни да замислам што ќе се случи ако на Јувентус па дури и на ваков Милан му ја препуштиме средината и ги оставиме за 5 секунди да ни доаѓаат до 16 метри.

Кај нас проблем е формацијата и немањето костур на тимот во последниве 3 години. Лутаме од натпревар во натпревар, постојано нешто менуваме, немаме систем кој функционира и играчи на кои можеме да се потпреме. Што се однесува до Страма мислам дека ни еден тренер не би лутал толку ако некој друг не му се меша во составот и формациите и не му наметнува решенија, но тоа е само мое мислење поткрепено со ништо.

Патиме од лош менаџмент и аматерски проценки на можностите на нашите фудбалери. Немавме доверба во Хуан а дечкото е светска класа, сакавме да го шитнеме Ранокија а еве го веќе покажува зошто за него велеа дека е две класи над останатите дефанзивци на негова возраст во лигата. Човекот нема конституција на Хуан ама за разлика од лани влегува во дуели, има добри проценки и крајно е мотивиран. Не го играме Кутињо иако е еден од само неколку фудбалери во составот кои можат да направат разлика. Во суштина овие тројца мора да се стартери и да влезат во кругот на 7-8 души кои секогаш играат и го прават костурот на екипата, се друго треба да се надогради на нив. Ако сакаме да се стабилизираме. Ако не ќе продолжиме да лутаме.

Мислам дека одбраната е одлична, и Самуел не е лош иако не е во најдобрите години. Проблемот е што средниот ред ја остава одбраната на цедило. Да имавме вчера среден ред кој ќе ја контролираше играта, овие немаше да припарат до голот.

Ја стварно веќе не знам кој курс му е на Камби, трча како дух по теренот, ни д од деструкција, како Величе да го гледам.

Комплетно се согласувам дека ова е Интер од лани, зошто и лани знаевме да излеземе со никаква формација и да одиграме вакви утакмици. Но ова се истите утакмици од типот на Интер - Сиена 0:2 - напињаш, напињаш, и ако не дадеш ќе ти го свирнат и ќе се покакаш. Среќа што вчера дадовме.

За наша среќа имаме напад кој знае да искомбинира и одбрана што се уигрува од натпревар во натпревар. Мислам дека ќе бидеме подобри ако избегнеме непријатни порази во скоро време кои можат да го превртат бродот. Како што беше минативе години. Ако не послужи среќата во наредниве месец дена да извадиме добри резултати имаме добри шанси да се стабилизираме.

a kaj si go gledal ti inter od 60,jas na youtube ne mozam da najdam video?



Guarin shto storivte hejtanje be? Vleze posledni 5 minuti, i shto ako shutna?
Модерно е да се хејта. До припремите најјачи беше сега не чини. Па лошо шутирал. Другите никако не шутираат. Деки кога гаѓа гулаби? :)
 
Стајте си го во букмарк постот на Иосоно и читајте го секое сабајле пред работа/школо/факултет! Се е објаснето за моменталната ситуација во Интер и кој треба а кој не треба да игра. Секоја чест.
 
Ja гледав утакмицата од почеток до крај и ми се допадна тоа што од прва минута почна со Хуан и Коутињо,треба се повеќе и повеќе да добиваат шанса и двајцата,да стекнуваат искуство и ако продолжат со досегашниве игри,за година две ќе бидат носечка сила на “новиот“ Интер.
Хуан,значи каков стопер може да имаме за во иднина освен ако не се изглупираат од управа да го пратат на позајмница некаде :tapp:
Исто и Коутињо,таква слобода во играта,такви дриблинзи со кој ја мрднува цела одбрана на Фиорентина,само финишингот треба да си го поправи,а и то ќе си дојде на свое место со тек на време,само да не се излажат да го позајмат некаде пак или пак да го шитнат.

Сега неколку реченици за играта.
Генерално во целина не ми се допадна играта,барем мене,а се надевам и на повеќето.
Прво,ова не е игра за тим како Интер.Оваа игра ја користат тимчињата како Пескара и Чезена.
Интер треба да игра напаѓачки фудбал,цврсто на средината на теренот без дозволување на противничките играчи премногу лесно да доаѓаат на 16 метри пред голот на Ханда и да ствараат така шанси со три паса и нафрлена топка кон висок напаѓач или незгоден шут од далечина.
Самуел беше камен вчера,во неколку ситуации го спасуваа Ранокија и Хуан.
Нагатомо не е за во Интер и не е за прв состав во Интер,толку.
На негова позиција мора да се доведе нов играч.
Переира не игра на природна позиција,а треба и мора да почне.
Гаргано беше добар вчера,истрча многу и спречи многу акции на Фиорентина,борбено играчиште кој не се плаши да направи фаул и да добие жолт картон,нешто што треба и Камбијасо да го прави почесто.
Касано треба да биде појак во дуелите еден на еден,вчера лесно го избуткуваа дефанзивците на Виола од игра.
На Милито финишингот му е 000000000000,0000001.
Гуарин и Мудингеј не одиграа многу,па затоа и не ги коментирам.
И да,man of the match-Коутињо :love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom