Фан Клуб: Интер

(лимитираниот) Камби од кога дојде во Интер до ден денешен изиграл преку 250 натпревари, да не беше он, да беше некој друг, пофлексибилен, покреативен, со кого полесно би се реализирала трансформацијата од одбрана во напад може и ќе освоеа 5 скудета, една титула во ЛШ, светска клупска титула, 4 титули од Купот на Италија и 4 од Супер Купот ... оу, чекај.

И Гатузо не треба да биде сметан за еден од најдобрите деструктивци зашто на времето Кака беше во ненормална форма :|. или Рој Кин, зашто Сколси и Гигс растураа на времето :|.

И се додека Интер нема добар тренер, во вакви заблуди ќе паѓате за одредени фудбалери кои се од непроценливо значење за тимов. Мота да играше на местото на Камби во 2010, прашање е дали од групи ќе излезеа таа година, сите го видовме Мота на реваншот со Барса, не е способен тој психички да го издржи тој товар а и ја нема онаа интелигенција на Камбијасо.

Го цитирам Ферги што кажа по елиминацијата на Барселона од Интер '' Интер беа брилијантни, беа одлично поставени на теренот и не можев да помислам дека ќе бидат елиминирани, Камбијасо го затвори целиот простор. Пред две години игравме против Барселона и загубивме, сигурен сум дека сега постои начин како да се елиминираат. ''

Да, постои, штета што играч ко Керик ја вршеше прљавата работа во Јунајтед а на времето тоа го правеше Рој Кин ( лимитираниот Рој Кин ), затоа, и не е случајно тоа што Ферги посочи токму на Камби ко главна причина и тоа во ситуација со играч помалку ( може Паломбо или Куцка ќе успееа во тоа, поготово во една ваква ситуација, ако ептен, али она, ептен се лажеме ). Е јебига, зборовите на Ферги имаа огромна тежина и кажуваат многу за тоа колкаво значење има Камбијасо во играта од одбрана.
--- надополнето: 29 декември 2011 во 21:56 ---
Всушност ова сакав да го напишам и да го објаснам но Syn искоментира дека не е возможно да почни Раниери со Алварез ,Снајдер,Кутињо и Зарате во средината уште од прва минута..па не треба да почни и јас тоа го тврдам но да не биди Камбиасо зад нив за да ги поправа нивните евентуални грешки...
Е да, ќе биде Паломбо ... или Куцка. :pos:

Уште не ми е јасно како освоија тројна круна со Камбијасо во тим, дури 46 утакмици Мурињо го играл таа година. :eek:
 
Јако сте расположени.. како да ни игра тимот во Премиер лигата и да има утакмици на секои 3 дена.. толку не дискутиравте кога беше првенството во тек.:D
Свртете малце и за Мунтари, па запрашајте се тој како освои тројна круна.(y)
 
И Кварезма и Арнаутович ја освоија, со тоа што имаа поголем удел од Мунтари. :cool:
Мансини ја немаше таа среќа.
 
Syn премногу стриктно ми ги сваќаш зборовите и се што ќе напишам односно премногу буквално ..мислев дека знаеш што пишувам..како прво јас ти пишувам за ДЕНЕС значи од денешнат перспектива ти пишувам и за денешниот Интер,денешниот Камбиасо итн...во денешбните времиња се мачиме против Сиена и Чезена и јас ти потенцирав дека некој далекупофлексибилен и покреативен играч на неговото место ќе заврши повеќе работа за ваквите екипи..а не кога браниме резултат(ти се искажав за ова) или кога играме против поквалитетна екипа
 
Чаби Алонсо не знае да игра во одбраната, Чаби е ко што велат англичаните box to box мидфилдер со тоа што во одбрана мора да има партнер ко што тоа беше Маскерано во Ливерпул.

Не се ни ист профил на фудбалери за да ги споредуваме, ја чисто го спомнав само за да доловам дека Мурињо нема профил на играч во средина за одбрана ко што тоа го имаше во Интер, или на времето во Челзи со Есиен во нездрава форма.

А тоа дека го имале Снајдер, па го имаа, конечно, плејмекер имаа, секој тим треба да има играч ко Снајдер, како Кин опстана со години во Јунајтед а беше лимитиран ? Rings a bell ?

Не би рекол дека не знае. Игра пред одбраната за екипи како Реал Мадрид и Шпанска репрезентација. Он не е физикалец, трчач туку се потпира на позиционирање и интелегенција како и Камбијасо, добар е и во стартовите. Со тоа што е ненормален пасер плус. Едноставно секогаш може да најде сигурен пас. Мене лично ми е еден од омилените играчи.

Модерниот фудбал се менува. Рој Кин играше пред 10 години и играше во 4-4-2 на позиција која исто полека се губи. И Фергусон се откажа од такви играчи веќе. Не е прашање на тоа дали се добри во тоа што го прават, туку дали е добро за тимот да ги има да го прават тоа.
Играта се менува, деца од 10 години се тактички спремни колку некои професионални играчи, се поминуваат се повеќе и повеќе километри по наптревар, спортската наука иде напред, играчите се скоро како роботи во играта. Примети ја разликата само во темпото на играта, во брзината на пресингот сеа и пред 10 години. И уште ќе се менува во иднина тоа зошто има огромен простор за напредок.
Сите играчи кои излегуваат сеа се технички супер спремни. Зошто се зголемумува физичката спремност, со тоа се намалува просторот за игра, времето за реакција, дозволеноста да се прави грешка. Затоа мислам дека ни треба друг профил на играч таму сега и во иднина. Не можеме да очекуваме Снајдер да се враќа да прими топка, да ја придвижи напред па да трча напред во напаѓачка позиција, тоа е многу предвидливо и лесно за бранење. Првиот дел треба друг играч да го прави. Затоа Мота нека го чуваат во ѕвоно зошто само он колку толку знае да го прави тоа. Ама неможе сам, тоа е јасно. Нашиот фудбал неможе долго да држи во денешни услови, се гледа тоа по кондицијата на играчите, затоа мислам дека некои играчи имаат страшен пад во спремноста после триплете.

Едноставно екипи како Барселона првенствено и сеа и Реал Мадрид го менуваат начинот на кој се игра фудбал. Сите други ќе мора да се приспособат, нема друга алтернатива. Мораме и ние да го следиме трендот. Ова е мое мислење, нормално
 
Syn премногу стриктно ми ги сваќаш зборовите и се што ќе напишам односно премногу буквално ..мислев дека знаеш што пишувам..како прво јас ти пишувам за ДЕНЕС значи од денешнат перспектива ти пишувам и за денешниот Интер,денешниот Камбиасо итн...во денешбните времиња се мачиме против Сиена и Чезена и јас ти потенцирав дека некој далекупофлексибилен и покреативен играч на неговото место ќе заврши повеќе работа за ваквите екипи..а не кога браниме резултат(ти се искажав за ова) или кога играме против поквалитетна екипа
Aма ти од ДЕНЕШНА перспектива забораваш дека Раниери е тренер, добро, еве, Камбијасо бил лимитиран иако ништо поразличен од 2010 во стилот на игра кога според еден Ферги бил клучот за успехот на Интер против Барса кога е во прашање одбраната ( против Барса, на Камп Ноу, со играч помалку ).

Што е тогаш со Снајдер ?
Минатата сезона даде 4 голови и имаше само 5 асистенции во Серија А, во ЛШ даде 3 гола и имаше само 2 асистенции. Оваа сезона дур играше исто, ништо поарен не беше. Што е со него, стар не е, напротив, во најдобрите фудбалски години е, ги поседува сите карактеристики кои ти ги спомнуваш во муабетиве, кажи ми еве, според тебе, каде лежи проблемот што оваа класа од фудбалер, лидер на холандската репрезентација на СП 2010, има ваква просечна, да не речам, мизерна статистика ?

Просто ко грав е.

И кои ти се тие пофлексибилни и покреативни играчи кога правиме муабет за позиција од теренот која е стационирана веднаш пред задната линија, секој тим има по 1 ваков фудбалер.
 
Едноставно екипи како Барселона првенствено и сеа и Реал Мадрид го менуваат начинот на кој се игра фудбал. Сите други ќе мора да се приспособат, нема друга алтернатива. Мораме и ние да го следиме трендот. Ова е мое мислење, нормално

И Тотенхем!
--- надополнето: 29 декември 2011 во 22:27 ---
И кои ти се тие пофлексибилни и покреативни играчи кога правиме муабет за позиција од теренот која е стационирана веднаш пред задната линија, секој тим има по 1 ваков фудбалер.

Секој има да..но кај другите екипи имаат различни типови на играчи во другите делови од теренот.како што ти го спомнав примерот со Пирло од Јувентус...Чаби Алонсо е многу подобар т.е. покреативен играч кој знае добро да ја изнеси топката напред(не ми ја спомнувај само Барселона аман ),еве немора тој да биди Александар Сонг е пофлексибилен играч кој знае многу повеќе работи да направи на теренот од Камбиасо и секако годините му го дозволуваат тоа..Модрич на пример не е класичен деструктивец но тој ги започнува нападите во играта на Тотенхем и се враќа назад кога противникот напаѓа..еве не мора англиска екипа кај Рома Де Роси е измислен за Камбиасо во секој можен поглед..јас ти пишувам за против клошарските екипи кои се мачиме да постигниме гол тука Камбиасо е слабата алка заедно со Занети и Мота9кој се перфкетни за бранење на резултат)..па и Монтоливо ќе служи повеќе од Камбиасо во погледот на градењето на акциите..Камбиасо бега од одговорност во секој напад и тука нема циркулација на топката затоа не можиме да сврзиме три паса...затоа ги спомнав Кучка и Паломбо ама ти се навраќаш на 2010 и дуелите против Барселона и што кажал Фергусон..значи пишувам за денешниот Интер и денешниот Камбиасо...Зан Снајдер неможам да коментирам ништо иако има катастрофална сезона исполнета со повреди и лоши тренери сепак тој е единствен креативен играч во нашиот мртов среден ред кој можи да направи разлика во играта и ги содржи тие способности да се гради играта врз него..но јбг не е таков тип на играч како Модрич да трча 10км по натпревар туку си е навикнат да игра зад напаѓачите..ама кај нас нема кој да му даде топка(освен Мајкон) па затоа е катастрофа и плус Раниери ете ти

...толку од мене!
 
Од 2010 Мај, до денес се поминати година и неколку месеци, од тогаш до ден денешен фудбалот не е сменет, сменет е тренерот на Интер, од авион на 41 накај Драчево отидоа у последниве 2 години, затоа реков, во заблуди паѓате само поради фактот што Интер е видно ослабен на тренерската позиција, а со тек на време, и во играчкиот кадар.

Интер во средината треба да игра со Камби и Мота, остатокот се да е со офанзивни карактеристики, моментално покрај нив играат и Фараони, природна позиција десен бек, лево Оби или Поли, играчи со дефанзивни карактеристики за средината, напред двајца статичари. Зар си убеден дека Камби е кочницата за да имаат игра аналогна на денешните барања во фудбалот ? Или проблемот лежи на друго место.

А за Чаби Алонсо, он ти е нешто ко Мота во ерата на Мурињо, не можеш да го ставиш во ист кош со Камби зашто во Шпанија таа прљава работа назад ја играше Бускетс, а на Европското претходно оној од Виљареал нигерот, не ми текнува на името, Алонсо во одбрана не знае да игра ( не дека не знае, едноставно не може да го понуди она што дестркутивци ко Камби, Маскерано, Бускетс и ред други можат да го понудат ), не може да одговори ни на барањата кои ги има Мур за тој дел од теренот, а Кеидира и Лас ко негови партнери и не се покажале нај нај, лани ако добро памтиш Мурињо дури се обиде и со Пепе ко деструктивец во дуелите против Барса што доволно говори дека типот беше и сеуште е во потрага по одговори за тоа како со Реал да и парира на Барса во тој дел од теренот.

Исто и Ферги баш дека немаше профил на играч ко Кин, рутински беше победен од Барселона и оваа сезона, а и во 2009, кај можат Керик и Андерсон да му го понудат она што Рој на времето му го нудеше.
--- надополнето: 29 декември 2011 во 22:33 ---
Тотенхем го имаат Сандро таму, или Хадлстоун, aма остатокот од тимот на тој дел од теренот е со офанзивни фудбалери. ;)
Чаби Алонсго за свој партнер лани го имаше Кеидира и Лас, исто и сезонава, а на моменти и Пепе играше ко деструктивец кај Мурињо. Чаби никад не бил оставен сам во средина без некој ваков класичен деструктивец кој ете, не одговара на тие твои барања и желби, во принцип, 90% од тимовите таму преферираат играчи кој тебе не ти се по мерак.

Чаби игра таму каде што сега игра Мота, со тоа што во напад е подобар од него бајаги, во одбрана не би рекол.
 
Се изначитав , очи ме печат... да ја насочиме малце темава кон индината не ке е лошо. Не поврзуаат со Варгас од Фиорентина неговиот аранжман би бил околу 10 мил, прашањето ми е која позиција би ја играл во Интер? Предпоставувам лево крило, али може да користи како полушпиц и лев вингер.
 
Се изначитав , очи ме печат... да ја насочиме малце темава кон индината не ке е лошо. Не поврзуаат со Варгас од Фиорентина неговиот аранжман би бил околу 10 мил, прашањето ми е која позиција би ја играл во Интер? Предпоставувам лево крило, али може да користи како полушпиц и лев вингер.
Последната. Крилен напаѓач, моментално нешто слично игра во Фиорентина.
 
Кога последно Варгас има играно лев бек Ико да не знаеш случајно ?
 
^Лев вингер играше пред да се префрли во нападот. Нешо ко Маикон стил ама од лева страна..

832434-12302011120609am.png
 
Лев бек нема играно со години и години ... и години, лево крило е моментално и во Фиорентина и во Перу и ако го земат, ќе го земат за оваа формација што сега ја преферира тинкеров, 442.

Знаете што ќе биде интересно, ако пример, го земат Варгас, го игра него ко лево крило, десно некој од Фараони, Алварез и Коутињо, и по враќањето на Снајдер, да го тргне Пацини или Милито или двајцата, а да го стави Снајдер а пред него Форлан или некој од овие ...

И уствари да го направи она што и сега може комотно да го форсира и ТРЕБА да го форсира, поготово против тимчињава малечки од Италија кои се убер неквалитетни.

Е тек тогаш

jackie-chan-meme.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom