Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Мир!!!

BTW: fcinter.com.mk и time.mk направија соработка, така да вестите од fcinter.com.mk ќе се објавуваат на тајм. Тоа е чекор кон нова публика а и предизвик, ние од фан клубот да се вклучеме сите со новости да ги збогатиме содржините на сајтот.

Благодарност на сите
 
Тоа е веќе до перцепцијата твоја, ја зборам сепак за официјални титули, ти си се радувал за период кога клубот беше обвинет за местење и беше префрлен во втората Италијанска лига, а 1 од инволвираните во тој процес е веќе и осуден од независен суд од Неапол и е прогласен и официјално за виновен ...
Тоа што некој живее у лага за истово е негов проблем и што спомнуваат за некаква фарса, а кога ке му се постави прашањето, еве, зашто е обвинет Џируаудо и е прогласен за виновен за match fixing работи незнае што да одговори и ќути ко Муле. Ако се оди по логиката на Моџи, или сите виновни или сите невини, пак се поставува прашањето, зашто судот од Наполи веќе го прогласи Џируаудо за виновен, или сите сме невини, ама Џируаудо е виновен и е обвенет за местење на натпревари со Јуве. :tv:

Нели муабетот беше се додека не се прогласи некој за виновен бла бла бла, епа ете, 1 човек од тогашниот Јуве е прогласен, и сега што правиме ?!

Како и да е, ако отвориш било кој сајт поврзуван со Калчото, таму стои дека Јувентус у задњи 10 години освоиле 3 титули, толку, а потоа и е врвот на најголемиот италијански скандал, Калчополи ...

Друга работа, 20те години што ги спомнуваш, ја од тие 20, 7-8 сум ги осетил, е сеа ако се лажеме, кога имав 9-10 години '' кубев '' коси за Интер, или кога бев прва-втора средно, други работи тогаш ни беа '' приоритетни '' така да реално, не е исто сеа да го гледам Интер како не освојува титули и да биде лош, и на 10 или 14 годинки, кога кукав за Сони плејстејшт кое никогаш не ми го купија, ебаго.

Нема везе, зборот ми беше дека ти спомна кој колку се радувал, а искрено да ти кажам за тоа процесот на Џираудо, Моџи лево-десно ама ич не се разбирам, а и не планирам ни да се замарам. Бил, не бил крив мене гајле ми е, ако е тоа правдата нека ги пратеа и во 4та лига мене тоа не ми е проблем. Јас сакав само да ти кажам дека тој период што го спомна од 10г. Јуве не е без ич и некој се радувал на тоа, а тоа дека после тоа се докажало како наместено никој не ми кажал ај врати ја сеа радоста што си ја доживеал ( малце глупо кажано ама незнам како да ти објаснам за да ме сфатиш :) ).
Било што било, нови времиња идат и стварно дегенско е да се расправаме кој колку доживеал.
Еве и на АЦАБ сме му сметале, јас само сакав нормална конверзација да водам, а не ај дојди ваму или таму да се пресметаме!! Позз
 
Кутињо од првата минута? Можеби.
Па преку попреку више со ова "можеби",све тоа го вика а никако не го става.Дај више стај го детето нека поигра.
Пандев или Милито нека седнат на клупа,па ако ни притреба,барем ќе имаме добра замена.:)
 
^
^
Добро игнорирај такви постови, како и да е, цела моја поента беше следнава, ако Ацаб или било кој друг бил напатен, тогаш под дифолт и за тебе ја можам слободно да кажам дека апла си пател кога си ги гледал Јуве со Кротоне и остали, не дека тоа е мој став, не се ни замарам со ова, али стриктно одев по онаа логика дека ние овде сме биле напатени.

Нејсе и тоа, ја заокруживме некако дискусијава, него на онтопик да отидам, за Интер, утре очекувам ист стартен тим ко со Рома со тоа што клупата ке биде оставена од овие играчи, Кастелаци, Мансини, Бијабијани, Коутињо, Марига, Сантон и Оби по можност, а не Мунтарино.

Иначе имате на Inter it слики од денешниов тренинг, оклештени сите од едно до друго уво ( поготово Снајди и Милито ), во добра атмосфера ги работат подготовките за дуелот со Вердер што е добро за цел тим и се удира само потврда дека медиумите пак сакаат да ја искриват сликата и да внесат немир во екипата ко што правеа и со Мурињо.

135391.jpg


135390.jpg


135371.jpg


135377.jpg
 
Од биолошкиот татко на Балотели, Марио е фан на Јувентус

Или е многу збунето детево или поверојатно си праат тираж на негово име.

Интер го сака Марин - Вердер

Прво игра на позиција Снајдер, второ како алтернатива го имаме Кутињо, а не поврзуваат (неоправдано) и со Љаjиќ, ако не да ги купиме сите надежни плејмејкери под 22 години.
 
Може да се случи вечер Арна да не поздрави со голче , што викате :):):)
 
Може да се случи вечер Арна да не поздрави со голче , што викате :):):)

Може може ништо чудно,го пратев Арна во Вердер одлично се снаоѓа.Иначе за вечер би можело ли малку Милито да одмара башка и повреден беше,така да на негово место Ето а лево ке иде Бијамбијани :toe:
 
Јас мислам Суазо да го започни натпреварот па да докажи еднаш зошто седи сеуште и не одбива трансфер во друг клуб....сега таман кога немаме асолен шпиц па и суазо добредојден ќе биди....
 
И сеа што прајме ??
Суазо во напад, Кутињо од прва минута во игра, или во најлош случај Мунтари.:toe:

--- надополнето ---

упс, Суазо не ни бил повикан во составот на Интер
 
Епа ко така Ето останува во напад...а иначе за Кутињо сум песимист дека ќе покаже дел од неговиот репертоар во овој наторевар ако воопшто започни од прва минута!
 
Епа ако не игра Милито а Пандев ако е опоравен тогаш ке иде Ето на центар фор,а Пандев останува на десната позиција, би му дал шанса и на Кутињо по левата страна :toe:
 
Вечер ако се деси дебакл мене плукајте ме, после 5 години уплаќам ливче и кец у кец ги удрив :)
Нит Рафа нит Киву никој, мене ... и Деко ( него онака, не мора да има причина ).
 
Вечер ако се деси дебакл мене плукајте ме, после 5 години уплаќам ливче и кец у кец ги удрив :)
Нит Рафа нит Киву никој, мене ... и Деко ( него онака, не мора да има причина ).
Сингл ја бапна бе :pos:,ја знам дека ти не си по кладилнициве што така ти текна баш денес да уплатиш?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom