Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.031
- Поени од реакции
- 61.958
Види, ова може да е класична мамка за да си губат време противниците. Често пати сме имале најави за состави кои се менувале на 1 час пред утакмица.И според Газета Дело Спорт (сигурно имаат информации, прателе тренинзи, ова-она.. не пишуваат од рака), Интер ќе игра со 4-3-2-1. Значи сепак Лео е "будала" и мисли да игра со таа формација, а Џони?Добро, не дека е сигурно дека така ќе игра, ама најверојатно е...
Точно е дека Пандев не игра на крило во 4-3-1-2 ама имај во предвид дека формацијата е на хартија, а на терен се игра секако. Формацијата значи дека во офанзива Пандев ќе биде поблиску до голот, а ништо не го спречува во дефанзива да го брка крилото на Баерн до наша половина, по потреба. И не заебавај дека Пандев имал сила за 10 минути со Каљари, повеќе сајтови на Интер пишуваа дека физички беше многу поподготвен, што беше очигледно.
Со елката се имаме покакано повеќе пати. За мене е многу пологично да ја играме најофанзивната можна формација од старт, кога сме најсвежи. Таквиот пристап и ни донесе резултати во јануари, видовме како многу екипи беа торпедирани од почетокот на Меаца. Единствено мислам дека со Палермо не излезе по планот ама на крај тепавме. Елката држи некаква логика само затоа што немаме резервен напаѓач кој би засилил, ама ебеш засилување ако не оди 60 минути работата. И во овој и во оној случај, головите ќе ги збрцаат Мота, Камби, Деки и остали, од втор план
