Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе нигде не сум пишал дека Рафа е Мурињо, нигде не реков браво за Рафа, реков браво за екипата и победата, што толку се ставате во контекст на Рафа како он да е се во Интер.
И за последната реченица, браво викаше Занети, сигурно треба да се лечи чим го фалеше тимот што победи третокласна екипа од Кореа.

Не мешај баби и жаби сега ...
Ја алудирам на Рафа и само на Рафа. Победа ко победа сите и се радуваме, Занети ко капитен сигурно нема да искочи и да го збори ова што ја тука го зборам, ама и малоумник знае колку лесно може да се освои ова натпреварување поготово кога надвор од конкуренција е екипа која доаѓа од единствениот континент на планетава што колку толку знае да извади здрава конкуренција за европскиот првак.
Муабетот почна ради она твоено, Рафа пак не чини, на што следеа моите постови, дека нормално, нема да ни чини, победи против аматерски екипи за мене не се некој репер за него и за Интер, таму каде што до сега требаше он да се докажува, тој потфрли и тоа е тоа.

Ова натпреварување за мене е само формалност, победникот е познат уште кога Интернасионал отидоа во неповрат и тоа е тоа.
 
Некоја поука од Ливерпул да извлечевте? Во врска со Рафаел ...

A вие од Реал некоја поука да извлечевте? Во врска со трансфериве како Ибра, Ето, Чигрински, Мигрински?
 
AKO DOJDE DO TOA BENITEZ DA SE DOKAZUVA DEKA GO BIVA ZA TRENER NA VAKOV GOLEM KLUB PROTIV VAKVI 2 EKIPI ODMA PRAVAM - END OF DISCUSSION !!!
Коментар од фан пејџот на нет, тоа е она што јас го зборам а некој нејке да го свати само зашто сеуште верува во крофнава. :)
 
Честито победа против треторазредна екипа.Мило ми е за асистенцијата и голот на Милито.Ако знае некој дали е сериозна повредата на Снајдер нека напише?
Сега во сабота не чека лудиот голман и Мазембе!
 
Коментар од фан пејџот на нет, тоа е она што јас го зборам а некој нејке да го свати само зашто сеуште верува во крофнава. :)

Види секоја победа е битна, дали со треторазреден тим, дали со некој класа тим и не е толку важно во оваа ситуација, а ако нема некое значење оваа титула немаше да дојдат во најдобар состав Интер(каков таков најдобар е моментално овој што вчера играше)...така да сепак има значење за клубот ако нема некое значење за навивачите на Интер...титула си е титула и се брои.
А дај боже тимот да ни е здрав, па да го видиме Рафа дали ќе ја намали разликата на Милан, верувам дека до Јуни ќе остани.
Не дека нешто сеа го бранам него и застанувам на Бенеамата страната :) ..ама комплетен Интер и оваа сезона не видовме, сеа 1-2 утакмици ако играле заедно, не е тоа играње за мене и докажување на тренерот колку знае и умее.

А ако сакате да си замини Рафа во сабота навивајте за Мазембе и ако биди поразен Интер без дилеми ќе ги спакува куферите. :)


За играта денешна неможам некоја замерка да најдам, освен мизерниот Камби, мада тој е мизерен низ целата сезона...другите беа океј, вклучувајќи го и Пандев...ама нели корејскиот тим не е мерило за јачина тогаш џабе ми се замерки и пофалби.
 
Видовме комплетен Интер со Твенте, видовме со Атлетико Мадрид, видовме со Болоња, видовме со Рома, па и со Јуве.
Далеку од тоа дека не сме го виделе комплетен тимов, ете со А.М. беа надиграни во секој сегмент, комплетни, трофеј кој не само што ке беше ПРВ во историјата на Интер, туку и трофеј со кој ете, ке можеа да го повторат она што Барса го направи минатата година.
Проблемите во 1 тим се константна појава, ги имал и Ферги во Манчестер, ги имал и Манчини во Интер, и Мурињо такоџе со Интер, моментот е како тренерот се справува кога ке наиде тој бран на проблеми, а ете, Рафа се справи на тој начин што целосно испадна од битката за Скудетото, па сеа види ти ...
Освојување на титулата оваа година во Италија е рамно на фантазија-муабет у моментов, сите го потат со тоа што Рома лани го направија а заборавија 2 моменти, они сменија тренер и Интер беа газени од федерацијата во вториот дел од сезоната.

Иначе кој рекол дека овој трофеј е небитен ? Фактот што овој трофеј е прелесен за освојување поради (не)квалитетот на останатите не значи дека сметаме дека трофејов не е важен. Али и дека истиот ако се освои ке докаже дека Рафа е за Интер такоџе, е беден муабет кој искрено немам намера да го дискутирам, доволно е само да ја посочам табелата во Серија А ко главен аргумент контра Рафа.
 
Па неможам да зборам за тоа дека не се снашол со проблемите Рафа или што ти знам што и дека изиграл катастрофално, а дека другите тренери на Интер се снашле во таква ситуација...тогаш Интер градеше тим т.е Морати градеше тим за да дојди до тоа што му беше цел( како што Милан сега градат тим т.е последните неколку години и оваа година ќе резултира тоа вероватно со титула во Сериа А.), а тоа значи ЛШ, што минатата година ја освои (конечно)... + фактот дека немало толку повредени колку што имаше оваа сезона.
Проблем е што Интер оваа година нема клупа или има ама на неа седат некои со помината фудбалска кариера или што тек почнуваат да играт фудбал во некој појак клуб и немаат повеќе од 19 години и се занесуваат дека се некои таленти.
Грешка е тоа што Морати не донесе некој играч што може многу работи да промени во Интер, тој се задоволи лани со триплете и толку, како да се откажа наеднаш од клубот и не му е гајле оваа година што ќе направи тој тим...и нема везе тоа што треба да се штеди оти ќе се мењале некои правила со трансфери и ќе се немало пари или ќе се влегло во минус. за мене тоа не е оправдување за да не се земи 1-2 квалитетни играчи, а не некои од типот на Инлер или тој од Џенова што ни името не му го знам (по тоа се знај колку е добар фудбалер)
За мене повеќе е крив Морати отколку Рафа.:toe:


А за трофејот гледам дека и не ви е гајле дали ќе биди наш или нема да биди, барем според коментарите, не делуваат некако фанатични:)
И да не заборавиме дека Рафа е куп менаџер, за лига и не го бива :)
 
малку да се расположиме, тие што сте слободни гласајте на fcinter1908 кој играч ќе го засили интер во јануари.
еве ви слика како изгледа анкетата, запазете го второто име :)
33269559.png
 
Кратко и јасно, ова и на Бенеамата му го реков, види ги твоите очекувања, моите, или било чии други очекувања за Интер оваа сезона, и погледни ја моменталнава состојба и после постави си го прашањето, дали Рафа потфрлил ?!
Точно е дека имаа фејл од трансфер пазар летоска, али поради очајната финансиска состојба, и да зимаа играчи, ке ги донесеа Инлер и Скули, ако се лажеме, ке направеа они некаква разлика тука. Од европски првак сега имаш тим кој не е ниту во први 4 на табела, значи заостанува во таа битка, за место во ЛШ, а во борбата за титулата готово, тотален колапс имаат.
Од Рафа се бараше до Јануари да котира високо горе, нешто што можеше да го направи, поготово кога ке видиш во кои мечеви губеше бодови ( Лече, Болоња, Бреша, Сампдорија, Рома во 93та, Киево и тн ), што значи, типот потфрлил и тоа дебело, не може мене некој да ми каже дека Интер само поради пар повредени играчи, ке им треба непостоечки пенал за да извади реми со Бреша дома, тим кој гостува со серија од 5 порази по ред.

Така да незнам по која логика тераш дека Морати е повеќе крив од Рафа, по онаа дека го напушти Мурињо ненајавено ? По онаа дека пари за квалитетни играчи ко што сите сакаме немаше ? По онаа дека на Рафа му го остави главниот костур кој освои ЛШ ?
Сакаш да кажеш дека Морати е повеќе крив од Рафа што истиот тим од лани сега заостанува и во битката за 4тото место ?
Ма дај ...
 
Види, ама го утепавте со тоа дека Рафа е тој што треба да сноси одговорност, тој изгуби бодови во последни минути, тој изигра нерешено или беше поразен со некои екипи кои не се во рангот на Милан или некој друг поголем клуб.
А очајната форма на дел од фудбалерите (на страна повредите да ги тргниме) и тоа што го изиграа Милито, Снајдер, Камби, Пандев и уште некои го изиграа очајно, далеку се од минатата сезона....или Рафа не е добар мотиватор, овие неможат да се мотивираат сами, барем една од трите титули да одбранат.
Така да цела вина неможи да ја сноси Рафа, факт дека имаше дебилни измени, формации, ама сепак на терен играат фудбалерите, а не Рафа.
И Морати кој не зема некое засилување, ке се најдеше средства за добар фудбалер...20-30 милиони ги имаше спремено :)
Во глобала сите се криви што Интер падна многу ниско од управа, претседател, играчи и се по список, додуша се врати на исто место од кое почнав и да навивам, така да навикнат сум, за вас незнам :)
 
Чекај сеа малце, кој рекол дека ЦЕЛА вина ја сноси Рафа, ја имам кажано дека у 1 тим не е изводливо само 1 човек да има вина за лошите резултати, и обратно, за добрите, ама во секој случај 1 човек може да сноси најголем дел од вината и за едното и за другото, а во случајов, тоа е Бенитез.
20-30 милиони Морати никад немал спремено, види ја и смешната понуда за Маскерано и ке сватиш колку он имал спремено, или понудата која беа подготвени да ја дадат за Кајт а која беше 5м евра помала од онаа која Ливерпул ја бараа ...

Како и да е, со овој тим, бар до Јануари Рафа имаше простор да биде на врвот од табелата, дал прв или втор сеедно, и Милан му дадоа таква шанса ама он не ја искористи, кога кикснуваше со Бреша и Сампдорија дома, или кога прими гол од Рома у 93та а 2 минути го спремаше Марига да влезе у игра со што колку-толку ке го умртвеше темпото во продолжението и ке си заминеше со бод во Милано.

Убаво беше направено и на онаа монтажана за Injury.it, за книгата на Рафа, како да упропастиш европски шампион за 3-4 месеци, така нешто беше ...
Која вистина ја има само во ова.
 
Јас се вклучив само да пишам дека ако изгуби Бенитез од Мазамбе, треба да го врзат за статива и да му прават тунга-мунга.
 
Јас може само едно нешто да кажам . Дали е крив или не крив Рафа , тоа е тоа , меѓутоа ова Светско Клубско натпреварување дојде во прав момент за Интер . Се враќаат повредениве , ако го освоиме ќе се кренат самодовербата и моралот во екипата на повисоко ниво и плус има пауза во која може да се консолидираат редовите уште повеќе . Значи ова е вистински момент за Интер , без разлика дали Рафа ќе остане или ќе си оди и мора да се искористи максимално , МОРА

Thu, Jan 6 2011, 20:45 Serie A Inter v Napoli
Sun, Jan 9 2011, 15:00 Serie A Catania v Inter
Sat, Jan 15 2011, 20:45 Serie A Inter v Bologna
Wed, Jan 19 2011, 20:45 Serie A Inter v Cesena


Еве ни ги утакмиците кои ни следуваат во оној критичен период во Јануари , каде што се игра и Копа Италија
Од овие 4 утакмици очекувам најмалку 3 победи ( оние дома ) па и победа против Катанија во гости , и да им дишеме у врат на Миланизеви , да играат и они малку под притисок
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom