1.Пак се враќам на делот со Марига... Како бе ги чинеше пораз?? Ако Марига влезеше немаше да примиме гол? Така хипотетички ќе глеаме? Или Интер е екипата која треба да добие на време со измена у 93та минута... ко да водевме, па ќе го тупиме сеа... Марига моментот ти е апла без везе...
2.За делот со парите, јас многу убаво капирам што е и како е... Ама сепак позајмици бе другар, можеше да земе играчи на позајмица... Крај на муабетот. Што не позајмеа некој играч?
Ок де, лани у таа сезона биле 60м минус, а претходните кај се... Пак зимаа нашиве највисоки плати и слично... Башка, кажав јас, не требаше да се донесе Агуеро или Меси... Позајмици што не дојдоа, па ако се покаже играчот - прц пари.
1.Бод од гостување во Рим не е лош резултат, пораз од гостување во Рим у 93та, во дерби меч од Италија е '' трагедија ''. Според твојов муабет ко ништо да не значел тој пораз, ко да не влијаел врз морал на екипа а потоа следи меч со Јувентус дома, ко да им било сеедно што изгубиле на таков начин ...
Замената на Марига ке умртвеше темпо на игра, ке ќареше неколку секунди и тоа е тоа, веројатноста да земеа бод од тој натпревар беше огромна доколку таа измена беше направена во периодот од 91ва минута до 92ра и неколку секунди плус ...
Тој момент ја го спомнувам, очигледно ти тоа не си го сватил, зашто е аматерски потег од Рафа, 2 минути една замена прави, па сега да ти доловам зашто очигледно не можеш да ме сватиш што сакам да кажам, види како Мурињо реагираше по израмнувачкиот гол на Реал против Милан, за да ја направи заеманата на Албиол. Самиот отиде, му го соблече горниот дел од тренерката и веднаш го замени, а Рафа на подготвена измена се тегнеше 2 минути покрај аут линијата, и после на 1-0, го става у игра ...
За тебе ова ако е нормален потег, за мене е глуп и аматерски, ко и потегот Мунтари да игра крило во тој меч.
2.Ти читаш ама не дочитуваш, претходните сезони Морати можеше од свој џеб да ги покрива финансиските дупки, сега веќе не може да го прави тоа, што тука не ти е јасно ?
Затоа, не може да си дозволи Ибра-трансфер, можеа летоска да си ги дозволат само Скули и Инлер, и двајцата договорени но подоцна откажани од Морати, зашто типот сакал до Јануари вака да се тера па во Јануари да се пазари, кога ке биде во состојба колку толку да фрли поголема пара за некој играч, а не 3-4м евра за некој ко Скули.
И за овие позајмици и рати си се фатил, Ливерпул не сакаа за Маскерано рати, истото важеше и за Кајт, сакаа кеш, не сакаа ни играч во зделката, така да и тој муабет ти е само претпоставка, а ова беа двајца играчи кои ете, Бенитез самиот ги побара.
Милан донеса двајца добри играчи на крај од преоден рок, тука веќе и касно беше да се реагира за нешто посериозно, освен за Инлер кој у последен момент го откажаа, али пак, со овој тим како и да ја вртиме, до Јануари имаа основа и те како добра да бидат високо горе, во тоа никој не може да ме демантира, освен ако ми терате на фантазија па да ми кажете дека Интер има полош играчки кадар од Лацио, Палермо, Наполи, Јуве ...