Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
една интересна работа што ја сретнав сега на форца интер форумот, незнам колку сте забележале, и јас не забележав.
вечерва интер го имаше истиот состав со кој ја освои ЛШ пред 5 месеци, не броејки ги Камбиасо и Цезар.
 
benitez e ni\orazreden trener... kolku pobrzo zamini od inter, tolku poarno... ako ostani 2-3 godini ce bidite isti kako liverpul... nema da mozite da se soberite posle vo narednite 100 godini... ovoj coek ti e kolatelarna steta!
 
Ме изнасмеа , жими се!
Сега ке седнам со истите играчи против Бреша / топ / ПЕС!
Ке ги полнам ко мисирка за Божиќ!
Самуел си Е*а мајката!
ЛООООЛ
 
една интересна работа што ја сретнав сега на форца интер форумот, незнам колку сте забележале, и јас не забележав.
вечерва интер го имаше истиот состав со кој ја освои ЛШ пред 5 месеци, не броејки ги Камбиасо и Цезар.
Да, ама колку време?

Ме изнасмеа , жими се!
Сега ке седнам со истите играчи против Бреша / топ / ПЕС!
Ке ги полнам ко мисирка за Божиќ!
Самуел си Е*а мајката!
ЛООООЛ
Види, некои научници викаат дека ПЕС и овој вистинскиот фудбал, не се иста работа. Чисто онака... :smir:
Нема љутиш, така ми дојде :)
 
Ај некој нека ми каже зошто влезе Кордоба на местото на Мајкон а не Сантон?

Лани, кога игравме со Барса, Челзи, пред утакмица си викав што тактика ќе направи Мурињо, а сега некако го немам тоа чувство, не очекувам ништо од Бенитез во таа смисла. ВО прво полувреме може сите пириметија на страната на пандев киву, истовремено и снајдер и ето, никој не знае каде да се движи. Има многу повредени во моментов, па може да има некакво оправдување, ама почнав и јас да станувам песимист со Бенитез.

Не знам дали на крај на пренос слушнав убаво, ама кога оби лошо нафрли, почна бранче нц,нц ц...
 
Добро бе луѓе немојте толку очајно да го сваќате ова...па не е крај на сезона да му е*ам мајката. Што да кажеме ние кога врзувавме и по 4-5 утакмици лани без победа и тоа против дупло послаби екипи од Бреша? Дај кренете се малце не е уште крај...Поздрав! Мир!
 
Интер убаво стисна на почеток. Се додека не го даде Карачоло, Бреша само чудо ја спаси да не прими гол. После се свртеа многу работи, но и покрај се мораше да се освојат 3 бода.
Со оглед на тоа што прв пат по којзнае колку време Интер играше 4-4-2 со истурени крила, доста солидно функционираа на теренот. Со таква тактика беше и ризик нивните напаѓачи да имаат премногу простор во напад. Случајно искористија една шанса, ни Карачоло незнае како го помина Самуел.
И стварно незнам што очекувате од Бенитез, беше очекувано дека ќе има болни симтоми заминувањето на Мурињо. Немаше деструктивец денес, ќе требаше да почне со Оби, он одлучи да почне со најквалитетните 11 што ги имаше во моментот. Само можеби требаше пострпливо да играаат, а не да идат по секој цена да израмнуваат уште веднаш.
Сетете се дека со Сампдорија сите бевте задоволни од играта, гледавте Интер кој имаше шанси и течна игра, а немаше резултат... а тоа беше само пред две седмици. Интер само има премногу, ептен премногу лош сплет на околности кои се надевам дека нема да бидат кобни во престојниот период. Со толку многу повредени фудбалери, минимално заостанување позади Милан после дербито би било премија.
 
Коа го пцуев дебелиов со розевата кравата ( и денес ја носеше ) вие ми идевте контра .

1. Ова ме плаши највеќе , дека бенитез ни го сјеба тимов за наредниве 2 години , мака ќе мачиме , верујте
2. Прочитав еден пост погоре , БАРЕЗИ за тренер . Да и ја го викав ова истото летово . Ако ништо друго барем човекот ќе продужеше со работата на Мур и може да има само подобри резултати од оваа гнасава дебела
3. Маикон не игра ко шо треба , исто и Снајдер . Тука треба дебелиов да стегне . Ко што викаше Syn лани за Цезар ( да имаше мурињо алтернатива овој немаше да брани ) . А овој има алтернитава каква таква
4.Со волку изгубени бодови дома , титула не се зима
5. Да бидеме среќни , барем со дебелиов не го доживеавме првиот пораз дома после долги години
 
Искрено, зашто го кривите Бенитез за повредите? Лоши тренинзи? Ај мало потсетување:
1.Минатата сезона Мурињо цела втора полусезона играше буквално со истиот тим, секогаш кога можеше, првенство-куп-лш, играчите ги истроши максимално.
2.Потоа, одма дојде СП и играчите немаа време да се одморат.
3.Играчите со 30+ години имаат поголеми шанси за повреда, чиста логика ти е тоа.
4. Ај за ова, Кутињо, детенцето според многу од вас кој што ќе го искасапеа италијанскиве играчи, колку пати до сега се повреди? Не влијаеаа на него лошите тренинзи на Рафа и ако се знае дека баш он е на посебен режим на тренинг т.е. поинтензивен.
5. Интер и минатата година имаше проблеми со повредите на средина од сезоната, со Сиена, Интер играше со 3-4 младинци, значи повредите не се ништо ново.

Сеа уште е за вас Рафа крив за повредите?
 
Добро бе луѓе немојте толку очајно да го сваќате ова...па не е крај на сезона да му е*ам мајката. Што да кажеме ние кога врзувавме и по 4-5 утакмици лани без победа и тоа против дупло послаби екипи од Бреша? Дај кренете се малце не е уште крај...Поздрав! Мир!

Епа тешко ни е да се навикнеме, 5 години по ред шампиони во Италија, лани триплета, не е исто кога губи Интер и кога губи Милан. Миланезите се навикнати во последниве години на порази и неуспеси, што не е случај кај интерашите. Поздрав и до тебе. :)
 
Ќе ги видам сега сите што плукаат по Бенитез, што ќе зборат на крај на сезона или за некое коло, кога верувам дека откако ќе се вратат барем пола од повредените играчи, ќе видиме сосема различен Интер.
 
Добро бе луѓе немојте толку очајно да го сваќате ова...па не е крај на сезона да му е*ам мајката. Што да кажеме ние кога врзувавме и по 4-5 утакмици лани без победа и тоа против дупло послаби екипи од Бреша? Дај кренете се малце не е уште крај...Поздрав! Мир!

Ха ха... фала на оптимизмот ама толку сме даун што ништо не помага. Кога ќе видиш во неколку недели како ти се повредуваат еден куп играчи, и кога мислиш дека не може полошо, па се повредуваат Жулио Факинг Цезар, Самуел, Снајдер... тури му пепел... Во моментов кога би составиле два тима:

ИНТЕР (ПОВРЕДЕНИ + мала помош)
Н'ВАНКВО - МИЛИТО
СНАЈДЕР
МОТА - КАМБИАСО - СТАНКОВИЌ-МУНТАРИ
МАРИГА - САМУЕЛ - МАИКОН
ЦЕЗАР

ИНТЕР МОМЕНТАЛЕН СОСТАВ
ЕТО - ПАНДЕВ
КУТИЊО - ОБИ - ЗАНЕТИ - БИАБИАНИ
КИВУ - КОРДОБА - ЛУСИО - САНТОН
КАСТЕЛАЦИ

Кој е фаворит?
 
Ќе ги видам сега сите што плукаат по Бенитез, што ќе зборат на крај на сезона или за некое коло, кога верувам дека откако ќе се вратат барем пола од повредените играчи, ќе видиме сосема различен Интер.

Ја јавно кажувам , и Кристијано Роналдо да го донесат дека дебелиов не го поднесувам , и титула да земе пак нема да го поднесувам , уште пред неколку години кога ги унакази Ливерпул. Запиши што сум кажал .
 
Бенеамата, srsly, со самиот пост само потврдуваш дека Бенитез е крив за овие повреди, остај ни светско метско, зашто сега Реал ги нема повредите кои им беа проблем лани на пример ?
Се е до тренинг системот, со Манчини беа изразени дур беше тренер, со Мурињо не, беше ФАНТАСТИЧЕН у тој поглед, знам дека сакаш да го видиш она што ти одговара, али малку отвори ги очите и не барај некои други причини за 10 идентични повреди, мускулни проблеми ...

За се постои баланс, буквално за Се, а во тоа Бенитез дебело потфрли, па еден Снајдер кој дојде во Интер ти текнува за каков играч стануваше збор ? Ти текнува дека Ибра кај Манчини се повредуваше ? Ти текнува на кинењето на лигаменти на Самуел кај Манчини ?
Беше тоа случај кај Мурињо ? Не, зашто Мур знаеше како се прави тоа, феноменално балансираше и ненормално добро ги заштитуваше клучните играчи, па и самиот еве си кажуваш, лани буквално ги исцеди, ама од една страна и 9 на терен не губеа меч, од друга, СЕКОГАШ беа достапни за круцијалните средби, СЕКОГАШ !

Цела медиумска Италија го критикува Рафа за новиот тренинг режим, од друга страна, цела Италија, алудирам на фудбалските стручњаци, му симнуваа капа на Мурињо за неговиот тренинг систем, бидејќи Интер беа ЕДИНСТВЕНИОТ тим во Италија кој го немаше проблемот со повреди, дури во една емисија и знакот прашалник стоеше зашто е тоа така, нормално, одговорот беше Мурињо.

Така да, јап, Рафа е крив за овие повреди, незнае да балансира, 10 играчи со мускулни повреди и сеуште не ти е очигледно каде е кривицата ? .... Дај бе, на крај краева, сега со Бреша, за 45 минути имаше 3 принудни измени, енд оф стори.

п.с. Сега и во ова почнав да се сомнева, очаен Милито, очаен Маикон, очаен Снајдер ( преоачен ), очаен Пандев, уште една чудна коинциденција, покрај онаа со 10те повреди ради мускулни проблеми.

Ќе ги видам сега сите што плукаат по Бенитез, што ќе зборат на крај на сезона или за некое коло, кога верувам дека откако ќе се вратат барем пола од повредените играчи, ќе видиме сосема различен Интер.
Дур да чекаш да се вратат новите повредени, се повреди Самуел кој најверојатно ги искина лигаментите и можно е и чао да каже на целава сезона, се повреди и Маикон, се повреди и Снајдер. Значи едни се враќаат, други идат кај Комби, тоа е Рафа ...
 
п.с. Сега и во ова почнав да се сомнева, очаен Милито, очаен Маикон, очаен Снајдер ( преоачен ), очаен Пандев, уште една чудна коинциденција, покрај онаа со 10те повреди ради мускулни проблеми.

Пишав погоре , и за ова е крив дебелиот . Сега рафа може да го наследи Џони во Вардар
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom