Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
За Коларов треба да се расправаме со Реал Мадрид, барем според Интер Њуз. Но во духот на одличните односи со Лацио и некое милионче плус за нивната борбеност мислам дека ќе го решиме ова. Ако го земеме Коларов, Маикон си оди Рагаци. Ако сакате и кладба на аватар прифаќам за ова. Сантон едноставно мора да почне да игра на негова природна позиција, ако сега не инвестираат во нова легенда на клубот, не знам кога. Се е освоено, титули има, пари има, ќе го кешираат Маикон, Сантон десно, Коларов или Варгас лево. То је то...
 
Mногу, многу интересна информација ни даде Мурињо, имено, пред сезоната сакал Интер да тргнат по Карваљо но Бранка му рекол дека Лусио е многу подобра опција за одбраната на Интер па овој решил да го послуша неговиот совет. И дефинитивно, не зажали, а од друга страна ова доволно говори за сенсот кој го има Бранка, човек кој е од огромно значење за Интер. Со евентуалното доаѓање на Капело, заедно со Балдини ке бидат тандем снова.
 
Ако го губиме Маикон, тогаш ништо несми направиле само со Коларов. Коларов и не е толку вреден па да се набива толку голема цена, Лотито моментално ја искористува ситуацијата каде што за Коларов се заинтересирани два гиганта Интер и Реал Мадрид.
И јас се сложувам дека Сантон ќе биде идната звезда на Интер, но многу е склон на повреди, но Маикон е најдобриот десен бек.
 
И мене ме плаши тоа што малиот е склон на повреди, така да гарант доаѓа и уште десно во случај Маикон да иде, а истиов играч ке биде носен од Џенова, или Место или Сократис, грчето, кој изигра феноменално минатата година со што го привлече и интересот од Мур.
Муабетот ми е дека мора да се има алтернатива за таа позиција ако Маикон замине, односно, Сантон/Место(Сократис) да бидат употребени за таа позиција, сеедно кој од овие, и онака не се некои ѕвезди кои ке бараат загарантиран првотимски статус.

p.s. Место сезоната ја изигра повеќе ко десно крило, али може да ја покрива цела десна страна, уште од Јануари fcinternews шпекулираа за него ко замена за Маикон. Мур не греши кога бира играчи од Џенова, а Место и Сократис се они за кои сезонава овој човек пројави интерес.
 
Кога го имаме Бранка во Интер, нетреба повеќе да се грижиме за трансверите. Тој одлично си ги врши работите.
Браво за Бранка.

--- надополнето ---

Морати: Ибрахимовиќ може да се врати во Интер, но пред тоа треба да се извини
Морати би се сложил повторно во Интер да го врати Ибрахимовиќ, но само доколу Ибра признае дека неговото заминување во Барселона му било лош потез во неговата кариера.

Ибро сакаешти да освојува ЛШ со Барса ја испушти можноста со Интер да го стори истото, а судбината сакаше баш од неговиот Интер да отпадне Барса во 1/2 финале.

Морати:
- Еден ден ќе го вратам Ибрахимовиќ во Интер, но ако признае дека погреши кога не напушти ланската сезона. И покрај се ме одушевува без обзир на све, практично тој самиот ни донесе две првенства во Италија , но неговата пазарна цена е многу голема.
 
Ве молам доста за тоа дека ќе си оди Маикон....

Ајде исоно ја се кладам во аватар дека нема да си оди....

Не дека сум до толку сигурен дека нема да си оди, повеќе заради тоа што сакам да остане.... Голем фан сум на Сантон, дечкото ме освои со тоа како го чуваше Кристијано али ипак, Маикон си е Маикон... :)
 
Нека си остане Маикон.Тој самиот кажа дека си оди од ИНТЕР,само ако МОРАТИ му го дозволи тоа.Јас лично не верувам дека Морати ќе си дозволи да замине од ИНТЕР најдобриот десен бек во светот.Напишав пред малце дека КОЛАРОВ е првото засилување за ИНТЕР годинава,а за тренер кажав ДОН ФАБИО КАПЕЛО.
 
Ве молам доста за тоа дека ќе си оди Маикон....

Ајде исоно ја се кладам во аватар дека нема да си оди....

Не дека сум до толку сигурен дека нема да си оди, повеќе заради тоа што сакам да остане.... Голем фан сум на Сантон, дечкото ме освои со тоа како го чуваше Кристијано али ипак, Маикон си е Маикон... :)

Нема фан на Интер што сака да си оди Маикон, но шпекулациите се се погласни за негово заминување. Но и јас се надевам дека Маикон и понатаму ќе го гледаме во Интер.
 
Една молба Васко,уште еднаш кога ке пишуваш вакви сериозни вести,да оставиш и линк од кај што си го прочитал истото :)

Фала однапред.


Прво тренер е приоритет број 1 да се донесе,а потоа играчи,а ништо чудно Коларов да е договорен однапред...

Пријателе не ја земав информацијава од линк,туку вчера навечер ме извести еден пријател од Италија!
 
Пријателе не ја земав информацијава од линк,туку вчера навечер ме извести еден пријател од Италија!
Васко почна и директно од настаните да прибираш информации, побргу ги добиваш и од сите медиуми...
Браво !
 
0:47


Како можете да кажете дека после нешто вакво Маикон ќе го напушти Интер. И никогаш немам слушнато тој самиот да кажал дека ќе си оди ако Морати го пушти како што кажа Син. Впрочем, на секој втор натпревар оди до Курва Норд и `им го подарува срцето`. Единствена опција за негово заминување е да биде набркан од Морати.

Значи и јас можам да се кладам дека Маикон и наредната сезона не заминува НИКАДЕ! Ни фали уште Коларов лево, Сантон на калење во Лацио(позајмица, не целосна сопственост). И така Лацио е тим во кој и те како можат да просперираат младите играчи. Доволно за Сантон во Лацио ќе биде да ги надмине проблемите со повредите и го враќаме наредна сезона.

Со оглед на пријателските односи меѓу Интер и Лацио ова е и те како можно да се случи!
 
Васко почна и директно од настаните да прибираш информации, побргу ги добиваш и од сите медиуми...
Браво !

Морам ДУМАН.Се интересирам за се што се случува околу ИНТЕР и од секаде прибирам информации.

--- надополнето ---

0:47


Како можете да кажете дека после нешто вакво Маикон ќе го напушти Интер. И никогаш немам слушнато тој самиот да кажал дека ќе си оди ако Морати го пушти како што кажа Син. Впрочем, на секој втор натпревар оди до Курва Норд и `им го подарува срцето`. Единствена опција за негово заминување е да биде набркан од Морати.

Значи и јас можам да се кладам дека Маикон и наредната сезона не заминува НИКАДЕ! Ни фали уште Коларов лево, Сантон на калење во Лацио(позајмица, не целосна сопственост). И така Лацио е тим во кој и те како можат да просперираат младите играчи. Доволно за Сантон во Лацио ќе биде да ги надмине проблемите со повредите и го враќаме наредна сезона.

Со оглед на пријателските односи меѓу Интер и Лацио ова е и те како можно да се случи!
Никој не веле дека Маикон ќе го пушти ИНТЕР да си оди.Тој самиот даде изјава дека останува во ИНТЕР,а тоа го покажа и на натпреварот против Јувентус.Но истотака покасно изјави дека си заминува од ИНТЕР само доколку г-динот МОРАТИ му дозволи!
 
Супер е идејата Коларов да го донесеме во Интер, а Сантон една сезона на позајмица во Лацио.
 
Супер е идејата Коларов да го донесеме во Интер, а Сантон една сезона на позајмица во Лацио.

Само во случај Маикон да остане со нас,во што сум уверен донекаде.!!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom