Да бидеме реални, Пандев беше очајно лош, гледам овде некои викаат али асистирал до Ето феноменално ... не бе, немаше ништо феноменално во неговата асистенција, дури и беше далеку од перфектна, тоа што беше перфектно и фантазија у муабетов е завршницата на Ето.
Со оглед дека Ето отиде на ножички ко једина варијанта за тој пас, не глеам што тука Пандев супер направил при асистенцијата.
Друго, две супер контри упропасти при кои можеше многу лесно да се постигне гол, а во второ падна и кондициски и повторно грешеше при додавања, се на се склопено, лоша вечер за Пандев но супер коло за Интер.
Зашо очајно лош?
Во 80 минути од натпреварот Пандев беше удвојуван со по 2 играчи.
Кога и да ја земеше топката секогаш се одеше на прекршок и никако не му се дозволуваше да добие слободен простор.
Имаше една асистенција која не можеш да кажеш дека случајно ја упатил таму а Ето извадил максимум од неа.....па не е он Молер да го ебам па да не се очекува таков пас од него.
Секогаш се повлекуваше на страна знаејки дека одбраната се концентрира со по двајца играчи на него и се трудеше да остави шо повеке простор за Ето.
Статистиката вели дека имало највеке прекршоци врз него со што и се потврдува дека не му се дозволуваше чист контакт со топка.
Имаше дури 4 прекршоци врз него додека другите беа со по 1 или 2, врз Ето имаше 1, Кварезма 2.
Потоа на повеке ситуации топката не се додаваше на него кога тој навистина беше отворен.
Ситуацијата кога во контра Кварезма нафрли ниско Ето наместо да ја остави топката за Пандев кој чекаше сам на 5 метри од голот тој се полакоми за удар и тоа удар со колено.
Уште една ситуација која се секавам Кварезма влезе во шеснаесет и наместо да врати на Пеналот каде чекаше Пандев небранет од никого тој продолжи со топката и притоа центрираше кој Ето чуван од 2 на 5 метри од голот и нормално пропадна акцијата.
Значи Пандев не одигра ЛОШО туку таква му беше задачата.
Да се трга настрана да привлекува играч и да остава празен простор за Ето и Кварезма. Мурињо знаеше дека во отсуство на Снајдер противникот ке мислеше дека Пандев ке ја има организациската улога.
На почеток во првите 30 минути се виде тоа најдобро, кога се настојуваше да се покаже дека Пандев ке биде организатор и сите се сконцентрираа на него, за потоа полека тежиштето на игра да се префрли на Кварезма и Мота од средината.