Остајте сеир, овој резултат на Милан е од огромна, повторувам, огромна корист за Интер поради фактот што во мечот со Рома во Рим нема да влезат со помислата дека со евентуален пораз или нерешен резултат Милан ке се искачи на врв ( доколку и тие победат истото коло ).
Е сега тој товар наречен притисок значително се намали, со Рома гости Интер игра феноменално во последниве неколку години и искрено, очекувам победа на тој терен, победа со која ке се удри печат за Скудетото и потоа силите ке бидат насочени кон ЛШ.
Таков е фудбалот, јебига, пред мечот со Наполи Милан беа во состојба да дојдат на врвот од табелата со победа, а еве по само 3 дена они се - 4 на табелата и наредниот меч го играат без Рони и Пирло, плус Пато не е тука.
За денешниот меч, нема што многу да се удри на филозофии, Ливорно не искористија шанса во први пола саат кога Интер едноставно не играше фудбал, од 36та минута нагоре само една екипа играше. Тоа што е релевантно од денес и мене многу ме радува е следново, Киву се врати и одигра супер меч, Ето конечно го скрши оној малер кој го следеше по враќањето од Африка, и Мота и Маикон изиграа маестрално, перфектно, сите овие набројани работи се од огромно значење за тимот во натпреварите што следат.
Не бев импресиониран од Кварезма, Пандев беше индиспониран, грешеше основни работи, а Матераци до 36та минута делуваше ко аматер и бар мене ми удри потврда дека едноставно не е за фудбал веќе, го изгуби оној осет за дефанзивец и Интер делуваа ко да имаат играч мање на тој дел од терен.