Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Каква само атмосфера се направи на трибини кога кажаа дека билан губи. Почна да се навива многу гласно, а пред тоа беше доста мирно како за еден првенствен натпревар. Сите на трибини почнаа да пеат и да играат, дури и јас се раздвижив:vozbud:
 
Pandev izigra super vecerva imase asistencii i go pridvizi napadot :wink:

Пандев освен едната асистенција не направи ништо посебно, грешни пасови колку ти душа сака.:nenene: Ај да се надеваме дека ќе се врати во посакуваната форма и ке брца пак голови. Инаку Кварезма одигра добар натпревар, посебно првото полувреме го изигра топ, второво скоро и не се виде. И да, кој му е филмот на Мурињо што не му дава воопшто шанса на Арнаутович при водство од 3-0 и преморен Пандев. :kesa:
 
Каква само атмосфера се направи на трибини кога кажаа дека билан губи. Почна да се навива многу гласно, а пред тоа беше доста мирно како за еден првенствен натпревар. Сите на трибини почнаа да пеат и да играат, дури и јас се раздвижив:vozbud:
Изгледа Парма ти напраи поголем ќеиф што ги тепа Билан, отколку Манчестер Јунајтед кога ги тепаше со 4-0.
 
Тиаго Мота - ЗВЕРОТИНА ..... 11 од можни 10 му давам
Кварежма исто
Марига - 8
Маикон - 9
Занети -Стандард
Матераци/Кордоба-4/5ки
Цезар-8
Ето-11ка (мило ми е шо се враќа у форма)
Киву 10ка после 3 месеца неиграње
Камбиасо -9ка
 
Пандев не изигра којзнае што, ја имаше асистенцијата, ама и цело време беше добро чуван, најверојатно очекуваа дека тој ќе ја води цела игра. спротивно од тоа Мота и Кварезма ја водеа играта и збеснаа на терен, секоја чест за покажаното.
 
Изгледа Парма ти напраи поголем ќеиф што ги тепа Билан, отколку Манчестер Јунајтед кога ги тепаше со 4-0.
Да ти кажам право за тоа дека ќе победи Јунајтед бев сигурен, затоа поразот од Парма ми направи поголем ќеф:vozbud:
 
Остајте сеир, овој резултат на Милан е од огромна, повторувам, огромна корист за Интер поради фактот што во мечот со Рома во Рим нема да влезат со помислата дека со евентуален пораз или нерешен резултат Милан ке се искачи на врв ( доколку и тие победат истото коло ).
Е сега тој товар наречен притисок значително се намали, со Рома гости Интер игра феноменално во последниве неколку години и искрено, очекувам победа на тој терен, победа со која ке се удри печат за Скудетото и потоа силите ке бидат насочени кон ЛШ.

Таков е фудбалот, јебига, пред мечот со Наполи Милан беа во состојба да дојдат на врвот од табелата со победа, а еве по само 3 дена они се - 4 на табелата и наредниот меч го играат без Рони и Пирло, плус Пато не е тука.

За денешниот меч, нема што многу да се удри на филозофии, Ливорно не искористија шанса во први пола саат кога Интер едноставно не играше фудбал, од 36та минута нагоре само една екипа играше. Тоа што е релевантно од денес и мене многу ме радува е следново, Киву се врати и одигра супер меч, Ето конечно го скрши оној малер кој го следеше по враќањето од Африка, и Мота и Маикон изиграа маестрално, перфектно, сите овие набројани работи се од огромно значење за тимот во натпреварите што следат.

Не бев импресиониран од Кварезма, Пандев беше индиспониран, грешеше основни работи, а Матераци до 36та минута делуваше ко аматер и бар мене ми удри потврда дека едноставно не е за фудбал веќе, го изгуби оној осет за дефанзивец и Интер делуваа ко да имаат играч мање на тој дел од терен.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom