Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Јок бе на Тотенхем го шиткаме или трампа со Џенас :)
не верувам дека после ова непрофесионално бламирање ќе го сака тотенхем,
сепак мислам дека удине или торино е одлична релација за неговите "квалитети":salut:
 
Де бре што се замарате дали ќе брани Чех, Хиларио или пак некој трет. Не се битен дел од играта на Челзи, Интер треба да напаѓа и да шутира на гол, муабетот ми е дека безразлика кој брани треба да се тргне на гол и да се шутира, Чех не е олмајти, нити пак ќе му пројде топката меѓу нозе на Хиларио, на тоа не се надевајте :)
 
играл не играл нема врска, нека си ја изгради интер играта и нека се наметне па ако сака и абиати нека им брани :)
инаку додека бранеше чех дадовме 2 на меаца, кога влезе хиларио ниеден така да мене тоа барем мене не ми прави разлика :)

Кога флезе Хиларио не ни шутнавте на гол.

Повеќе ви одговара да брани Хиларио, Трбуљ (ко шо вели игорче) па Чех. Биди сигурен :smir:
 
Кога флезе Хиларио не ни шутнавте на гол.

Повеќе ви одговара да брани Хиларио, Трбуљ (ко шо вели игорче) па Чех. Биди сигурен :smir:
епа така де, што кажав ја, ако изградиме игра и чех знае да прими голови, впрочем 2 прими. а после не изградивме игра шанса немавме, џабе бранеше хиларио кога еднаш не ја допре топката.
 
Само да не помисли Мурињо да ги брани 2-1 од Џузепе Меаца, е дури тогаш ќе бидеме за подсмев.
Само виша сила може да ни помогне во Лондон.
Јас се надевам дека ќе ни помогнет некоја виша сила , и така никаква надеш немам во Мота, Марига, Суле, Станковиќ и Камбиасо.
Нападот ни е добар, голманот добар, одбраната е супер.....само уште четворицата во средниот ред ( сите се да ги однесеш во Фенербахче). негибиват ниту за деструктивци ниту за креатори, а пола се избор на специалниот особено Мунтари и Марига кој пред да дојдет во Интер немаше првотимски статус во Парма, а ние си замислуваме со него да го добиеме Челзи. Да се чудеш и да неможеш да поверуваш.
 
На Спортденес изјавија дека можно е против Интер да брани третиот голман на Челзи.

Само да не помисли Мурињо да ги брани 2-1 од Џузепе Меаца, е дури тогаш ќе бидеме за подсмев.
Само виша сила може да ни помогне во Лондон.
Јас се надевам дека ќе ни помогнет некоја виша сила , и така никаква надеш немам во Мота, Марига, Суле, Станковиќ и Камбиасо.
Ако сака Мурињо нека игра и 11-0-0 ама 1 гол ќе прими,а знаејќи дека тој незнае друга тактика црно ви се пишува.
 
На Спортденес изјавија дека можно е против Интер да брани третиот голман на Челзи.

Ако сака Мурињо нека игра и 11-0-0 ама 1 гол ќе прими,а знаејќи дека тој незнае друга тактика црно ви се пишува.

Добро, 11-0-0 ќе играме ќе примиме гол и ќе испаднеме. Само немој да цитираш вакви „извори“ кои велат дека можно било третиот голман да им брани. Можно е и кај нас Занети да биде стартер.
 
На Спортденес изјавија дека можно е против Интер да брани третиот голман на Челзи.

Ако сака Мурињо нека игра и 11-0-0 ама 1 гол ќе прими,а знаејќи дека тој незнае друга тактика црно ви се пишува.

не се брзај со заклучоци дека интер ќе игра овака или онака! како ќе игра интер знае само мурињо и тие 2цата новинари што се качуваат по дрвата како мајмуни.
а спортденес избриши си го од вебстрани, лошо е за здравјето.
 
Бидете сигурни дека Мурињо прв ќе посегне по гол :smir:


Разликата од Меаца (с)е Жирков и Алекс, и некои работи нема да бидат исти. Незнам дали некој од вас не гледаше денес, ама имаше доста нафрлувања (од Малуда) и ко шо спомнав во нашиот фан клуб, ако имаме расположен/и плејмејкер/и тешко дека некој ќе ги запре Алекс,Тери,Дрогба,Балак,Бане...
 
Шала настрана,не сте ама ич за потценување.
Иако имате мал пад во формата,утакмицата на Стемфорд ќе биде лудило.
Нешто налик на ланската помеѓу Челзи-Ливерпул,ако ви текнува.
Само сега се надевам дека нема да биде истиот резултат.

Ваша предност е што имате 2-1 резултат,а пак голманската позиција на Челзи е ептен загрозена.
Дали Трнбал дали Хиларио двајцата се дрва.Чех нема шанси да биде спремен за в вторник.

Ќе биде интересно едвај чекам.
Да бев од Скопје,ќе се соберевме ќе гледавме,ама вака..
Да се надеваме на друга прилика.
 
На Спортденес изјавија дека можно е против Интер да брани третиот голман на Челзи.

Ако сака Мурињо нека игра и 11-0-0 ама 1 гол ќе прими,а знаејќи дека тој незнае друга тактика црно ви се пишува.
Јас знам дека црно е напишано, но овде има неколку што не го прочитаа црното, а имаа можност тоа да го читаат цел месец.
Златко некогаш се случуваат чуда, како тоа што го направи Реал Мадрид против Лион. Да се надеваме дека и Челзи ќе направи „чудо“ и Интер да го видеме во 1/4 финале.
 
Бидете сигурни дека Мурињо прв ќе посегне по гол :smir:


Разликата од Меаца (с)е Жирков и Алекс, и некои работи нема да бидат исти. Незнам дали некој од вас не гледаше денес, ама имаше доста нафрлувања (од Малуда) и ко шо спомнав во нашиот фан клуб, ако имаме расположен/и плејмејкер/и тешко дека некој ќе ги запре Алекс,Тери,Дрогба,Балак,Бане...


Додека кај нас ако не игра Мунтари, готови сте. :tv:
 
Бидете сигурни дека Мурињо прв ќе посегне по гол :smir:


Разликата од Меаца (с)е Жирков и Алекс, и некои работи нема да бидат исти. Незнам дали некој од вас не гледаше денес, ама имаше доста нафрлувања (од Малуда)
и ко шо спомнав во нашиот фан клуб, ако имаме расположен/и плејмејкер/и тешко дека некој ќе ги запре Алекс,Тери,Дрогба,Балак,Бане...
Прв болд Проблем Малуда,решение Маикон.
Втор болд Проблем Алекс,Тери,Дрогба,Балак,Бане... решение Лусио.
>.<
 
Искрено да збориме,Лусио и не е баш толку константен сезонава.
Можеби изигра фантастично на Меаца,ама тоа не значи дека тоа ќе го повтори во Лондон против Челзи.
Можеби Дрогба беше ставен в џеб од гореспоменатиот на првиот натпревар,но тоа не значи дека Дрогба ќе биде камен и на вториов..

Верувајте,за се ќе одлучуваат нијанси.И секако подобриот и секако посреќниот ќе игра во 1/4 финале.:smir:
 
Не знаеме што-како ќе биде.Ќе видиме во Вторник.
Ќе одлучуваат нијанси И среќа.

Дај бе некој нека му каже на Пандев,"ненамерно"да го повреди Мунтари на тренинг.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom