Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Летово ако не се лажам доаѓа таа "кутијата" од Бразил, па мислам дека нема да има некое засилување на средина од оние поскапите..
Јас би одел на подмладување на одбраната бидејќи веќе сите имаат скоро 30 или ближат кон тоа.. продавање на Маикон на Реал за 30 милиони.. Еден помлад одбранбен.. И можеби некоја варијабла како што вика другарчево ФА во средина.. :pipi:


Па зошто мислите Реал нас ни го даде Снајдер за 15 милиони??? Па за да наредната сезона да им го испорачаме Маикон како што ти рече за 30 милиони.Не знам колку ке најдеме достојна замена за него, но како што пишува по новините Мануел Фернандес ќе биде негов наследник,потоа доаѓа Кутињо и како што во последни време пишува Хернандес.
 
Маикон кога би заминал, веќе имаме замена за него: Сантон. Потребен ќе ни биде лев бек, не десен.
 
Лев бек ===> Коларов :) Решен проблем хехе
Вчера немавме среќа во прво полувреме, не влегоа многу шанси, Пандев имаше 3 опасни шута, ама многу среќа голманот.
Во 90та минута Матераци исто можеше да ја реши, со што Мурињо уште толку би си го зголемил своето и така преголемо его. :) :) :)
Ништо страшно, бод од Тардини не е лошо
 
Текстот е преземан од Он нет!

МУРИЊО ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА
Паниката која ја крена веста околу четворицата Македонци кои во соработка со италијанската мафија планирале да го киднапираат Жозе Мурињо и неговото потесно семејство била тотално непотребна. Или барем така тврди Гардијан.

Новинарот Џон Хупер од британскиот весник вели дека лажните извештаи за планот на мафијата немаше воопшто да се појават во јавноста, доколку не беше интернетот. Четворицата уапсени всушност биле Роми, обвинети за провалување во куќи на богати семејства од северна Италија.

“Најнапред краделе регистарски таблички од скапи автомобили, преку кои ја откривале адресата на сопственикот. Потоа кога ќе се осигурале дека нема никој дома, го деактивирале алармот и провалувале преку врата или прозорец”, открива Вито Ди Џоја лидерот на операцијата, во текот на која била пронајдена украдена роба во вредност од 500.000 евра.

Како и секоја слична акција и оваа ќе останела незабележана доколку еден од полицајците кај криминалците не пронашол исечок од весник во кој имало статија за Жозе Мурињо, пишува Хупер. Според Ди Џоја тоа било единственото нешто што го поврзувало тренерот на Интер со случајот.

Набргу по акцијата, локалниот весник од Џенова, Кориере Мерчантиле објавил информација дека домот на Мурињо бил една од метите на бандата Роми обвинети за кражба. Нивната вест ја пренела новинската агенција Анса, но само еден водечки весник, миланскиот Ил Џорно ја објавил сторијата.

За само два дена, благодарение на интернетот веста се нашла на насловните страни во Португалија а потоа и во многу други странски медиуми. Се тврдеше дека бандата била поврзана со италијанската мафија, дека биле пронајдени видеа и фотографии од Мурињо а во Ла Стампа пишуваше дека некои од сликите биле направени додека Мурињо го возел својот автомобил.

“Немаме сознанија за каква било врска помеѓу овие луѓе и некаков организиран криминал. Ниту пак кај нив се пронајдени видео снимки. Тоа не се киднапери, туку само крадци и примачи на украдена роба”, го цитира Гардијан Ди Џоја.
Последна промена: 10.02.2010 #
 
Kako го натегнаа за Наполи, Росети го ставија за судија, човекот што досуди 2 пенали за Бари против Интер и човек кој не досуди чист црвен за Бонучи по направениот пенал врз Пандев.

Ептен тешко ке е на терен каде Интер нема извојувано победа, т.е. кога ке размислам, ако не се лажам и Милан и Јуве немаат победено на гости кај Наполи од кога овие се вратија во Серија А.

Пак ке кажам, остајте овој оној треба да одмара, со оглед на фактот дека ке игра Снајди, Пандев мора да е во комбинација уз Милито, потоа следи цела недела одмор до мечот со Сампдорија па не гледам причини сега да се ротира со играчи у прв тим.

п.с. Једина '' добра '' работа кај Росети за сезонава е тоа што судеше на мечот Интер - Парма ( 2-0 ), Болоња - Интер ( 1-3 ) и оној меч што го спомнав горе со Бари ( 2-2 ), односно Интер нема пораз со овој судија но против лесни противници, Наполи ( гости ) е друга приказна.
 
99ab503ec5bfdd9ee5f92891c868ae76-1265889021.jpeg


Наздравје... :tapp:


Патем, сајтот на Интер има 3 милиони посети повеќе од Милан и 10 милиони од Јувентус, во текот на годината:

1. Manchester United (Inghilterra) – 452,7 milioni di utenti
2. Real Madrid (Spagna) – 271,6
3. Arsenal (Inghilterra) – 205,6
4. Bayern Monaco (Germania) – 27,8
5. Liverpool (Inghilterra) – 23,7
6. Galatasaray (Turchia) – 16,7
7. Olympique Marsiglia (Francia)– 16,1
8. Inter (Italia) – 15,4
9. Rangers (Scozia) – 14,5
10. FC Barcelona (Spagna) – 14,3
11. AC Milan (Italia) – 12,5
12. Fenerbahçe (Turchia) – 12,3
13. Chelsea (Inghilterra) – 11,3
14. Aston Villa (Inghilterra) – 11,1
15. Borussia Dortmund (Germania) – 6,3
16. Corinthians (Brasile) – 6,1
17. Olympique Lyonnais (Francia) – 5,9
18. Paris SG (Francia) – 5,7
19. Juventus (Italia) – 5,5
20. Manchester City (Inghilterra) – 5,2
 
А зошто медиумите од Италија денес не се замраат дали Божинов бил во офсајд или не??? Или само спорните моменти на Интер се на тапет кај медиумите???

Штата што не освоивме три бода. Во првиот дел бевме далеку подобар противник но не го искористивме она што го креиравме. На почетокот од вторниот не притиснаа и ние се изгубивме и примивме глуп гол.

Ето не виден камен. Треба да му организираме неколку средни со резервите малце да влезе во форма. Сантон треба почесто да биде офанзивен како што играше во завршните минути.

пс Ако дадеше гол Матераци, Мурињо ќе го фрлеше капутчето ќе отрчаше до Матераци и со клизач ќе го превртеше.
 
пс Ако дадеше гол Матераци, Мурињо ќе го фрлеше капутчето ќе отрчаше до Матераци и со клизач ќе го превртеше.

хаха , така нешто ќе беше.

Него, Ешли Кол го повредил зглобот вчера, ќе го гледа Интер од трибина :)
 
Не се знае ништо.
Челзи е сеуште во исчекување на резултатите од повредата,ама не е ништо сериозно според нив,зошто тој имаше и претходно ситна повреда.
 
Пандев у уста те еб.м,треба да го направиш човек Бате Ване-тој те донесе на ова дереџе.Дај нека го спаси и нека му врати во иста мера,зашто неможам да го трпам у кладилницава како ми дреме и ме прашува дали ми работи љубовниот алат:)
 
Не се знае ништо.
Челзи е сеуште во исчекување на резултатите од повредата,ама не е ништо сериозно според нив,зошто тој имаше и претходно ситна повреда.

На италијанскиве сајтови прочитав дека го пропушта Интер и некој настап за репрезентација на 3-ти март. Од денес е веста од пред саат-два.

Патем, прекрасна партија на Тери и Карваљо вчера :pos:



P.S. стар е Зеро Титули миксот... :)
 
Само лоша вечер,ништо друго!
Поздрав,и се гледаме на 24,мислам..:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom