Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Ја би рекол Снајдер. Каков пас човече. А и доста прецизен удар на Милито. :)

Снајпер го обожаваме. Одамна немаме таков играч, покрај друго и да се тресат противниците кога има слободен удар.

Ама Сиена не се предава... фала богу пошто 5+ ја имам :pos:
 
ајде интернационале
стегнете гз
 
Лошо момци, лошо оди со само двајца дефанзивци у среден ред, Мота и Дејо, Пандев, Снајдер и Кварезма не помагаат кога поседот е кај противникот и лесно доаѓаат клошариве до гол.

Убав меч за око али лош од аспект на Интер, 2 гола дадоа а израмнето е, со последен тим на табела.

Оптимист сум дека ке победат до крајот но штета што 4-2-3-1 системот кој одговара и за Пандев да биде во прв тим се покажа тиња кога е во прашање одбраната.
 
Овие сиена се бранат со 11 играчи,али ако ке го јадат во второ 5 ке примат
 
Ајде момци ништо страшно до крај тепаме сигурно али нешто слабо Т.Мота али ајде до крај 100% тепаме позз :vozbud:
 
Незнам зошто ги сменија страните Кварезма и Пандев пред тоа многу подобро беше, барем за Пандев кој имаше неколку проигрувања и една топ-шанса. Откако се сменија Пандев едвај неколку пати се состави со топката лево. Кварезма секаде е бескорисен.

Не гледам што е проблем со одбраната тие два пати дојдоа до голот. Првиот гол тројца одбранбени се враќаа наназад ни еден не му излезе на Макароне на топка и овој ја здува. Вториот искрено не го ни забележав изгледа заспаа после голот.

Концентрацијата им е малку повисока од 0, треба само да се фокусираат ништо повеќе.
 
Овие сиена се бранат со 11 играчи,али ако ке го јадат во второ 5 ке примат

Кирца тепаме до крај:wink: ама сакам сеа да влезе Арна на местото на Кварезма али ајде ке видиме
 
Уште дегенон од Телма кога прокоментира за можни проблеми и изненадување знаев дека така ќе испадне. Па уште со потсмев вели малку траеше радоста на фудбалерите на Интер, абе радост во животот да не види.

Несигурно во средината, Камбијасо фали, нема кој да ја држи одбрандбената линија на средниот ред. Во нападот сме добри, би биле одлични кога не би играл Кварезма, а Мота исто така денес игра слабо.
Да продолжиме во исто темпо и ќе тепаме, зошто ја имаме контролата на играта, пред се поради брилијантниот Снајдер потпомогнат од Пандев. Милито е ѕвер од напаѓач, затоа го гласав како најдобро засилување сезонава. Заедно со Снајдер играат фантастично.
Убав гол на Милито, пред се ќе речам мајсторски, на Снајдер беше ремек дело. Само да продолжиме со напад и нема вечно среќата да ги служи, па ако сакаат и тренерот сосе лекарска екипа нека ги земат во одбрана.

ФОРЦА ИНТЕР !!!
 
Лошо момци, лошо оди со само двајца дефанзивци у среден ред, Мота и Дејо, Пандев, Снајдер и Кварезма не помагаат кога поседот е кај противникот и лесно доаѓаат клошариве до гол.

Убав меч за око али лош од аспект на Интер, 2 гола дадоа а израмнето е, со последен тим на табела.

Оптимист сум дека ке победат до крајот но штета што 4-2-3-1 системот кој одговара и за Пандев да биде во прв тим се покажа тиња кога е во прашање одбраната.
Не е лошо со два дефанзивци во среден ред, повеќето тимови само со еден играат. Головите се грешки од одбраната, должни на недоволна концетрација на штоперите. Мислам дека одлична е оваа комбинација за Интер, само Пандев и Кварезма да вршат поголем притисок на нивниот среден ред, и да поттрчаат малце се ќе биде во ред.:)
 
Иако е 2-2 немам забелешки за никој...освен за Кварезма,дај нека го пратат негде у некој слаб клуб па таму нека дрибла нека изиграва триестројка не тука.
 
бомбонче од утакмица :)
седете уживајте, ќе тепаме има време.
што беше финтата со белиот дрес и натписот?
 
Одбранава ни е швајцарско сирење . Самуел да се врати иначе ништо не правиме , знааат како со Лусио . Занети не е за бек тоа е очигледно , и можам да кажам дека оваа формација не ни одговара кога е во прашање дефанзивата . Камбиасо го нема , Мота слабо прво , Станко неможе цела средина да ја држи ... Снајдер одличен , но ич не е корисн во одбрана . Кварезма по старите патеки уште , Пандев средно , а Милито чим влезе во 16 гол е ...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom