Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Од кога ви пишувам бе луѓе, еден од Маикон/Балотели/Цезар ќе се продаде, Бранка одамна го изјави тоа уште пред полуфиналето во ЛШ. Тоа е една финансиска инекција за понатамошни трансфери, принцип кој лани се покажа многу успешен. Не е до Маикон ниту до другите, едноставно Бранка кажа дека клубот ќе ја разгледа секоја понуда за овие играчи и еден од нив ќе продаде. Со оглед на тоа дека Балотели беше во опција за Реал, а таму замина Мурињо, значи за овој нема место, останува Ман.Сити или никаде. Цезар е трета опција за трансфер, има замена, би се донесол Вивиано, но не мора и нема никаква потреба. Ова го исфрла Маикон како убедлив кандидат број еден за трансфер, со оглед на тоа дека Сантон треба да почнува да добива шанса десно, тоа е голема инвестиција во иднината на тимот. И ќе се бара лев бек.

Не го напаѓајте играчот не е ова ситуација: клубот не сака да го пушти ама тој напиња. Очигледно е дека клубот е решен да го продаде. Еве и Милито има понуда ама за него категорично изјавија дека нема шанси да мрдне некаде и молим лепо. За Маикон не велат ништо, зошто Маикон е на продажба.

Понатаму, за Бенитез сите се согласуваме дека трансферите му се ужас, наликуваат на оние трансфери кои ги правеше Интер со Џулиалминфакинпјетро и компанија. За тпа време Капело еднаш кога споредуваше со ланската сезона,изјави: во тоа време одговорните во Интер немаа појма од фубал. И во право беше човекот. Во Италија ни еден тренер не може да добие функција на менаџер со буџет и сам да си купува играчи. Ако Бенитез прифати да не е одговорен за трансферите, тогаш не е голем проблем. А може да прифати, зошто ако го испушти Интер, во иднина ќе тренира екипи како Тотенхем и Севиља. Еднаш кога ќе паднеш од врвот после е многу зезнато...

За болдираново не те подржувам , зашто ако тогаш изјавил Брамка дека ќе продадат играч за да земат добри пари , тоа не треба де таков случај сега ,ѕоа било пред да ги освоиме титулите , одкога овоивме тројна круна Интер е полн со пари , и продавање на играчи не треба да приоритет на клубот за дојде до пари , пари не се проблем , пари ИМА
Е сега овој копуков што сака да си иде тоа е друга работа

--- надополнето ---

Маикон оут ,Иванович Ин...

Може?

Што се тиче мене , може со цело срце , ама прво на овој да му извадиме 35 милиони
 
Чекај бе, си го глеал ти Сања како игра ? На Кампот без душа беше, а бек што нема душа за 90 мин за мене е просекус, ништо повеќе, така да како замена за Маикон да се донесе овој играч ке биде аналогно на пропаст за мене, тоа ти е ко за Ибра да земеа го Амаури, или Бедтнер, а не Милито.
Центаршутот ич не му е солиден, брзината тагоџе, боље Занети у тој случај да го играат десно или Сантон, него Сања, кој btw ке кошта сигурно над 15м евра. Kaтегорично сум против носењето на овој играч, не поради фактот што е погрд и од смртта, него поради фактот што едноставно не е за Интер и не заслужува да биде носен на место каде играл еден Занети и Маикон, и тоа за бајаги голема сума, сума која Интер у последни 20 год. не ја дале за десен бек.

Грегори Ван дер Вил...
млада верзија на Дани Алвеш/Маикон..

А што е со Aguirregaray од Пењарол?? Интер веќе снабдиле замена за Маикон... никој не го знае типот како игра, но ни Занети не го знаеше никој па видете во што прерасна...
 
За Мансини и Мунтари има заинтересирани,ќе се спасиме од нив плус ќе зееме едно 15м од двајцата,само тоа копилето Кварезма џабе ни ги троши парите со високата плата,нејќе да иде у помал клуб,си седи и му идат пари на сметка...копиле.
 
Токму овој сакав да го пишам . Играчиште е малиот , гази , ќе го глеаме и на светско , прв избор е на позицијата десен бек за Холандија , а има само 22 години . За Сања , не пишувам ништо , ако дојде е добредојден , ако не никому ништо , тој моментално е у оние години кога веќе треба да гази по терените , не е лош и ќе го гледаме и него на светско .

Абе Васко нели другар ти рече дека ќе дојде Капело :kesa: :):):)
Реков друже си стојам на зборот ама не испадна.Во право си нема што!Господ нека ни е напомош со Бенитез!УПМ!
 
Не знам зошто толку скептичност за Бенитез, моментално е еден од најдобрите слободни тренери кој се на располагање. Капело и Хидинг се тренери на кратки патеки барем последниве неколку години може да се забележи тоа додека Бенитез е тренер кој работи на подолг план.
Бенитез не дојде како анонимец во Ливерпул туку како тренер кој освои две титули и еден УЕФА куп со Валенсија во 4 или 5 сезони, да ги испердашиш Реал и Барселона во Шпанија кој имаа три пати поголем буџет од Валенсија е навистина успех за почит.
Во Ливерпул исто така беше солиден како тренер, покрај освоената ЛШ мислам дека имаше и еден ФА куп, нон стоп успеваше да го квалификува тимот за ЛШ и на крај покрај другото константно имаше проблеми со повредени клучни играчи во текот на сите сезони.
Да не заборавиме дека во Премиер лига имаш барем 7-8 екипи со огромни буџети кој можат да ти парираат во секое време како со играчки кадар така и организационо, Њукастл со тим кој чини околу 100 милиони на трансфер - пазар успеа да отпадне во Премиер лига. Навистина не може да се спореди Премиер лига со Калчо барем според квалитетот на тимови кој се во двете лиги во последниве 4-5 години.
Бенитез течно зборува италијански па така нема да му биде проблем за адаптација, има авторитет кој го стекнал со работа па не верувам дека ќе има проблем и со недисциплина.
Мене лично ме нервира тој негов ротациски систем што го применуваше во Ливерпул, ама сепак е тренер кој заслужува почит.
 
За болдираново не те подржувам

Не треба да ме поддржуваш, не е мој ставот, на Бранка е, јас само го пренесов и тоа одамна :) Ви го пишувам тоа зошто гледам дека сте збунети околу трансферот на Маикон а се е јасно: го продаваат и се преговара. Ако пропаднат преговорите ќе остане.

Колку пари имаат не е важно, важно е дека нивната трансфер политика носи резултати, значи правилно ја тераат. Јас лично немам ништо против да го продадат и сметам дека е вистински потег, не заради парите што ќе ги земат, туку заради неколку други причини:

1. Сантон е иднина на Интер, тој има потенцијал да биде новиот Факети, новиот Бергоми, новиот Занети. Ако не му дадат шанса сега после тројна круна, кога???
2. Маикон има ужасен проблем со мотивација. Кога игра со послаби екипи од калчото треба со локум и кафе да го канат да мрдне малку. Сега кога освоивме ЛШ, не очекувајте многу да биде мотивиран и таму.
3. Поврзано со второто: најголемата задача на следниот тренер ќе биде да го мотивира тимот. Тим што освоил се паѓа на тој план. Крајот на сезоната беше ексра и дојде до емотивно празнење на играчите, процес после кој тешко се покренува машинеријата.

Маикон е супер играч и секоја екипа би го посакала. Едноставно, јас мислам дека Интер има соодветни решенија во случај на негово заминување. Бранка и Ориали не се од вчера, до сега јасно покажаа дека си ја знаат работата. Не е случајно што планираат трансфер, овој трансфер има многу повеќе плусови од минуси.
 
Многу ме нервирате кога ќе ве прочитам Сантон иднината на интер.Или немате памет во главата или глава немате. Кога го продадоа Максвел лани единствен муабет беше Сантон ќе игра лево, ако треба еве и киву ако треба и Занети. А кај е Сантон цела сезона? Повредееен. И ако се поебе пак следната сезона кој ќе игра десно? Занети? а Лево? пак Занети. а среде, ако бе и среде занети ќе игра шо ако има 36 години.....
 
Не ми е јасно само како можеше Маикон да кажува дека останува во Интер(на дуелот со Јуве коа го даде голот) а сеа вика сакам во Реал Мадрид!!!Може ке биде подобро да си иде бидејки ке му падне мотивот нареднава сезона и нема да игра толку добро,ем ке земеме добра пара ем го имаме златниот Сантон на неговата природна позиција,на многу ке им падне мотивот оваа година и ке биде подобро да се донесат нови фудбалери кој ке сакаат да се докажат.Иначе Балотели сигурно ке остане,исто и Цезар!!
 
Не треба да ме поддржуваш, не е мој ставот, на Бранка е, јас само го пренесов и тоа одамна :) Ви го пишувам тоа зошто гледам дека сте збунети околу трансферот на Маикон а се е јасно: го продаваат и се преговара. Ако пропаднат преговорите ќе остане.

Колку пари имаат не е важно, важно е дека нивната трансфер политика носи резултати, значи правилно ја тераат. Јас лично немам ништо против да го продадат и сметам дека е вистински потег, не заради парите што ќе ги земат, туку заради неколку други причини:

1. Сантон е иднина на Интер, тој има потенцијал да биде новиот Факети, новиот Бергоми, новиот Занети. Ако не му дадат шанса сега после тројна круна, кога???
2. Маикон има ужасен проблем со мотивација. Кога игра со послаби екипи од калчото треба со локум и кафе да го канат да мрдне малку. Сега кога освоивме ЛШ, не очекувајте многу да биде мотивиран и таму.
3. Поврзано со второто: најголемата задача на следниот тренер ќе биде да го мотивира тимот. Тим што освоил се паѓа на тој план. Крајот на сезоната беше ексра и дојде до емотивно празнење на играчите, процес после кој тешко се покренува машинеријата.

Маикон е супер играч и секоја екипа би го посакала. Едноставно, јас мислам дека Интер има соодветни решенија во случај на негово заминување. Бранка и Ориали не се од вчера, до сега јасно покажаа дека си ја знаат работата. Не е случајно што планираат трансфер, овој трансфер има многу повеќе плусови од минуси.

Јас не те подржувам за тоа ти што кажа дека , цело време викаш дека маикон ќе си оди поради таа изјава на Бранка од пред полуфиналето на Лига на Шампиони за продавање на Маикон поради трансфер инекција . Сакам да ти кажам дека продавањето на Маикон не поради пари , туку едноставно крај на љубов , сака да смени средина , а ако ме прашаш мене јас сум за продавање на Маикон . Доста му беше како што викаш ти треба да го молиме да игра , само ако има трансфер нема да биде поради недостиг на пари , тоа сакам да ти го кажам.

И да официјално , Рафа го напушти Ливерпул

http://www.liverpoolfc.tv/news/latest-news/liverpool-fc-statement-1

--- надополнето ---

Не ми е јасно само како можеше Маикон да кажува дека останува во Интер(на дуелот со Јуве коа го даде голот) а сеа вика сакам во Реал Мадрид!!!Може ке биде подобро да си иде бидејки ке му падне мотивот нареднава сезона и нема да игра толку добро,ем ке земеме добра пара ем го имаме златниот Сантон на неговата природна позиција,на многу ке им падне мотивот оваа година и ке биде подобро да се донесат нови фудбалери кој ке сакаат да се докажат.Иначе Балотели сигурно ке остане,исто и Цезар!!

Како на Барса не им падна мотивот после освоени 6 титули и никој не сакаше да си иде , тука главана улога игра тренерот кој треба да биде главен мотиватор за играчите и нема потреба да се носат многу нови фудбалери , доволни се 2-3 и еден десен бек што ќе биде главана трансфер цел
 
Матераци изјавил дека сопира со фудбалот бидејки после Мурињо неможе да има друг тренер,а Занети после крајот со Баерн.М му ја дал капитенската лента на Мурињо во која пишувало заедно станавме шампиони на Европа и сакаме нашите битки да ги продолжиме со тебе!!Коа го прочитал ова Мурињо се почуствувал мртов!! СПЕЦИЈАЛНИОТ БРОЈ 1
 
Извор ???? Спорт денес :):):)
 
Извор ???? Спорт денес :):):)

Не е спортденес, и јас негде прочитав али ич не ми текнува...

--- надополнето ---

Inter Milan want Steven Gerrard, Fernando Torres and Javier Mascherano to follow Rafa Benitez to the San Siro

Џерард ќе го собере Мурињо во Реал најверојатно.... ама изгледа ќе му ги дадете и Мајкон и Милито (?) во пакет :) така да ќе се отвори простор за Торес :) интересно лето е пред нас во секој случај....

Милито не си оди сигурно :)
 
Извор ???? Спорт денес :):):)
Хаха,не го пишувам веќе изворот!!! Али битно убава информација ни донесе

--- надополнето ---

Не е спортденес, и јас негде прочитав али ич не ми текнува...

--- надополнето ---

Милито не си оди сигурно :)
Хаха Знаете ја од кај давам информации,али сепак нз што ви смета коа неможе ова да го измислуваат
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom