Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Ја сега пишав по профилите: 3-4 дена пред натпревар Лусио да се врзе со синџир во некој подрум и да се пушти саат време пред почеток. Максимално да се здиви :pos:

Баш така... и по коска да трча може :pos2:
 
Ја сега пишав по профилите: 3-4 дена пред натпревар Лусио да се врзе со синџир во некој подрум и да се пушти саат време пред почеток. Максимално да се здиви :pos:
Нас лани пред 1/4 финалето со Барса ни се повредија Лусио и Лам и сите знаеме за хоророт што се деси, ако може некој да го чува Меси тоа беше Лам а тој не играше. Лусио е добар со јаките играчи како Дрогба но со Меси незнам како ќе се снајде.:toe:

Сепак вие според мене имате најјака одбрана во европа, ќе биде неизвесно.
 
Де бре како се уплашивте од барселона..па сега као не ја победиме и не одиме кон титулата не знам кога....мене повеќе ме плашат иниеста и чави бидејќи топката ќе ни ја скријат...а меси знаеме сите каков играч е но потсетете се на првиот натпревар со барселона во септември не ни го видовме а беше чуван од киву...месси е бог нема тука што но барселона како екипа е страшна како хорор филм се..но и за нас е подобро што провиот натпревар го играме дома ..било каква преност да извадиме значи било каква ќе биде одлично за нас за во реваншот...а ако игравме на ноу камп првата ќе не потиснеа како магариња а вака со предност ако одиме таму ќе маваме како стоки.....јас верувам дека можиме не знам за вас:toe:
 
Даи бе уживајте во пласманот во 1/2 финале, остајте Барса, за се има првпат ...

Тачно брат :wink:

Групната фаза е друго, а 1/2 финале ќе биди друго, не е исто да се игра во групна фаза и во 1/2 финале,притисок едно друго, се ќе влијае на играта, ќе бидат сосем различни натпревари од групната фаза...се надевам дека ќе се помини Барса во 1/2 финалето, али ќе биди мнооогу тешко:toe:
 
Дома ја играме првата, така?
да дома.

инаку, за Мунтари на гоал.ком не ставиле рејтинг ставиле N/A и доле има коментар.
Мунтари треба да добие најмалку 8 што не беше исклучен во оние две минути кои ги одигра :tv:
 
Де бре како се уплашивте од барселона..

Од Меси сме уплашени. Јас кога би бил тренер (од следниве причини не сум меѓу другото) би размислувал вака:

1. Интер со 10 играчи не губи.
2. Интер со 9 играчи не губи.
3. Меси ни е главен проблем

Според тоа:

4. Почнувам со Матераци и му давам задача да го убие малиот. Буквално.
5. Ако не успее, одам на план Б, го праќам Самуел со задача трајно онеспособување.
6. Го завршувам натпреварот 0-0 со 9 играчи и истата тактика ја применувам на Ноу Камп со Чави и Иниеста.
7. Останатите тренираат пенали.
8. Мурињо во меѓувреме ми носи бурек два четврти и пола литро јогурт.

И то...

П.С.
Мојот 6000 пост... уште сум иста будала... :pos:
 
А што викаш за победа од 1-0 дома? :pipi:
 
Боби[Мкд];3457471 напиша:
Нас лани пред 1/4 финалето со Барса ни се повредија Лусио и Лам и сите знаеме за хоророт што се деси, ако може некој да го чува Меси тоа беше Лам а тој не играше. Лусио е добар со јаките играчи како Дрогба но со Меси незнам како ќе се снајде.:toe:

Сепак вие според мене имате најјака одбрана во европа, ќе биде неизвесно.
Болдираното тие многу точно, навистина Лусио би ги запрел играчи како Дрогба, Руни, Гомеш...но Меси да го запре, многу тешко.
Подобро против Меси би изиграл Кордоба, кој е многу брз одколку Лусио.
П.С Се плашам да не му се случи нешто на Самуел на натпреварот со Барса, можно е Меси да му ја скрши кичмата, еднуш тоа му го направи Кака и шест месеци се лекуваше.
 
Од Меси сме уплашени. Јас кога би бил тренер (од следниве причини не сум меѓу другото) би размислувал вака:

1. Интер со 10 играчи не губи.
2. Интер со 9 играчи не губи.
3. Меси ни е главен проблем

Според тоа:

4. Почнувам со Матераци и му давам задача да го убие малиот. Буквално.
5. Ако не успее, одам на план Б, го праќам Самуел со задача трајно онеспособување.
6. Го завршувам натпреварот 0-0 со 9 играчи и истата тактика ја применувам на Ноу Камп со Чави и Иниеста.
7. Останатите тренираат пенали.
8. Мурињо во меѓувреме ми носи бурек два четврти и пола литро јогурт.

И то...

П.С.
Мојот 6000 пост... уште сум иста будала... :pos:

:pos: Луд си!

Мора да се обележи полуфиналево со по некоја жртва. Меси, Чави или Иниеста, не е битно кој... Важно е да се придаде жртва на настанов! :)
 
А што мислите Сули vs Mеси? хахахахахаха
 
Ахххххх куров ке го даам Ибра нослето да се покае шо не шитна така !!!
 
Пазете сега на следниов факт..

Интер во 1/8 финалето победи два пати..
Интер во 1/4 финалето победи два пати..

Ме мрзи да барам до каде стасале екипите со ваква историја во нокаут фазата, ако некој воопшто го направил ова до сега.. :pipi:

Боже, па за Интер ли зборуваме? :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom