ПО РЕАЛ МАДРИД И БАРСЕЛОНА
И Интер влегува во трката по Кристијано Роналдо
Претседателот на Интер, Масимо Морати изјави дека и тој ќе влезе во трката по ангажман на Кристијано Роналдо по завршувањето на оваа сезона. Првиот човек на "неро-азурите" потврди дека тој и неговите соработници долго време ги следеле игрите на ѕвездата на Манчестер Јунајтед и дека е подготвен да понуди за неговите услуги околу 52 милиони евра.
"Роберто Манчини ми рече дека би било прекрасно кога Роналдо би го засилил нашиот тим идната сезона. И мене ми се допаѓа таа идеја, бидејќи се работи за исклучителен фудбалер, еден од најдобрите во светот. Во секој случај, ова не мора да се сфати како сигурна работа бидејќи Роналдо е член на Манчестер Јунајтед и ќе биде многу тешко да се ангажира. Освен тоа, тој не е до толку неопходен за нас" изјави Морати.
Роналдо, кој има договор со својот сегашен клуб до 2010 година, веќе постигна 15 гола во Премиер-лигата сезонава и е еден од омилените фудбалери на тренерот на Интер, Роберто Манчини.
"Тој е одличен играч, кој веќе многу пати ја потврди својата вредност и иако млад покажа дека има огромен потенцијал. Роналдо е еден од оние фудбалери кои можат да ја направат разликата меѓу екипите. Би било прекрасно кога би можел да игра за нас", смета шефот на стручниот штаб на Интер.
Веќе неколку месеци, сериозен интерес за Роналдо истакнуваат и двата шпански гиганти, Реал Мадрид и Барселона. Манчестер Јунајтед досега се обидуваше да го продолжи договорот со него, но Португалецот не го прифати тоа што уште повеќе ги разгоре шпекулациите дека ова е негова последна сезона на Олд Трафорд. Според раководството на Манчестер, секој клуб што сака да го ангажира младиот крилен играч ќе треба за него да издвои околу 50 милиони евра. Според англиските медиуми, Роналдо ќе ја добие наградата за играч на сезоната во Премиер-лигата што ја доделува Фудбалската федерација.
Преземено од Македонски Спорт
_______________________________________________________
Koнечно ЛУЧИЈАНО СПАЛЕТИ ПРИЗНА
Интер е премногу силен за нас
Тренерот на Рома, Лучијано Спалети призна дека шансите за неговиот тим да стигне до титулата во Серија "А" се минимални, но додаде и дека не е срамота да се загуби битката со Интер имајќи го предвид квалитетот на "неро-азурите" оваа сезона. "Волчицата" загуби од Емполи во саботата со 1:0 и сега има негатива од 14 бода во однос на лидерот на табелата, но Спалети ги уверува навивачите дека тој и фудбалерите направиле се што е во нивна моќ за да останат во игра за титулата.
"Едноставно, Интер е премногу силен. Ова е едно од најнесекојдневните првенства, но за жал, за нас е невозможно да се натпреваруваме со Интер. Направивме се што можевме, го дадовме максимумот, но не можеме да го достигнеме нивното ниво. Признавам дека би било вистинско чудо Интер да влезе во лоша серија во првенството, а ние да го искористиме тоа и да станеме шампиони", изјави Спалети.
Тој смета дека не неговиот тим во моментов му требаат најмалку четворица квалитетни фудбалери за да бидат сериозни кандидати за титулата.
"Проблемот е во тоа што Интер има избор на играчи на кој ние не сме во можност да му парираме. Можеби Рома можеше да одигра подобри против некои, на хартија, послаби противници, но константноста на Интер е основна на нивниот успех оваа сезона. За да бидеме конкурентни, нам ни се потребни три или четири квалитетни засилувања, тоа е она што ја прави разликата помеѓу двете екипи", додаде Спалети, кој ги отфрли шпекулациите за евентуален скандал меѓу него и ѕвездата на тимот, Франеско Тоти кој во саботата беше заменет со Мирко Вучиниќ.
Преземено од Македонски Спорт