Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Леле ракометот е во 20:15 :( Ајде уште еднаш нема на мира да гледам ни ракомет ни фудбал. Кога цело време префрлаш од една на друга програма ништо нема да видиш... :(

Многу важен натпревар и за Интер и за нашата репрезентација...
 
најискрено не очекувам многу од македонија но Интер би требало да ја прегази сампдорија!
кога ги гледам нашите живците ми попуштаат посебно од судииве што местат колку можат повеќе!
п.с.ја исфрливме португалија од светското уште во квалификации и сеа судиите нивни ни враќаат!:nesum:
 
Ситуацијава со Македонија дојде како на почетокот во првата група.. мислевме дека за да одиме мора да го победиме Тунис, ама се покажа на крајот дека и да го победевме ке имавме два бода бидејки Тунис не влезе во втората фаза, влегоа бодовите од победата над Полска.. Е сега каде сме.. загубивме од Норвешка, и кога сите помислија дека е готово, се случи тоа Полска да ги победи Данска и Србија, што значи.. доколку вечер ја победиме Данска ке имаме исто бодови со Полска, по 4 бодови, и ние одиме во полуфинале, секако со победа во последното коло над веќе отпишаната Србија! Штета за навивачите кои појдоа за Норвешка, кои се вратија дома, оваа утакмица сега со Данска ни е далеку поважна! И далеку попотребна поддршката! Е сега тоа што се игра во исто време со Интер.. е друга работа.. искрено да водиме ние со Данска јас ке ја гледам Македонија, очекувам сигурна победа над Сампдорија со Интер.. после олку поклони во ова коло кои судиите им ги доделија на Милан и Јувентус, ке доделат нешто и за нас.. иако се сомневам дека ке ни треба.. далеку сме поквалитетни од Сампдорија..
 
Jас првото полувреме ќе го гледам Интер,второто Македонија:)Па се надевам двојно да се радувам:)
 
Очекувам вистинско враќање на Адриано вечерва, да потсети на старите времиња и да докаже дека на него може сериозно да се смета. Притисокот врз Интер е се поголем, конкурентите се доближуваат, што е од друга страна и добро, затоа што имавме голем проблем со мотивацијата. Очекувам максимално да се ангажираат во мечот и ако биде така, нема да има никакви дилеми околу победникот.

Кој ќе ја гледа во целост нека пише вечер, затоа што ќе гледам Македонија - Данска, па од мечот со Сампдорија ќе го изгледам веројатно поголемиот дел од второто полувреме.
 
Еве и јас нешто да пишам за вечерашниов меч :)

Вака, мислам дека треба да излеземе со овој состав:

--------------------Цезар-----------------
-------------------------------------------
Маикон----Самуел-Кордоба--Максвел/Киву
-------------------------------------------
Занети----Камбијасо---Станковиќ--Мунтари
--------------------------------------------
------------Адриано---Круз----------------

Мислам дека Адриано-Круз би била нашата најдобра опција за вечер, и двајцата се силни и корпулентни, а Адриано мислам дека вечерва треба да докаже дека има намера да се врати во стара форма.Мислам дека нападот ни е многу добар, и покрај тоа што генијалецот не игра.
Дополнителна предност вечерва е тоа што средниот ред ќе ни биде комплетен, односно повторно ја имаме добитната комбинација за добар напад, па нема да се мачиме многу со долги топки.
Очекува победа иако нема да биде лесно, сепак верувам во овој тим и ќе победиме!

ФОРЦА ИНТЕР !!!
 
Jас првото полувреме ќе го гледам Интер,второто Македонија:)Па се надевам двојно да се радувам:)
Јас ќе почнам со Македонија, ќе се префрлам на Интер некаде по 30 мин, значи ќе биде тука некаде крајот на првото полувреме а од Интер - Сампдорија ќе имаат поминато само 15тина минути :)

Потоа зависно од тоа дали губиме или водиме ќе видам што ќе гледам понатаму... :)
 
Јас ќе почнам со Македонија, ќе се префрлам на Интер некаде по 30 мин, значи ќе биде тука некаде крајот на првото полувреме а од Интер - Сампдорија ќе имаат поминато само 15тина минути :)

Потоа зависно од тоа дали губиме или водиме ќе видам што ќе гледам понатаму... :)
Чекај малце,а кога почнува ракометот?Не е во 8 и 30?
 
Амммммм.....ами и јас ќе направам ко така ко Меаца:)
 
Знаете што е убаво во сето ова покрај онаа лоша работа што Македонија и Интер играат во исто време.. убаво е тоа што душманиве наши од Билан и јуБентус ке ја гледаат Македонија, па нема многу да не замараат доколку има некоја одлука во наша корист.. :vozbud:
 
Знаете што е убаво во сето ова покрај онаа лоша работа што Македонија и Интер играат во исто време.. убаво е тоа што душманиве наши од Билан и јуБентус ке ја гледаат Македонија, па нема многу да не замараат доколку има некоја одлука во наша корист.. :vozbud:

Хаха,а ти на тоа се надеваш?
 
Хаха,а ти на тоа се надеваш?
Не али нема да тролаат некои патетикуси дека суделе судиите за Интер, бар вие кои навивате за Јуве тоа добро го знаете сезонава, а знаете да сте најгласни кога судиите се во прашање што е чудно .
 
Хаха,а ти на тоа се надеваш?

Aј гитла, коа суделе у наша корист па сеа да се деси тоа :tapp:
Ја ке ја глеам цела Интер - Сампдорија, па ако ве интересира нешто прашајте ;)
 
И ја ќе глеам Интер... :) Ок де, ќе мењам малце да ѕирнам како иде со Данциве... :)
П.С. Сакам да го видам Кварезма од 1ва минута, и да видам негова асистенција до Адриано за 1-0 :) Филмче јбг
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom