Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Аууу Броки да не пиел крв на гатузо кога играше во милан,видовте Ибра како го зазиваше броки хахаха
 
А што е со Кварезма бе?Знам дека го земавте како главно засилување али не го ни глеам ни у прв состав.
 
Julio Cesar7.5876
Maicon7.8754
Cordoba7.7530
Samuel8.8070
Maxwell7.4913
Zanetti7.6886
Cambiasso8.2496
Muntari7.5579
Stankovic7.4549
Ibrahimovic8.5332
Cruz6.6932
Figo6.6496
Faioli Amantino Mancini6.5310
Crespo6.3047
average rating7.5126
Votes:648
Inter.it
 
Нека ни е честита победата! Гледав дел од натпреварот и ми се допадна тоа што го видов :).
 
А што е со Кварезма бе?Знам дека го земавте како главно засилување али не го ни глеам ни у прв состав.
Изгледа не се труди многу и затоа Мурињо не му дава место во прв состав.. Пред некое време Кварезма беше суспендиран од 2 натпревари поради не залагање на тренинг.
Нема трте-прте кај Мурињо:smir:
Ние сме стрпеливи и го очекуваме најдоброто од Рики..Ке доје и тоа но му треба време да се прилагоди во Италија како што кажа и самиот Јоже:helou:
 
Честито победа,гледав само прво полувреме,разочаран сум од резултатот,не толку од играта.Диаките во напад сигурно таков убав гол не би дал :)
Едит:Сега го видов третиот гол,од офсајд бил...?
 
Ај честито победа нека ни е.

Како што сум задоволен од резултатот, така сум задоволен и од играта. Немаше некоја неизвесност, баш како шо сакам. Ја "нагазија" топката на крајот. Не ни напраја од готово-верисија, како шо си знат Интер...

П.С: Морам да признам дека пуштав и на МТВ1 :helou:.

ЕДИТ: Заборавив да прашам... Зошто Хулио Цезар доби жолт?
 
Честитки за победата, одамна не сум бил смирен толку за време на еден натпревар кога играл Интер. Интер во моментов има предност од +9 , а утре се надевам на еден кикс од конкурентите.
 
Честито победа,гледав само прво полувреме,разочаран сум од резултатот,не толку од играта.Диаките во напад сигурно таков убав гол не би дал :)
Едит:Сега го видов третиот гол,од офсајд бил...?

Фер инаф, уште кога го постигна постирав дека беше од офсајд, грешка на линискиот судија, иако Лацио имаа сили само за едно полувреме, во второ беа премногу анемични поради 120те минути против Милан .
Нив ги погоди голот на Самуел во првата минута, иако очекував тоа да ги скрши сепак се покажаа како цврста екипа и создадоа неколку полу прилики и ја имаа играта, иако тој период Интер ја имаа најсериозната шанса кога Креспо имаше 100 процентна прилика за гол по ударот на Станкович .
Капак на се, Интер дадоа гол, т.е. Лацио постигнаа ефектен автогол во 47ма минута, т.е. во втората минута од 3 минутното продолжение од првиот дел, тоа само ги докусури, натпреварот тука беше решен .

@Интерфан, Цезар непотребно приговараше на судијата, ептен се дрзна и мене ме зачуди со оглед дека Се беше во нивна корист, плус имаше уште 10-15 мин до крајот на мечот .

@Думан, тоа е, Интер конечно научија смирено да го доведат мечот до самиот крај, и со Наполи ако добро памтите така беше, Мурињо за тој меч рече, цитирам :
" Да, Наполи го имаа поседот во второто полувреме, али нека ми каже некој колку шанси создадоа во истото. . . '' .
p.s. Денес играат другите два конкурента за титулата, сеедно дали ке победат или не, Интер со победа на наредниот меч од Серија А веќе реков, ке се оддалечи со сигурност од Јуве или Милан ( доколку има победник во нивниот меѓусебен дуел ) или и од двата тима ( доколку изиграат нерешено ) . Како и да е, Интер имаат предност и она што нас треба да не интересира се мечевите стриктно на Интер, сеедно за останатите, да беа втори или трети, тогаш богами со интерес ке ги следев мечевите на Милан и Јуве .
 
Браво,браво....Ја викам фашистине се трупци!Ај честито нека ви е!Титулата е ваша:helou:
 
А усвари шо напраи?Не се глеа нишо.

Тука режисерот ја заеба работата, финтата ја кажа покасно, ај ваљда ќе излезе подобар клип од овој па ќе видиш што е работата.
 
По мечот со Милан, Интер во Серија А има серија од 10 меча без пораз, на 2 од нив одигра нерешено останатото нормално, победи .
Интересно е тоа што во оваа серија од 10 меча Интер примија само 4 гола ( 2 од Реџина, по 1 од Наполи и Болоња ) а дадоа 18 гола, а во последните 5 се фантастични, ги победија своите противници, примија само еден гол а дадоа 9 .

Сетете се, кој високо лета ниско паѓа, а Интер и Се е Можно. За титула дури во Мај ке правиме муабет, иако бар оние мои очекувања за сезонава до сега се надминати, убаво рече и коментаторот денес, Интер е подобар во овој дел од сезоната во споредба со минатата, имаат повеќе бодови и поголема предност од конкурентите .

@ Hell, точно, ништо не се гледа на виедото. А за тоа што направил, искрено незнам, со зборови тешко дека ке ти се опиште, пас во стилот на Текен ( бразилецот со капоерата ), ако најдам подобро видео ке постирам .

p.s. Мунтари веќе ги исплати парите потрошени за него :D, еве и денес асистираше, покрај головите што ги даде со Јуве и Наполи .

Едит : Eве го потегот
http://www.youtube.com/watch?v=QBaymxO3qP8
 
Нека ни е честита победата вечерва!Најбитно е дека тешкото помина,и тоа итекако во наша полза.Сега останува,смирено,школски да си ги транчиме послабиве екипи,и да си ја зголемуваме разликата,за да понатаму малку од малку да можиме повеќе да се посветиме на ЛШ,и во мај да ги видиме 2та пехари.:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom