Вака, според твојата логика на нештата:
1.Зашто Џиџи Буфон ако бил толку лојален , ја напушти Парма во 2001 година и ја остави на цедило заедно со Турам и дојдоа во твојот Јуве.
2.Зашто Павел Недвед кој 2001 година дојде во Јувентус , а го напушти Лацио кој во тој период беше и Шампион.
3. Зашто вашиот стратег Фабио Капело после скандалот на Моџи се јоктиса од Јуве, и замина во илегала.
4.Зашто Амаури ги напушташе Киево и Палермо, ако веќе небило за поголема плата, мислеш дека доколку Реал Мадрид му понуди поголема плата нема да го напушти на Јуве.
И за на крај зашто клубовите кога толку ги ценеле своите играчи ги продават за огромни суми на пари.
Треба да ни биде јасно дека се е во парите, нема ништо од љубов-тие времиња се свршено минато.
И на крај зашто твојот ЈУБЕ го продаде најдобриот фудбалер во последниве 20 години ЗИДАН, зарем немаше да му даде иста плата како Реал Мадрид.
Е сега сигурно зашто ИБРО Мајсторот замина во ИНТЕР.
Епа вака Думан..Како прво зборувам за играчите кои се лојални кон Јувентус, а не кон Парма, Киево, Асколи...
Буфон, најдобриот светски голман, прва ракавица, се одлучи да брани во Сериа Б, и да му помогне на Јуве да се врати на старите патеки, зарем поголема лојалност од оваа?? Кога тој ја напушти Парма, Парма испаѓаше??Или пред да замини, Џиџи изјави дека ако не му дадат некоја БАСНОСЛОВНА сума на пари, ќе си замини??Нормално е да побара покачување, но во рамките на нормалата...
Недвед, освојувач на Златната Топка, остана да игра за Јуве во Сериа Б, и покрај се останато??? И Лацио го нудеше на Јувентус да го продаде, за да кркнат повеќе пари од него...Не го напушти тој самоволно,туку по понудата од Јувентус, Недвед прво изјави дека ќе остане во Лацио, за по три дена да го смени мислењето.
Капело зошто си заминал ќе го прашаш него, вероватно не го сакал клубот..А и со навивачите немаше добар однос...
За Амаури рано е ќе видиме...Добар старт има, но прва сезона е...Иднината ќе покажи...
Ако паметам, Зидан и тој сакаше да промени средина, се двоумеше, вака така...А зошто да не искористи клубот ако веќе сака да си замини??Но неговите пари беа купени Турам, Буфон и Недвед...Со тој трансфер Јувентус доби многу повеќе...
Знам дека е се со пари, ама сакам да кажам дека некаде и кај некои играчи лојалноста е поважна од парите..И јас таквите повеќе ги ценам..Пример како Дел Пиеро, Буфон, Недвед, Трезеге во Јувентус...А сигурен сум сто посто дека ако Интер би западнал во криза сигурно остануваат Адриано, Занети, Кордоба, Камбијасо,Круз...
Ќе видиме како ќе се одвива иднината на фудбалов..
А за Ибро зошто премина во ривалот на Јувентус имам сто пати образложувано (нормално, моето мислење, онолку колку што сум запознат).. Не беше само платата во прашање..