Јас ја гледав, останав подолго дома ама џабе. Не вредеше, прво полувреме ја имавме играта, но немавме шанси. Само добар процент на посед на топка, и толку запиравме некаде на 30 метри оддалеченост од голот. Потоа имаше по некоја шанса, Бенфика ја имаше шансата на мечот, потоа Фиго промаши чист гол, Ибра премногу се повлекуваше на страна, Мансини го немаше никаде... потоа и кон крајот на натпреварот имавме уште еден шут, шут еј!

Толку, од 80та натака имаше канонада на голот на Цезар. Добро е што истуркавме на пенали. Водевме со 2-3 па промаши Ибра(со сета сила), па пак беа расположени стрелците и конечни 5-4.