Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Who Says Stankovic Is Leaving? - Agent
Доколку дојде Лампард нама да има место за 2цата во тимот. Доколку не успее трансверот на Лампард на Џузепе Меаца тогаш не е лошо да си го зачуваме Дејан.

Би сакал Роналдињо да дојди во Интер. Не за друго туку да му го земиме на Милан :). Имам предчуство дека ќе се препороди во Италија. А доколку би бирал помеѓу Интер и Милан мислам дека ние имаме предност. Роналдињо би сакал да настапува во лига на шампиони и во најсилниот тим во Италија.
Но многу нешта зависат од желбата на Мурињо да го доведе во Интер.
Берлускони е голем фан на Роналдињо уште од пред неколку сезони, а и Анчелоти би салак да го има во својот тим.
 
Да им го земеме на Милан хехе лани така ги поебавме за суазо сега ако им го земеме пред нос и Рони има да пукнат од завист!:pos2:
инаку ова ми е 1544 мислење на форумот од кој 500 се посветени на фан-клуб Интер значи 1 третина од времето поминато на форумов јас го трошам на оваа тема:smir:
 
еј че го пукам на гол. многу ме нервира еднаш кварезма не доаѓа следниот момент прашање е на денови кога ќе потпише за интер истото и за манчини. ајде бе морати одврзи ќесето еднаш е стогодишнина
 
Ќе дојдат кај и да е.На пат се :wink::wink::wink:
 
Мурињо ви е за 100годишнина:)
 
Се секавам и тоа доста добро...пред да дојди Ибро....
Ден пред да се слика со дресот.....читав дека всушност утре дента....ке потпишувал за Милан...
Бил....разгледал се....и дека всушност готово веке било....Ибро бил нивни....
Утре дента...го гледам со дресот на Интер....

Ха....
Затоа не го споменувајте Милан....секогаш го ебиме...
 
Мурињо ви е за 100годишнина:)

Па само Мурињо вреди за цел тим на Милан.А вие фановите на Милан тешитесе дека нема да купиме некој.И да купиме и да не купиме пак сме недостижни за вас.
Во меѓувреме ENJOY YOUR STAY IN UEFA CUP :pos2::pos2::pos2:

Се секавам и тоа доста добро...пред да дојди Ибро....
Ден пред да се слика со дресот.....читав дека всушност утре дента....ке потпишувал за Милан...
Бил....разгледал се....и дека всушност готово веке било....Ибро бил нивни....
Утре дента...го гледам со дресот на Интер....

Ха....
Затоа не го споменувајте Милан....секогаш го ебиме...

ХАХАХА еее брат ти ме потсети на нешто ...
Се сеќавам пред да дојде Суазо во Интер, дека Милан сака да го ангажира,отишол таму со Берлускони ... договорил лични услови,се договорила отштета на клубот едно друго ... ама утредента ја стануам ... купуам Мак.Спорт и глеам ...
Давид Суазо се сликал со дресот на Интер, зел 29, се чуствувал среќен во Интер...

хеххеххе ах Милан, Милан, пуста работа :pos2:
 
Ок , индиректно ги провоцирате фановите на Милан а не гледам потреба од тоа , реално ако гледаме Суазо и не се покажа како некое огромно засилување така да истиот играч немаше да биде од огромна корист во тимот на Милан , али грешката ја направија со Ибра а за тоа и самиот Берлускони пред неколку месеци изјави дека тоа му е една од поголемите грешки кои ги има направено а се поврзани со Милан .

Со парите кои Морати ги има фрлено за играчи било кој друг тим ке имаше далеку поголеми успеси во својата фудбалска историја , тоа е факт , проблемот кај Морати а и кај Интер е што со сила фрлаа безпотребно пари за нови засилувања ( класичен пример е Киву ) , тренерите ретко беа консултирани за истото што не е случај денес .
Во моментов го имаме Мурињо како тренер a kako главен услов кој самиот го постави при доаѓањето беше тој да биде директно инволвиран при купувањето на нови играчи , од него не очекувам огромни успеси во првата сезона ( мислам на ЛШ ) , но истите сум убеден дека ке ги имаме во наредните сезони . Ако ме прашувате мене , без оглед на се , Мурињо сакам да остане долги години во Интер , убеден сум дека доколку истото се реализира , тој ке стане она што во моментов е Ферги за Манчестер Јунајтед .
Тоа што ми се допаѓа кај овој човек е големата приврзаност и љубов што ја има кон клубовите што ги води , големата приврзаност кон навивачите , малце време ке помине а Мурињо ке стане број 1 на Curva Nord , не верувам дека Морати некогаш ке се осмели да го отпушти овој човек токму поради тоа , поради фановите кои имаат огромно влијание пред Се во Италија .
Искрено , многу поважно ми е како ке се развива таа врска на Мурињо - Интер и многу порелевантно ми е овој човек да остане долги години помеѓу Нероазурите , типот бараше предизвик , а поголем предизвик од водењето на тим како Интер денес нема .

edit : Прв пат во мојот живот сакам летово што е можно побрзо да помине и сезоната во Италија да почне , владее онаа еуфорија што ја имав летото кога беше објавено дека Купер ке биде тренер на Интер .
 
Тука никој не ги провоцира фановите на Милан ниту индиректно ниту директно, ние си зборуваме во наша тема - Интер Фан Клуб и не дебатираме со фанови на Милан ниту пак имаме намера.
Сега ќе се надоврзам на твојот пост.
-Велиш дека Интер немал славна историја.Сега ќе ти кажам дел од неа:
16 Скудета
5 Италијански Куп
3 Супер Куп
3 Уефа Куп
2 Лига на шампиони
2 Светски куп
така да не ни е баш слаба историјата т.е. само подобар Милан е во ЛШ.
- Морати трошел пари безпотребно? Класичен пример Киву ?Баш Киву им е најисплатливо засилување,btw за него се интересираа Барса и Реал што докажува за неговиот квалитет.
Еве ти и линк да видиш кој најдобро котира на ранкинг листата на Интер http://www.goal.com/en/Squadra.aspx?IdSquadra=2
- Тренерите биле ретко консултирани???
Зошто Интер го продаде Роналдо (кој во тие сезони беше најдобар светски играч)? -Затоа што застана на страната на тогашниот тренер Хектор Купер и Роналдо беше продаден.
П.С И ја едвај чекам да почне новата сезона.Одсекогаш сум го обожавал Мурињо - уште кога беше тренер на Челзи сон ми беше да биде тренер на Интер.Сега тоа се оствари и едвај чекам да почне новата сезона :vozbud:
 
Погрешно ме протолкува , се цитирам : '' Со парите кои Морати ги има фрлено за играчи било кој друг тим ке имаше далеку поголеми успеси во својата фудбалска историја , тоа е факт '' , знаќи истото се однесуваше на оној дел од историјата на Интер во кој претсетадет е токму овој човек . Ако направам еден реципроцитет на потрошените пари за играчи и успеси , како фан на Интер воошто не би бил задоволен од истото , премногу се трошеше а се освои многу малце , овие 3 последователни скудета дојдоа по низа настани кои премногу му одговараа на Интер , а истите да не се случеа ?!

За Киву сеуште стојам дека беше непотребно купен , се потрошија 30 милиони евра , не е тоа мала пара , пола сезона беше повреден , пола сезона играше во средината , лев бек имаме , централен одбранбен играч низок исто така имаме а тоа е Кордоба . Никогаш не реков дека Киву е слаб , али во овој тим беше непотребен , ниту Максвел ниту Кордоба не заслужуваат да бидат замени на сметка на Киву, а истото важи и за него .

Се купуваа премногу премногу напаѓачи , се купуваа големи имиња и во одбрана и во напад , едноставно Морати обожаваше да купува играчи на тие позиции , аналогно на истото очекуваше и големи успеси а истите не ги добиваше , тим со толку напаѓачи во истиот никогаш не би можел да функционира како што треба , и самиот Мурињо кога дојде во тимот рече , дека тука беспотребно има многу играчи , ако го додадеме и Адриано , моментално има 5 напаѓачи , заедно со Балотели 6 , многу лошо делува истото , поентата ми е , дека вакви случаји во ерата на Морати имаше многу , ретко кој тим би дозволил толку многу напаѓачи , најмногу алтернативи реално гледано , треба да има во средината , каде Интер во последниве 13 години е најслаб .
 
Syn морам да те поправам лани имавме голема инвестиција во играч од средн ред, плативме 20 милиони евра за Киву, ама штета не се покажа како добар везен играч. :) мала шала.

Мурињо има многу комплетен состав (напад и одбрана) останува да го засили само средниот ред а и токму таму се насочува. Ме изненадува само тоа што се пушта по мала шпекулација за Дрогба и Карваљо од време на време. Знам дека во моментов Мурињо не се пали толку на нив ама ме плаши тоа што е малку ненормален па да не му текне утре да ги зема во пакет со Лампард за да му покаже на Челзи кој е газда :)
 
Пошо ми го гибате романчето, да ви кажам.
Играч од рангот на Киву се купува кога е ДОСТАПЕН, дури иако ги имате Тери, Фердинанд и Појол на централните дефанзивни позиции сепак се купува Киву. Осумдесет проценти од нашата одбрана е над 30 години, Кордоба може да игра уште две сезони на ова ниво, Самуел има уште МНОГУ МНОГУ потенцијал кој се надевам ќе биде искористен, Матераци пропадна, Бурдисо еве веќе трета сезона како не се снаоѓа, за Ривас е прерано и нема интелигенција за стопер. Порано или подоцна одбраната ќе се гради околу Киву, денес е еден од топ 5 дефанзивци во светот... за смешна сума од 15-20 милиони би го купувал кој било ден, за две три години цената ќе му биде двојно повисока.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom