Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
:) Фала

Пандев нема да игра за Лацио, проблем помалку... и така.

Маури, Заури, Пандев, Мудингаи, Каларов, Сивиља, Дел Неро и Мунтарели се дечките од првиот тим на Лацио кој се Повредени/суспендирани...


Треба да кажам среќно ? :wink:
Најчист фикс колово. :pipi:
 
Натпреварот Интер-Лацио е откажан? бар така на лајвскор пишува.
 
Прочитај, отворив посебна тема пред 15 минути.


Ексик!:@
 
Adriano: Manchester City Are My First Choice
Adriano has revealed that he will be quitting Inter in the winter transfer window and that Manchester City is his first choice as he eyes a swap deal with Rolando Bianchi. ШТО КУР ЌЕ ИМ Е РОЛАНДО БИАНЧИ!! ЗАМЕНА ЗА АДРИАНО ЕЕЕЕЕЈ! СИТЕ ВО ИНТЕР СЕ МРДНАА!! И МОРАТИ И БРАНКА!!! У ПМ!!

Acquafresca: Arsenal And Man Utd Wanted Me, But I Want Inter - ЕВЕ КОНЕЧНО НЕКОЈ КОЈ Е ПОСВЕТЕН НА ИНТЕР


ИНАКУ ЕВЕ И ОВА:
BREAKING NEWS: Inter-Lazio To Be Postponed Following Tragic Death
 
Хернан Креспо – Милано, вистинскиот дом на Креспогол



Ако Интер не успее и оваа година да го освои Скудетото, тогаш навистина ќе биде лошо. Јувентус се сеуште во шок после враќањето во елитата, Милан е во голема криза, Рома се држеше добро додека не се повреди римскиот принц. Интер не беше имун на повредите, но сепак единствената разлика помеѓу тимот на Манчини и тимовите на Спалети , Роси и Гвидолин е огромниот напаѓачки арсенал со кого располагаат неразурите.

Еден од нив е и аргентинската машина за голови, Хернан Креспо. Човекот кој го реши миланското дерби со голот против својот поранешен тим. ‘’Тоа беше момент на голема радост за мене, бидејќи знам колку им е важно на неразурите да бидат подобри од нивните градски ривали.’’ – рече поранешниот ас на Челзи. Изненаден сум што го гледам Милан на оваа позиција, но тоа е фудбалот. ‘’Не беше лесно да ги победиме, особено откако игравме со играч помалку на теренот, но го дадовме нашето срце и нашата душа на теренот и успеавме да ја завршиме работата.’’

Има многу добри напаѓачи на Сан Сиро, но според многу перфектното дуо во нападот на Интер, би било Креспо – Ибрахимович. Напагач со вродено чуство за гол, како аргентинецот е идеалниот партнер кој би можел да ги искористи благодетите и асистенциите на Шведскиот волшебник. Кога Златан е во форма, може да ја направи онаа разлика во мечот. Кога ќе извади некој ас од ракавот, кога ќе направи некој магичен потег, тоа го крева моралот на целиот тим, тогаш е полесно да си сконцентриран и да ја погодиш мрежата.

За Креспо, игрењето за Интер стана животен избор. После бракот со неговата жена, италијанка... тој стори се што е можно за повторно да се врати во градот на модата, Милано. Периодот поминат во северен Лондон, беше еден од најтешките за него, затоа гореше од желба да се врати во неговата утопија, местото каде имаше две незаборавни кампањи, за Интер во сезоната 2002/03 и за Милан во 2004/5. Тогаш го забележа светлото на крајот од тунелот, доби карта во еден правец, Шева дојде во Лондон... па дали може Креспо да замине во спротивниот правец? – Да!
‘’Англискиот фудбал е многу поразличен од Италијанскиот, не е ни чудо, што Шевченко не може да се снајде на Островото. Но го молам раководството на Челзи да биди трпеливо, да му пружи шанса на Украинецот, бидејќи тој е голем шампион и Челзи може да добие многу со него.’’ – беше изјавата на ‘’Малиот Валдано’’, како што е познат во Аргентина, поради големите сличности со оваа фудбалска икона.

Голем шампион, голем човек уште поголем фудбалер. Освои титула во Премиер лигата, сезона потоа ја покори и Италија.
Па која е неговата тајна?
- ‘’Тајната на успехот, не лежи во анализирањето на слабостите на своите противници, таа лежи во гледањето и искористувањето на твојот вистински потенцијал.’’
Се надева дека и оваа сезона ќе дојде уште едно Скудето во неговите раце, но само со целосна посветеност и со големо залагање ќе стигне до него. Бидејќи конкуренцијата оваа година е голема, но со играчи од типот на Креспо во нашиот состав, нема за што да се грижиме.




Хулио Рикардо Круз – Клиничка прецизност





Стои гордо исправен со своите 190 cm, може да се пофали со рекордот на најефикасен напаѓач во Сериа А, според времето на играње, еден од најпрецизните голгетери, поседува силен удар во десната но одличен е и со левата нога, одличен во скок играта, впрочем има 190 cm, и да горд сум што го имаме токму во Интер.

Кариерата ја започнува во Аргентиското првенство и на самите почетоци не верува многу, се обидува да заигра во Европа, но поради проблеми со работната дозвола на двапати е откажуван неговиот трансфер. Сепак во 1997 година доаѓа во тимот на многу шампиони, доаѓа во Феенорд. Таму се покажува одлично и прва за него се заинтересира Болоња. Конечно дојдоа неговите 5 минути, италијанскиот фудбал е како мајчин за аргентинците, па Круз не трошеше време на приладогување тука напротив веднаш почна да ги полни противничките мрежи. Тогаш на сцена стапи Морати и Интер. Во 2003 Интер го доби својот дијамант, популарниот кај навивачите ‘’Градинарот’’, го доби џокерот КруЗ!!!

Знаете Круз ви е всушност многу интересен играч, играч кој за разлика од другите слични на него фудбалери, никогаш не достигна светска слава, никогаш не побара милионска плата, не покажа заби кон било кој од 7 тренери на Интер, туку секогаш смирено и сконцентрирано си чекаше на својата шанса.
Што потоа?
- Потоа? – Дајте му 10 минути на теренот и ќе го реши мечот за вас. Среќа и чиста вистина? Среќа е ако се случи еднаш, двапати, трипати... но колку пати го спасил Интер?
Колку пати бил клучен во некој меч, му донел победа или бод на Интер? МНОГУ, МНОГУ, МНОГУ!!!

Еден од најзаслужните за успесите во последните 3 сезони на Интер, еве бидејќи ми е еден од најомилените играчи, ќе издвојам неколку интересни факти за него:

-Го постигна својот прв гол за Интер, во наптреварот против Арсенал после само 20 минути, одиграни во сино-црниот дрес.

-Во 2005 година, кога на Интер му се закануваше излез од ЛШ, губеше од Порто со 0-1 влезе во игра на 30 минути пред крајот и постигна 2 гола, со кои го однесе Интер во следната фаза.

-Го постигна својот прв гол против Јувентус во 2003 година(од тогаш ги нанижи 7 против овој тим), за победа на Интер на гостински терен во Торино, после 10 години... последниот пат Интер победи во Торино, во 1993 година.

-Во сезоната 2005/06 настапи на 31 натпревар, на повеќето како резерва и сепак успеа да постигне 21 гол, со тоа стана најдобриот голгетер на Интер за таа сезона. Иако како што знаете Ибра и Адриано добиваа далеку повеќе време на теренот, сепак тој изиграл подобро од нив.

-Во сезоната 2006/07 кога повторно на Интер му се закануваше излез од ЛШ, овој пат едвај успеаа да ги поминат групите, секако со 3 клучни голови на Круз, Интер продолжи во нокаут фазата.

-На 11.03.2007 во градското дерби против Милан, влезе како замена за Креспо. После само 11 секунди постигна гол, дваесетина минути подоцна му асистира на Ибрахимович за победничкиот гол.
-Сезонава има нов рекорд, постигнува гол на секои 109 минути. Значи на натпревар и пол постигнува гол, што е имресивно!!! Фудбалските легенди Марадона и Пеле имале послаб процент на голови/играчко време(во кариерата).

-Значи досега до 11 коло, има одиграно вкупно 440 минути, има постигнато 5 гола, упатил 18 удари кон голот, од нив 8 во рамките на голот. 128 додавања, од нив 91 на вистнското место, добил еден жолт картон, нема црвен... и заборавив 4 асистенции.


Можеби е еден од најдобрите фудбалери/напаѓачи кои некогаш зачекориле на зелениот тепих, но светската јавност не дозна за него, но дознаа верните навивачи и експертите за калчото.

Forza Inter. Forza CRUZ!





Давид Суазо – Осамениот топчија




Само 10 настапи му беа потреби на Суазо за да заработи настап во Сериа А. Дојде во прволигашот Каљари после само 10 настапи за аматерите Celano Olimpia. Невидена брзина, агилност, долг чекор на газела, силен топ во десната нога, бразилски дриблинзи. Каде се криел овој играч досега???

Од неговото пристигнување во Каљари кариерата на Суазо одеше од добро, кон подобро. Се трасираше патот кон звездите...
Иако на почетокот не ги исполни очекувањата од него, сепак после сезона помината во испаднатиот во 2 лига Каљари, Давид го покажа своето вистинско лице. Никој не му беше дорасна, просто тој беше Давид во борбата со Голијатите од 2 лига. Сам на своите рамења повторно го донесе Каљари, во Сериа А. Во својата 2 сезона во елитата постигна неверојатни 22 гола!!! Европа разбра за чудото од Хондурас, големите клубови се тепаа за енговиот потпис. Милан победи... славеше Берлускони, но неколку часа подоцна сепак пристигна Давид во Милано, но во сино-црната страна на градот. Дежа-ву, повторно ситуацијата со Ибра, Интер успеа да го украде Суазо од пред носот на миланезите.

Ајде уште збор-два за неговата кариера пред да пристигне во Интер.
Поради фамозната сезона кога постигна 22 гола, беше споредуван од медиумите со Адриано, токму поради неговата физичка моќ и силниот удар. Практично е невозможно да се запре, поседува огромна брзина а кога еднаш ќе трне постојано забрзува и тешко кој од дефанзивните играчи во Италија може да му парира во брзината. Доста наликува на Мартинс, но сето тоа искомбинирајте го со прецизноста на Креспо. Во сите натпревари каде што постигнал Суазо гол, Каљари победи или изигра нерешено. Единствената утакмица во која воопшто не играше, Каљари ја загуби со 3-0, сега ја сфаќате неговата големина. Но сепак интернационалната сцена беше првата, на која Суазо покажа што знае.

На квалификациите за Олимписките игри во 2000 година, против САД, Давид Суазо постигна два прекрасни гола, кој од кој поубав и со тоа му овозможи на Хондурас да добие билет за Сиднеј. Но сепак таму не успеаја нити да ја поминат групата, но Суазо си направи име за себе во светот на фудбалот. ПОстигна 4 гола, на трите одиграни натпревари во својата група на ОИ.

После овие блескави настапи доби место во стартните 11 на Каљари и под водство на легендата Џ. Зола, ја усоврши играта со топка. Многу напредуваше како играч токму во сезоната 2004/05 и му овозможи на Каљари да игра прволигашки фудбал а сезона потоа беше и 3 стрелец во Италија позади Лука Тони и Д. Трезеге... тоа се имиња за почит а да се наоѓаш на само гол до нив?! Истата година беше прогласен и за најдобар странски фудбалер во Сериа А, па може да се рече дека оваа година беше најплодната за него. Но најдоброто од Суазо допрва следува и ако тренерот му даде доволна шанса на Суазо мислам дека ќе имаме достојна замена за Адриано.



Ј:)ван
 
Адриано

Бидејќи беа/се големи играчи, ќе одвојам по еден пост за секој од нив. Прв е Императорот од Милано, единствениот Адри!

Адриано – Ж’та, лаги и Манчини


Овде ќе пробам со малку поинаков приод.

1999-2005(Златно доба)

На 17.02.1982 во Рио де Жанеиро е роден Леите Рибеиро, попознат како Адриано.
Светски шампион со тимот на Бразил(под 17год), му требаа само 8 минути за да ги освои срцата на неразурите. Гол на своето деби, против Реал Мадрид... може ли дасе посака подобро деби? Може, на воопшто првиот настап на Адриано во првата бразилска лига, само пет минути после неговото влегување во игра постигнал гол. Мечот го заврши со гол и 3 асистенции!!!
Родена беше новата звезда на Интер... се викаше Адриано.
Покажуваше одличен фудбалски талент, но беше испратен на ‘’калемење’’ во Фиорентина, бидејќи управата на Интер, сметаше дека е прерано за Адриано да игра за голем тим, како што е Интер. Во Фиорентина изигра добро, постигна 6 гола, на 15 натпревари. Потоа беше пратен во Парма, тим кој е познат по својата одлична младинска школа и тренери кои добро знаат да работат со надежни таленти. Тука Адриано го покажа својот раскошен талент. На 36те средби на кои настапи за Парма постигна 22 гола. Време беше Интер да си го прибере назад, своето златно момче.

Сезона 2005, Адрианастично!!!
Ова беше Адриано, на 15 одиграни натпревари за Интер... 16 голови. Натпреварот со Удинизе, класика – прво ја скина мрежата на Де Сантис со гол од слободен удар од 35 метри, потоа ја клекна цела одбрана на колена и постигна уште еден гол. Светот дозна за зверот од Сао Паоло, а иднината за Адриано изгледаше розова...

Повреди
Токму во периодот во кој блескаше, Адриано се здоби се повреда, па со уште една, па со уште една. Сепак ова е фудбал, првата утакмица по која се врати од повредата беше против Милан, тоа беше градското дерби. Но Манчини одлучи да го стави на клупа, да не ризикува... Интер изгуби со 1-0. Императорот испровоциран одговори со 7 гола во 7 дена!!! Гол против Лече, хетрик против Порто(тогаш актуелниот Европски шапион) и хетрик за Бразил!!!

Вкупно во сите конкуренции 40 голови во таа сезона!!!! Неразурите ја играа бразилската самба, лицата на луѓето низ Милано беа насмеани, Интер имаше своја икона –АДРИАНО. Но кој би помислил дека момчево нема да стане еден од најдобрите фудбалери кои ги произвел Бразил, туку дека сето ова ќе стане еден кошмар од кој нема будење.

2005 - до денес(Ледено доба)

Црна дупка(20.03.2005)-Мечот со Фиорентина.
Италијанската авантура на Адриано, започна со Фиорентина, таму и заврши. Од овој натпревар навака Адриано постојано ја губеше формата. После оваа повреда Адри не беше истиот.

Последната светла точка во неговата кариера беше Купот на Конфедерации во 2005 кога беше и прв стрелец на турнирот со 7 гола, впрочем кој од кој поубав. Ги доведе до перфекција тие удари од 40+ метри, удари какви што светот немаше видено до тогаш, наликуваше нешто на шутот на Р. Карлос но ова беше далеку подобро. Но да се вратам на вистината, тоа беше последното нешто што го видовме од Императорот.

Дали за тоа е виновен Гладијаторот*, дали е крив алкохолот, или бурните ноќи во дискотеките, или смрта на неговиот татко(кој му претсавувал се во животот), или недоволната созреаност на Адри?

– Сепак мислам, дека е од се по малку, сепак тој е човек и многу нешта му се случија за кратко време со други зборови, светот се сруши врз него.

Денес...
Денес на 11.11.2007 кога се погласни се шпекулациите дека деновите на Адриано во сино-црниот дрес се одбројани, денес кога ги живее последните мигови во Милано, кога се труди да се врати во формата, кога целото семејство стои зад него, но не добива шанса да се докаже, денес...
Звучи тажно, секој навивач на Интер, ќе се сеќава на неговите игри, во дресот со знакот на Пирели, на неговите масјтории, на бомбите од 40 метра, на перфектните слободни удари, на дриблингот против Марчена, на ударот против Јувентус со 196 км на час, на тупаниците во Валенсија... спомени се многу, но само еден е Императорот.

Ќе ни недостигаш Адриано, секогаш со тебе... Неразурите!
 
Златан Ибрахимович – Чири бу, Чири ба... Ибра-кадабра!




Постојат повеќе играчи кои стојат зад успехот на тимот на Интер. Од одличните поединци како Маикон, Матераци и Ж. Цезар, до одличните тактички поставувања на Станкович и Занети од страна на Манчини... но сепак еден од овие 25 фудбалери се издвојува. Тоа е Златан Ибрахимович, сила на природата, фудбалер роден под среќна звезда, човек кој е предодреден за големи успеси... на клубско, но и на поединечно ниво.

‘’Ибра е шампион, тој е тип на играч кој може да реши натпревар во одреден момент со само еден потег. Но јас сум убеден дека сеуште ен сме го виделе вистинскиот Ибра... ако продолжи да се развива, како што тргнал... може да стане, еден од најдобрите на сите времиња.’’ – изјави Леле Ориали, тех. Директор на Интер. Па и не е далеку од вистината, целата фудбалска јавност како и сите тренери и играчи, постојано упатуваат пофалби кон него. Последната илузија/трик на Златан, ги остави сите без здив. На натпреварот во средата против ЦСКА, постига неверојатен гол, сличен на оној на Марко Ван Бастен, ако не и подобар. Значи да сумираме, голот на Ван Бастен беше одбран за еден од најубавите 50 на сите времиња!

Поранешниот играч на Малмо, пристигна во Интер минатото лето. Иако екипата од Торино беше свесна како дијамант поседува, сепак мораше да го пушти да замине во еден од нивните најголеми ривали. Ибра тоа го чекаше, шанса за играње на фудбал на високо ниво, во Италија и во ЛШ.

Договорт падна, Интер го доведе шведскиот магионичар.
‘’Навивам за Интер уште од дете, пресреќен сум што сум тука. Знам дека доаѓам во шампионски тим и мојата иднина ја гледам тука. Ќе направам се што е можно да му донесам успеси на клубот.’’- изјави Златан на првиот прес по неговото доаѓање во Милано.


Играта и тренерот.
За разлика од Јувентус, во Милано се негува поинаков фудбал. Тоа го забележа и Ибрахимович, му беше дадено повеќе време и простор, да се усовршува како играч и да ја усовршува својата техника. ‘’Во Јувентус тренерот не тераше да работиме повеќе на строго зацртани шеми, тука имам поголема слобода. Се чуствувам прекрасно на тренинг и во дресот на Интер’’ – соопшти среќниот Златан.

Впрочем играта на Интер е далеку побрза и потехничка, а тоа му одговара на Швеѓанецот. Супер се снајде во тимот на Интер. Минатата сезона имаше 15 гола, играше перфектно се додека не се повреди. Но оваа сезона, просто блеска.

Секој натпревар ќе изведе барем еден трик од кој остануваат стаписани сите на трибините и сите пред малите екрани. Можете само да замислите како му е на дефанзивците кои се задолжени да го маркираат него. Работите кои ги изведува на тренинг се неверојатни, ако успее сите тие потези да ги прикаже и на утакмица, кога кон него тргнуваат дефанзивци од типот на Неста и Малдини, тогаш дефинитивно нема спас за одбраните во Италија.

Не знам дали се сеќавате но кога играше во дресот на Јувентус, на загревањето пред еден меч успеа да жонглира со мастика! Да со мастика, лева, десна, на колено и пак во уста!!! Просто неверојатно... Истотака на повеќе наврати оваа сезона импресионираше со неговата игра, за споменување се потегот против Ливорно кога излета 3 дефанзивци со еден потег и потоа смирено и рутинирано биеше со левата нога, па постигна гол. Голот против ЦСКА, против ПСВ... многу, многу добри голови. Мајстори кои ретко кои играч на планетава може да ги направи.

Маани:
Да се вратиме во реалноста, сепак секој човек има и свои мани. Во случајов тоа е карактерот на Златан. Не е неговата себичност, тој веќе одамна не е себичен играч. Знае да солира но сега знае и да асистира. Друг е неговиот проблем.

Балкански менталитет, сепак се познаваат неговите босански корени, карактерот засега не успева да упропасти се, но понекогаш знае да биде пресуден. Често пати знае да врати удар на противнички играч, да плукни по некој, да скини аркада, да се кара со судија... едноставно е премногу арогантен. Ако успее да го надмине овој проблем ќе му нема рамен во светот, не Златка топка... Златната топка не му бега, ако не годинава, следната ќе дојде, но ако се изгради и како личност и останува смирен во секоја ситуација, може да стане легенда.

Сепак покажува знаци на подобрување, доказ е натпреварот со Јувентус... Ете многумина тотално погрешно го видоа натпреварот. Се палат со муабетите од типот конечно некој го исчука Ибра, но не... напротив, ми се допадна тоа што Ибра остана смирен и не врати на провокациите на дефанзивците на Јувентус. Бидејќи со тоа само ќе изгубеше, ќе му направеше лошо на својот тим. Вака остана ладен и ги провоцираше уште повеќе 20 000 навивачи, кои постојано го исфиркуваа.
Ибра од пред две години, ќе влезеше да се тепа со Киелини, но новиот, созреан Ибрахимович знае и да отстапи, знае и да се повлече, за доброто на тимот. Дали тоа беше само една добра епизода или имаме нов лик во дејствието на серијата наречена Интер 1908-2008, ќе дознаеме наскоро.



Си ја завршив мојата работа, се надевам дека сте задоволни. Уште еднаш се извинувам за доцнењето, но сепак си останав на зборот.

Поздрав.


Ј:)ван
 
Ах каков тандем ке имавме во нападот ми се плаче за тоа што му се случува на Адриано каков играч беше пред 2 години сега да нема место ни на клупа со Ибра ке беа несопирливи во наредните 5-6 години но и со негови грешки но според мене најповеке на Манчини не знам што толку му згрешил Адриано
Секоја чес за Круз но Адриано беше иднината на Интер на мене еден гол на Адри ми вреди како 10 на Круз
Кога најдобриот играч на тимот не му врви тимот го остава во игра додека не се врати во форма таков е случајот со Раул тој секогаш ли е топ форма но игра човекот Руни 15 меча не беше дал гол но човекот секогаш игра а Адриано и лани и оваа година ке му дадат шанса еден меч после 10 ке паузира па ке влезе на 15 мин таков играч не се врака во форма на тој начин

Ах Адри[MEDIA]http://youtube.com/watch?v=QEiOS-Pdhj8[/MEDIA]
 
[MEDIA]http://youtube.com/watch?v=wveTQE61yfU[/MEDIA]
Јас мислам дека после позајмицата во Ман. Сит. ке се врати во Интер
 
Ах каков тандем ке имавме во нападот ми се плаче за тоа што му се случува на Адриано каков играч беше пред 2 години сега да нема место ни на клупа со Ибра ке беа несопирливи во наредните 5-6 години но и со негови грешки но според мене најповеке на Манчини не знам што толку му згрешил Адриано
Секоја чес за Круз но Адриано беше иднината на Интер на мене еден гол на Адри ми вреди како 10 на Круз
Кога најдобриот играч на тимот не му врви тимот го остава во игра додека не се врати во форма таков е случајот со Раул тој секогаш ли е топ форма но игра човекот Руни 15 меча не беше дал гол но човекот секогаш игра а Адриано и лани и оваа година ке му дадат шанса еден меч после 10 ке паузира па ке влезе на 15 мин таков играч не се врака во форма на тој начин

Ах Адриhttp://youtube.com/watch?v=QEiOS-Pdhj8
Да но Интер моментално има 4ца други напаѓачи покрај Адриано кои на секој натпревар се докажуваат и се борат за место во првиот тим..
Адриано требаше да си замине од Интер уште во летниот преоден рок. Да заминеше на позајмица и кога ќе се врати во форма ќе биде добредојден во Интер.. Повторно не е касно за тоа.. добра солуција би било да замине во Ман Сити.. Па за наредната сезона ќе се врати во Интер.. и така Круз и Креспо имаат по 30 и неколку год. па како што рече ти иднината треба да се гради врз младите напаѓачи.
Ако Адри се врати во форма со ибра би биле незапирливи!
 
значи ама малери сме абе.таман ке ни се погодат 2ца суперталенти за напаѓачи едниот секогаш зафркнува работа.
Виери+Роналдо=ништо Роналдо нонстоп беше повреден
Виери+Адриано=ништо Виери заеба
Мартинс+Адриано=ништо мартинс потфрли
Адриано+ибрахимович=ништо Адриано се напафка
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom