П
Паспарту
Гостин
леле луѓе читам и се чудам
па добро дали воопшто е битно интер со кој состав играл!? па манчини ако има барем малку мозок (а го нема) ќе знаеше дека игра со барселона, а не со три чешми. главната вина е кај него, никој не му е крив што играше со тие играчи, но далеку се играчите кои го почнаа натпреварот од вториот, а уште подалеку од младинскиот тим. ако сакал да се чува за натпреварот од првенството во недела, подобро да го откажел натпреварот со барса, зашто реално интер на барселона неможе со прв состав да им се спротистави, а не па со ваков измешан. ако продолжат вака црно им се пишува, а морати тешко дека ќе го избрка својот дечко од тренерската клупа
како што кажав не е битно со кој состав играл интер, а со кој барса, ако некој тоа го смета за успех што играле со ‘‘вториот‘‘ тим стварно треба да си го стави прстот на чело и да размисли уште еднаш ама подобро! после некое време сите ќе го памтат резултатот од 5-0,а не составите на екипите, исто како што ќе ја памтат титулата на интер, а не при какви услови е освоена (јувентус префрлен во серија б, милан, лацио и фиорентина со минус бодови на салдото итн) нели?
најголемиот проблем во интер е што се заинтересирани за сите можни играчи на земјинава топка, место да се потрудат да ангажираат некој млад играч кој ќе биде светла иднина за тимот, тие купуваат играчи кои не се ни за во македонска лига. додека трае ваквата трансферна политика на клубот не очекувајте светла иднина за интер, но затоа очекувајте многу засрамувачки резултати од тактичкиот ‘‘гение‘‘ манчини... поздрав