Креспо - стандард, секоја сезона 15+ гола си дава човекот. По константен напаѓач од него во Италија нема да најдеш.
Суазо - се покажа одлично и мислам го имаме новиот Анри(во секој поглед наликува на него, игра, физика, психа). 22 гола пред 2 сезони, 15тина минатата. 4 на пријателските на Интер, и мислам одличен одличен трансфер на Бранка после долго време, нешто што му требаше на Интер. Ќе биде еден од топ 5 стрелци во Калчото.
Ибра - Пак ќе го предводи нападот на Интер и од него очекувам околу 20 гола. Би требало да го сочинува првиот напаѓачки тандем заедно со Суазо. Ибрахимович иако сеуште не е опоравен од повредата сепак успеа во тие минути што ги имаше на располагање да ги тресе противничките мрежи во пријателските утакмици.
Круз - Секогаш кога ќе му се даде шанса, се одолжува. Иако оваа сезона ретко, стварно ретко ќе влегува во игра(ако се разбира немаме проблем со повредите) сепак ќе направи се што е можно да му помогне на Интер да освои нова титула, како и минатата година.
Адри - ееее тука е комплицирана работата. Иако лесно е да се забележи дека напредувал за разлика од лани, сепак далеку ДАЛЕКУ е од ИМПЕРАТОРОТ кој го гледавме во 2004. Мислам и дека веќе нема да го видиме, толку од Адри, колку и да го сакав 2 години рехабилитација се премногу. Имаше и сеуште има целосна подршка од Морати и клубот Интер како организација но сепак, самиот тој е виновникот за ситуацијата во која се наоѓа.
Би можело во тимот да влезат уште 1/2 младинци, за да се пополнат местата(мора да има 3 играчи кои потекнуваат од школата на Интер) па би можеле да го видиме и Славковски или Балотели во тимот на Интер. Од нив не очекувам ништо, би можеле да влезат во некои од куп утакмиците и толку.
Значи сума сумарум, пак се ќе зависи највеќе од Ибрахимович па и Суазо, потпомогнати од Креспо и Круз.
Ј

vAn