Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Така е гласано бе батиња. Имаше и на кајгана тема за тоа, преку страната на УЕФА одеше гласањето за одбирање на најдобрите единаесетмина минатата година. Сигурно дека Реал Мадрид и Торес имале повеќе фанови низ целиот свет од Интер и Ибракадабра. :toe:
гласовите ги даваат
1- селекторите на сите светски репрезентации
2- капитените на тимовите

барем така кажа сеп блатер на си ен ен пред 2-3 дена кога го слушав.
 
Значи тој што му дал предност на Алвес пред Маикон, или не гледа фудбал, или ретардираноста кај него го достигнала врвот.
 
:pos2::pos2:Ej samo za nego ne zborite zasto i nema sto da zborite?Za Maikon mozebi e podobar od Alves.:toe:a Tores za Ibra e izmislen.
А за Ето, ја ги гледам бројките, титулите, незнам стварно од каде Икер и Торес тука, али нема везе, сеедно ми е, не е ова индивидуален спорт па да се умарам со вакви (не)објективни избори.

Кога правиме муабет за голман, ондак Ван Дер Сар би бил мојот избор без двоумење али тоа е тоа ...
 
Па многу јасно, мнозинството победува, а ти ја измисли топлата вода. Што гледаат во Икер незнам толку посебно, бар лани Цезар беше цар, додека Икер го бесеа дома Вучинич, Жунињо.

Која глупост, Алвес ? Алвес човече, ова е трагикомично.

Не ни гласав јас за тоа, да гласав, сигурно би го ставил Цезар пред Касиљас, реално, минатата сезона така беше. За мене Маикон е ѕвер, најдобриот десен бек што сум го гледал во последни 2-3 години. Требаше тој да биде првиот избор, ама ете, некој има различно мислење од нашето.
 
гласовите ги даваат
1- селекторите на сите светски репрезентации
2- капитените на тимовите

барем така кажа сеп блатер на си ен ен пред 2-3 дена кога го слушав.
Значи гласањето го направиле уште поголеми стручњаци.Сепак,милсам дека тимов е 90% реален.Но со овие од Барса цитрони ми ги направија веќе.Ако веќе запнале од нив да биде нека го изберат Чави или Иниеста,не оној исушениот.Во секоја смисла на зборот Роналдо е ПОДОБАР од Меси.А за тебе Syn ако не си информиран Ван дер Сар не го имам видено на голот цела полусезона.
 
гласовите ги даваат
1- селекторите на сите светски репрезентации
2- капитените на тимовите

барем така кажа сеп блатер на си ен ен пред 2-3 дена кога го слушав.

Тоа е за најдобар играч. Еве за најдобрите единаесетмина.

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=46585

Означен е почетокот на гласањето за најдобрите 11 во Европа. Луѓето ќе можат да гласаат на официјалната страница на УЕФА се до 8 јануари 2010 кога ќе биде познат составот

Само што тука има грешка, пишува на 8 јануари 2010.

Бар ја така знам. :toe:
 
Така е гласано бе батиња. Имаше и на кајгана тема за тоа, преку страната на УЕФА одеше гласањето за одбирање на најдобрите единаесетмина минатата година. Сигурно дека Реал Мадрид и Торес имале повеќе фанови низ целиот свет од Интер и Ибракадабра. :toe:

Па не би рекол јас фанови,повеке некој гласале за Реал и Торес од заебанција,како што беше случајот со Торес на Градски,кога сите трчкараа по него како курви за кур или пак за Реал дека е име...но што е тука е,не се жалам,мада Цезар и Мајкон заслужија да се најдат во тој состав.
Цезар најмногу поради тоа што бранеше во животна форма,а Мајкон поради тоа е што е робот :)
 
Ќути кинез играч немаше, хиуу. :wink:
 
Значи гласањето го направиле уште поголеми стручњаци.Сепак,милсам дека тимов е 90% реален.Но со овие од Барса цитрони ми ги направија веќе.Ако веќе запнале од нив да биде нека го изберат Чави или Иниеста,не оној исушениот.Во секоја смисла на зборот Роналдо е ПОДОБАР од Меси.

се сложувам, меси без чави и иниеста е 0. а роналдо е чудовиште и снага и брзина и дриблинг и шут. буквално нема што нема.Роналдо ке биде цар кај и да отиде, меси многу тешко тоа...
а одкаде торес во тимот ни самите луѓе што го бирале незнаат, ибрата е најдобар стрелец во италија, торес во англија не е, Ибрата е носител на играта и на шведска, до скоро и на интер и неговата цена е минимум двојно поголема од таа на торес.
а за алвес муабет треба дунга да направи, он му купува перниче за хемероиди да не фати кога му ја грее клупата на маикон.

али муабетов здравје другпат на друго место, оти сеа до 3 саатот сабајле ке ме цитираат и како кокосови ореви ке ми ги напраат овие од барса.....
 
Уживај бе,тие сега ние после 20 Мај(кога ќе се разрешат сите првенства и ЛШ):helou:
 
Така е гласано бе батиња. Имаше и на кајгана тема за тоа, преку страната на УЕФА одеше гласањето за одбирање на најдобрите единаесетмина минатата година. Сигурно дека Реал Мадрид и Торес имале повеќе фанови низ целиот свет од Интер и Ибракадабра. :toe:

Се гласа за тој што одирал најдобро а не за кого навиваш. Што направи Икер за да биде голман на сезоната????

Можеби му донесе на Реал Мадрид учество во Лигата на Шампионите или го спаси да не прими 10 погодоци од Барса???

Цесар беше клучен за шампионската на Интер и на Бразил. Октопод беше изминатава сезона и години и не доби никаква награда за тоа. Срамота права.

А Торес кога ќе биде упола од Ибра тогаш може да предводи еден напад на сезоната. Кога ќе дојде во Калчото и кога ќе даде 25 гола во татковината на дефанзивниот фудбал тогаш ќе правиме муабет за тоа дали е добар напаѓач.
 
Како прво Икер немора да направи нешто посебно за да биде прв голман,како капитен на феноменалната шпанска репезентација ја предводеше до титула Европски првак,а Цезар последнавава полусезона(4 месеци се)прима голови на негова сметка(т.н киксови)Торес е феноменален играч меѓу најдобрите во Шпанија и заедно со Виља го прават најдоброто дуо во нападот.Мора да иамме во предвид дека Ливерпул годинава е во криза и дека Премиер лига неможе да се споредува со Калчото.:helou:
 
Мора да иамме во предвид дека Ливерпул годинава е во криза и дека Премиер лига неможе да се споредува со Калчото.:helou:
и јувентус тоне, па никој не го стави амаури во најдобрите 11.
реално кажано ван дер сар,маикон и ибрата требаше да влезат пред овие ама ај, нека им служи на чест измамата.
 
Од кај па Ибра, Ето беше пред него у комбинација за лани со игрите во Барса. Ибра наредна година ваљда ке е прв избор во оваа листа ако и само ако продолжи со добрите настапи.
 
Како прво Икер немора да направи нешто посебно за да биде прв голман,како капитен на феноменалната шпанска репезентација ја предводеше до титула Европски првак,а Цезар последнавава полусезона(4 месеци се)прима голови на негова сметка(т.н киксови)Торес е феноменален играч меѓу најдобрите во Шпанија и заедно со Виља го прават најдоброто дуо во нападот.Мора да иамме во предвид дека Ливерпул годинава е во криза и дека Премиер лига неможе да се споредува со Калчото.:helou:

Добро се читаш ли?

Шпанија освои лани европско, не оваа година. Инаку требеше Буфон да земе за голмам, зошто пред три години освои светско. :tapp:

Цезар во 2009, бранеше многу подобро него Касиљас, ФАКТ! Иако Касиљас е еден од најдобрите голмани, треба да се признае дека Цезар освои многу повеќе него Икер, а и беше во далеку подобра форма.

Ибрахимовиќ постигна само 25 гола во Сериа А. Торес со Ливерпул не освои ништо. Што треба повеќе да ти се објасни?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom