Да не знае човек што да кажи..
После така голема победа против Динамо, да излезевме со втор состав, да излезеа оние кои не играа доста често, како Кваресма, Манчини, Кордоба, Матераци, Балотели, Сантон, Толдо.. со резултат 1-1 ќе бев задоволен..
Ама не можам да бидам задоволен кога не игра само Снајдер!
Катастрофа.. Против Рома која играше без Тоти, Хуан, Де Роси, Баптиста, Тадеи..
Против кого игравме бе? Фати и Окака..

Ја гледам ситуацијава и си викам.. Што мајка после таков меч во Киев, Мурињо бара да ги става 9 од 11 кои играа таму? И ми текна нешто.. А највероватно е тоа.. Па и тој како некои тешки експерти овде на клубов има нешто кое треба да го оправда (а експертите некои полека го заборавија тоа, некои го минимизираа)..
Мурињо треба да ги оправда своите инвестиции Милито, Мота кои ги купи со експресен воз, и најмногу да го оправда Ето! Тие мораат да даваат голови..
Али оваа лига да трае и 50 кола до крајот, овој тандем напред нема да постигне заедно 50 голови, а не како што некои прогнозираа таму 60 +.. ме мрзи да барам постови.. А исто така и смачено ми е од доскусија.. Само да си кажам јас моето мислење..
Друга работа.. Ето е напаѓач кој поседува брзина и рефлекс за гол.. Тој е најдобар во 16 метри.. Онаму каде или втрчува по некоја контра или мава некоја топка на прва и реализира.. А не тука да ми го игра Мурињо како некоја лева полутка.. Па овој мајмунов црн да ми изведува некои додавања од типот на Роналдињо во Барса..

Да излезевме со состав Толдо, Маикон, Кордоба, Матераци, Сантон, Занети, Виеира, Мунтари, Станкович, Балотели и Милито, денес ќе и дадевме на Рома 3 гола!
Потоа гледам некој таму го дрви не бил добар Мунтари.. Што да прави Мунтари? Да проигрува во празно? Задача на Мунтари е да ги брка противниците и со клизачи да им ги одзема топките од позади.. Притоа истиот имаше и тоа какво додавање до Милито за 1-1 во прво полувреме и овој не постигна гол иако беше очи во очи со голманот..
И за крај.. Друг спомна Мота бил најстандарден досега.. Имал асистенција.. Да имаше асистенција.. Имаше подавање до Ето во една права дијагонала на 2 метра од него.. Браво.. Каква асистенција.. Сигурно ја вежбал на тренинг долго време..

За Цезар коментарот мој е излишен да се кажува.. Катастрофа последните утакмици.. Ми недостига Толдо.. На оваа барем можеше да игра..
Немам што друго да додадам.. Ми се одмили да пишувам веќе.. Не сум се израдувал на некој маестрален и магичен гол откако е почната сезоната.. Откако пратам јас прво Роналдо, потоа Виери, Мартинс, Рекоба, Адриано и Златан сите постигнуваа магични голови.. Ми недостига сето тоа..
П.С. Можеби со ваква игра и вакви голови ќе отидеме подалеку во ЛШ, можеби и финале, али некако сум песимист за се тоа.. Дај боже да излезе се тоа така..
Ајт сеа..:helou: