Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Адриано
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас мислам дека овие Интер почнаја да претерува...шо е ова 0-4 , 0-5 на гости.Мислам, ти се молам:pipi:
Се согласувам со Син дека тактикава е измислена за во Италија,ама тешко дека ќе се игра со ваква тактика со Ето,Милито и Балотели во тимот.
Се на се немам што да кажам за утакмицава, се е излишно освен 0-5:toe:

п.с
До Тенк: Еееее, ние имаме поубај столчина резервине кај шо седа, ако сакаш да знајш:baeh:
 
@ Iosono
Не бе, баш во вистински момент победија 5-0, не за друго, во второ полувреме воопшто не се трошеа што е клучно пред еден ваков меч во ЛШ, да беше тесен резултат, да беше сличен меч ко оној со Удинезе и истото каде-каде негативно ке се одразеше врз тимот пред мечот со Динамо К.

Добро де, знаеш на што мислам, по патот со облаците... :)

Да, сеедно, и 4-3-3 нека е само нека носи вакви игри и победи, муабетот ми е, зашто да не остане на тоа што денес го играше, плус, со еден Пандев у овој систем и :vozbud: со оглед на тоа дека е супер полушпиц и заедно со Роки и Зарате функционираше баш во таков ист систем 4-3-2-1 кај Делио Роси . :toe:

Ќе дојде ли јануари некогаш...?

Изгледа до новите трнинг ’’стадиони’’ ни е. Честитио победа на сите. Јассуминтерист, не е лошо да пишеш нешто за новите training pitches, онака нешто твое со малце researches наоколу, колку е инвестирано, што е толку модерно, оти Мурињо се скапа фалење модерни биле. Man of the match Cнајдер, оценка 20 заслужува.

Не дозволува кајганава подолги никови, инаку ќе бидев ЈассумпремногузафатенИнтерист. :pos2: Но се надевам некој од екипава ќе среди, сега за сега јас само слушнав за терените ама никаде не видов нешто со слика...
 
Demolition of Genoa!

Честитики за победата. Страшна партија покажаа сите играчи оваа вечер. Исто така страшна партија покажа и Балотели. Иако на многумина од вас не му се допаѓа тоа што има таков карактер и мора на секој втор натпревар да заработи жолт картон, мене баш напротив, ги обожавам таквите ладни карактери, оние кои провоцираат, таков беше Ибра, таков е и Балотели, само разликата меѓу двајцата е што Ибра е големо име во фудбалот, па поретко се одлучуваа судиите за жолт картон, додека во случајот на Балотели, тоа име тек се гради.. Уште една работа сакам да видам кај него.. После давањето на гол и онаа ладна фаца која ја покажува, сакам да го видам она од Тиери Анри кога ги замолчува противничките напаѓачи.. Тоа би било топ од негова страна.. Тоа би излегло на насловната страна на секој спортски весник наредниот ден..
Друга работа која ми се допадна околу синоќешниот жолт картон кај Балотели е тоа што тој беше направен токму брз Емилиано Морети. Оние кои добро памтат, ќе се сетат дека токму тој им се смееше на фудбалерите на Интер после исфрлањето од Лигата на Шампионите против Валенсија каде играше лев бек..
За одбраната мојот коментар е одамна познат.. Изгледа овие играат поубаво и подобро во некое дерби отколку во некоја утакмица против слаб противник, како да немаат мотив тогаш..
Честитки уште еднаш..

Е сега једини проблем е, јебига, мора да се навраќам, одењето на Ибра, а зашто го викам ова . Со него во моментов односно летово, веќе ке имаа поставено и те каква проверена основа врз која ке изградеа уште помоќен тим, без него, со друг тип на играчи и засилувања сеуште се во фаза на барање на добитната формула ( мада по ова денес бар кога е во прашање тактика, сум за иста поставеност ) и затоа сметам дека не се дораснати за уште од сега гарантиран успех во ЛШ .

Чудна работа мајкаму со децава од фан клубов.. Замисли јас или мојот имењак, да напишевме ваков пост.. Одма ќе следеше реакција од типот - Уште ли со него?
Гледам таму разработувате некои формации и незнам што.. Која сакате да ја ставите формација, со еден, со двајца или тројца напаѓачи, Ибра + Милито, Ибра + Балотели или Ибра сам во напад, е подобра од било која комбинација од овие што сега ги имаме.. тоа ти е еден доста ебено добар и точен ФАКТ! Еден разработен Ибра, заедно со еден страшен финишер од типот на Милито, потоа заедно со еден млад играч кој во споредба со неговите врсници изгледа како некој од друг свет Балотели, заедно со Снајдер и Станкович зад него, е една страшно добра и ефикасна формација на Интер.. Токму поради тоа бев против доаѓањето на она котлено од Барселона.. Али што е тука е..
Во Италија Интер е без конкуренција за титулата.. Само еден слеп и неупатен човек кој не ја следи лигата можи да го тврди спротивното.. Но, Лигата на Шампионите.. Таму ќе биде она место каде ќе се увидат можностите на овој Интер со Ето во нападот.. Одамна реков.. Барселона има стратегија за фудбал.. Продава и купува само еден фудбалер од првата постава.. Го продава тој што постигнал најмногу голови таму да, но купува само еден, а другата основа на тимот останува иста.. Тоа е многу полесно отколку како кај Интер, каде некој таму мисли дека игра фудбал менаџер.. Па купува двајца нови напаѓачи кои треба да играат прва постава, купува исто така двајца нови во средина кои треба да играат прва постава..
Да се надеваме на некоја магија од страна на Мурињо во ЛШ.. па барем да стигнеме до финале или полуфинале.. Иако уште од првите утакмици си ја правиме потешка работата, кикснуваме против Рубин, за на крај најверојатно да завршиме на второ место и повторно по којзнае кој пат тежок противник во 1/8 финале.. Некои ќе речат ако сме јаки тогаш треба да ги победиме сите.. Јес да е така, али лигата на шампионите не е првенство каде секој пат победува најјакиот.. И не е исто да играш со Манчестер во 1/8 финале, Челзи во 1/4 финале, Барселона во 1/2 финале и Арсенал во финале, отколку со некои како Селтик, Бенфика, ПСВ.. како што играа претходните неколку освојувачи на титулата..
Поздрав!
 
Многу е лесно (барем за Интер) кога рано ќе се даде гол, после се отвара повеќе простор за игра, противникот тргнува колку-толку поофанзивно и влага во еден циклус наречен “сам себе го убиЈал“... Тргнува да израмни, а прима уште и уште...
Со Наполи дадовме 2 гола за 4-5 минути, после гледавме “досадна утакмица“, со Милан исто рано, до 30та минута го отворивме резултатот.

Имаше некој напишано дека со Милан била подобра утакмица него со Џенова... Милан беа за жалење, а и Интер така се однесуваше кон противникот. Имаа и играч помалку, што фрла каква-таква дамка...
Ова вчера беше совршенство... Со еден напаѓач, а 5 комада... капа доле.
Не знам кого да испофалам највеќе, сите на ниво... комплетно!
Снајдер уште на 2-0 пишав дека има одличен меч.
Станковиќ, утна 2 чисти, ама голот го вади за се што промаши...
Син, викаш Балотели му покажа на Станковиќ како треба гол да се даде, арно ама на Балотели тоа му е работа - да дава голови. Finishing 20ка има :)
Еееј, дојдов у ситуација да го бранам Станковиќ... просто немогуче :)
Највеќе мерак ми се направи кога Балотели ги “палеше“ со форана на Денилсон (ваљда знаете на која мислам) доле покрај аут линија... после и Снајдер се внесе и си попи старт опасен. :) :) :)

Утакмицана вчера не стопи сите... А во вторник очекувам Ето + Сузао/Мансини... ќе видите...

П.С. Кога ќе ми текне на Јануари и Пандев... па па па... переци (мераци)
 
Море Ибракадабра.. Не туку пишувај постови одма после мојот ќе мислат дека сме истиот.. :pos: Неколку дена ме нема.. Пишувам нешто.. И ти одма после мене.. Засрами се.. :back:
 
Хахахаха... абе истовремено се погодило, иначе да видев на време, кај пишувам после тебе, не ми паѓа на памет... :)

П.С. Наградно прашање: Како е можно 2 различни постови од ист човек...
- Па од 2 компјутера... Затоа имаме 2 раце :) :)
 
П.С. Наградно прашање: Како е можно 2 различни постови од ист човек...

Ти како помлад од него, апдејтирана верзија си. Ваљда нешто од дизајнот ви е сменето, размислувањата се исти :)
 
Имаше некој напишано дека со Милан била подобра утакмица него со Џенова... Милан беа за жалење, а и Интер така се однесуваше кон противникот. Имаа и играч помалку, што фрла каква-таква дамка...
Ова вчера беше совршенство... Со еден напаѓач, а 5 комада... капа доле.
(мераци)

Пишав првото полувреме со Милан. Дека веќе беа гроги кога излезе Гатузо, а ги надигравме со одлично изведени акции. Тие не направија кардинални глупости како Џенова кај првиот и третиот гол.

Како и да е, лесно победуваме кога брзо ќе дадеме гол: Милан, Наполи, Џенова. А успеваме и да се вратиме од лош старт: Каљари, Рубин казан (верувам дека ќе се вратевме максимално да не беше глупоста на Балотели).

Енивеј, Син, еве еден текст што ќе ти се допадне:

Среќната несреќа на Жозе
 
Вчера не бев во можност да пишувам ама еве и денеска ме држи радоста.Одлична игра на сите,особено на Снајдер.Се надевам дека ќе можат да продолжат ако не во исто барем во приближно темпо.Сега одиме на победа со Динамо бидејќи не смееме да си дозволиме кикс во ЛШ.Форца ИНТЕР
 
Пишав првото полувреме со Милан. Дека веќе беа гроги кога излезе Гатузо, а ги надигравме со одлично изведени акции. Тие не направија кардинални глупости како Џенова кај првиот и третиот гол.

Како и да е, лесно победуваме кога брзо ќе дадеме гол: Милан, Наполи, Џенова. А успеваме и да се вратиме од лош старт: Каљари, Рубин казан (верувам дека ќе се вратевме максимално да не беше глупоста на Балотели).

Енивеј, Син, еве еден текст што ќе ти се допадне:

Среќната несреќа на Жозе
Одличен текст, пред се добро размислување!
Но Мурињо треба да ги стави на клупа Милито или Ето па да го игра тој систем. Не знам дали може да си го дозволи тоа.
 
Од сега додека игра интер не пишувам на фан клубов зошто тепаат со 5-0 :)Ќе пишувам после утакмица иначе Марли како бе баш вчера те немаше :)
 
Сега гледам на канал 5, филе пресмета колку ќе потрошиме за да го гледаме градското дерби.
Карта, пат, хотел, храна = 450 евра :)
 
Сега гледам на канал 5, филе пресмета колку ќе потрошиме за да го гледаме градското дерби.
Карта, пат, хотел, храна = 450 евра :)
Да?Епа брат ми улаф е сака да иде ама ќе види он како росоњер иначе незнам да не им се деси истото ко што им се деси хаха
 
Сега гледам на канал 5, филе пресмета колку ќе потрошиме за да го гледаме градското дерби.
Карта, пат, хотел, храна = 450 евра :)

Ако на тоа додадеш нов дрес и разни реквизити кои би ги купиле од официјалната продавница ќе заокружиш на 40.000 денари!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom